ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Постојано приметувам како сите ние,игнорираме мани и недостатоци кај себе, а секогаш сме спремни да ги посочиме и судиме истите кај другите.
Toa е очигледно и на форумув, на пример. Имено, секогаш кога се разговара за некоја негативна карактеристика, никој не вели дека ја има (иако е многу веројатно е дека на некој начин ја поседува), туку се става на позиција на "совршенство" и оттаму суди и критикува.
Лично, верувам дека мани и доблести, добро и зло, правилно и погрешно, не се мерат така лесно и дека се секогаш испреплетени во индивидуата/ ситуацијата/околината.
Секој од нас греши, и тоа дебело, и на себе си и на другите. Секој од нас "утнува" многу пати и на многу начини. И тоа е ок. Луѓе сме.
Исто, и нештата никогаш не се апсолутно правилни/погрешни, добри/лоши...Микс се, како што е и човекот.
Оттаму, зошто толку лесно трчаме да ги осудиме и критикуваме другите?
Зошто не погледнеме колку "лошо" и "погрешно" носиме и во себе, пред да поплукаме на истото кај другиот?
Во суштина, не сме особено подобри ни од оној "најлошиот" меѓу нас. Грешки, "гревови", утки има кај СЕКОЈ од нас на тони..и тоа со прилично иста суштина...само делумно се разликуваат во манифестацијата.
Затоа, нели би било подобро прво искрено да се спознаеме и прифатиме себе, пред да судиме за другите?
Всушност, кога би го направиле тоа не би се залетале ни така лесно да критикуваме и даваме осуда.
Но, ќе пишам нешто повеќе околу ова понатаму во темата...
Сега би сакала да ги прочитам вашите мислења