Уставниот суд го суспендираше екстерното оценување

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Речиси сите од Средношколската Унија се 4та година. Тие си штрајкуваа за нив и си го добија тоа што сакаа. Баш им беше галје за другите. Сигурно си велеа ако може уште толку предмети да им дадат:vozbud: Секој пат т.н. Средношколски Унии си ги гледале своите интереси.
 
Чекајте сеа...не бев во Македонија една недела и не сум во тек многу...
Слушнав дека Уставниот суд го стопирал Екстерното тестирање.Зошто тогаш продолжувват со него и денеска да речеме?


бидејќи одлуката на Уставен не е објавена во службениот весник на Република Македонија, а се додека не е објавена не може да се стопираат тесирањата...
 
А кога треба да се објави во Службен весник?
 
Имам 5ка физика , денеска ги напишав сите 30 прашања и мислам дека најмногу се 2-3 грешки , не повеќе.:pipi:
 
Па еве сеа случајно слушнав на вести,вика : Одлуката на Уставниот суд стапува во сила веднаш без да биде објавена во службен весник! Уште дента кога била донесена била доставена до надлежните институции...
 
Државата е багра. На школо денеска кажале дека ќе се полага и се стое на тоа додека не излезе во службен. А всушност, тие не се информирани доволно.
 
Нас денеска нашколо ни викаат ќе се полагате тестови, ама чисто онака оти веќе тестовите биле готови и ќе се прават ради реда. А сега на евстиве викаат дека сите активности со екстерните тестови се укинуваат и немора да се чека да испадне одлуката во службен весник. Се е урнебес нема шо:jaj:
 
Што ви е гајле бе, важно преродбата продолжува..
 
Само да потсетам...За непочитување на одлука на УСтавен суд,1997 година во гостивар,по Руфи Османи дојдоа специјалци!
Ама тоа беше некоја друга држава... Оваа денес се повеќе ми наликува на тоталитарна и полициска држава! Кај се видело бе да не се почитува одлука на Уставен суд?!
 
А мене нешто ме интересира сега. Откако Уставен ги поништи екстерните тестови, дали може догодина повторно да се изгласа овој закон или кога еднаш ќе падне на Уставен тоа значи и КРАЈ за тој закон????
 
Мислам дека може да се изгласа нов закон,ама сменет во тие делови во кои Уставниот суд најде забелешка.
 
А мене нешто ме интересира сега. Откако Уставен ги поништи екстерните тестови, дали може догодина повторно да се изгласа овој закон или кога еднаш ќе падне на Уставен тоа значи и КРАЈ за тој закон????

Ете гледаш што се случува кога не се размислува со своето мозоче ...

Значи уставниот суд ги СУСПЕНДИРАШЕ елементите од законот за основно и средно образование додека не УТВРДИ дали тие елементи (наменети за екстерно тестирање и оценување) се УСТАВНИ или не. Уставниот суд не ги УКИНА тие елементи ... е сега трик прашање за вас правниците експерти по уставно право со 16 години ...

Уставниот суд може но не мора да ги укине овие елементи (бидејќи за да ги укине треба да најде неуставни елементи- кои очугледно ги нема бидејќи во тој случај наместо привремена суспензија ќе имаше причина за целосно укинување), но најверојатно ќе донесе одлука со која ќе им наложи на МОН да извршат корекции во законот (и сите подзаконски акти и правилници) со што ќе се отстранат одредени недоречености и неправилности кои сега беа предвидени и секако беше причина за вашето бунење ...

Дури и во најлоша варијанта - и да дојде до укинување на тие членови од законот (бидејќи се утврди дека се науставни) нема правна пречка владата преку собранието да донесе измени и дополнувања на законот во кои повторно може да предвиди екстерно тестирање (кое во тој случак би било во согласност од уставот)...

Затоа дечки едно советче - УЧЕТЕ СИ ВИЕ ЗА ДА ПОНЕСЕТЕ ЗНАЕЊЕ - не се правете сезнајни на 12-18 години ... :kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom