Уставниот суд го суспендираше екстерното оценување

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Абе единствениот проблем на законов е тоа што не е ништо јасно едни викаат едно други друго треба јасно да се определи тоа школо тие и тие класви тој и тој предмет и да се закажат датуму навреме и навреме да се кажат предметите на ушениците а не како сега некому на 15 некому на 10 некој уште ништо не знае е поради ова паѓаат и че продолжат да паѓаат законите не е цврсто организирано
 
Не е тоа тоа. 100 пати кажав ќе кажам и сега, ајде.

Кога бевме на состанокот за екстерните тестирања и кога беа луѓето од министерство, ни кажаа дека прашањата ќе ги прават професорите од училиштата, а не министерството. Така да, за објективно оценување заборави, затоа што прашањата сепак ќе стигнеа кај личностите кај кои што ќе требаа да стигнат:wink:. Друго што се случува?
Професорите и директорицата ги прават распоредите по класови кој што да полага. Погоди кој клас само ќе полага еден предмет и тоа кај класната нивна, што го знаат најмногу? Класот на ќерката на директорката и на деца на уште двајца професори (поздрав ако ме читате, сwцки сте). Та - дам. Потоа, гледај тука, на јазичните и општествените класови им се падна да полагаат математики, физики, хемии, на математичките им се паднаа истории и биологии, ама океј, ова не е некој голем проблем.

Уште па кога ни кажа латински дека ќе му ги дадат прашањата на тој по турски да ги преведе за турските паралелки, се` ни стана јасно.:wink:

И уште едно нешто, што правиме со различните критериуми на средните училишта во земјава? Знаеме дека не се исти кај сите. Екстерните на кои критериуми ќе бидат прилагодени? Затоа треба да се прават стандардни тестови преку годината, за цела држава како што се прави во другите нормални земји. Кај сите средни 5ката да е на пример од 25-30 бода и единицата од 1-10, а не кај некои единицата да е од 1-5 бода, а 5ката од 20 - 30. И прашањата треба да се прикладни на тестовите, а не јас да решавам логаритамски и експоненцијални функции за 5ка, а во соседната гимназија за 5ка да се решава равенка со две непознати. Плус, некои професори од кај мене испрашуваат некои деца на една лекција, некои на 10. Или испрашуваш на цел материјал, или на пола. Што се другите што ќе одговараат на повеќе, црнци?

Најпрво ни требаат реформи во оценувањето преку целата година, за екстерни уште е рано.
Се во едно , браво Џену.:pipi:
 
Колку е глуп овој министеров значи. :icon_roll
Прееска на Сител вика дека тестирањата ќе се спроведуваат се дур одлуката на Уставен Суд не се објави во Службен весник, што значи дека пак тестирањата што ќе ги прават осмоодделенците ќе бидат поништени. Бог да чува.
 
Законот е дискриминирачки и ги крши човековите права....Професорите кои предаваат само во IV година не со во рамноправна положба со останатите свои колеги, т.е немаат можност да бидат наградени бидејќи нема да бидат оценувани (класичен пример на дискриминација и кршење на човеково право)...Истото се однесува и за наставниците од пониските одделенија.....Од друга страна наставниците и професорите кои ќе подлежат на оценување и после спроведувањето на истото бидат казнети се дискриминирани во однос на своите колеги кои нема да подлежат на оценување и се рабира нема да бидат казнети (уште еден класичен пример на дискриминација и кршење на човеково право)

И на крај....законот е донесен во јули...дополнет на 30.12.2008 година...ако си го прочитала законот таму пишува дека екстерни тестови полагаат учениците од IV одделение до IV година.....По која основа Министерството или министерот (се исто) ги ослободува матурантите, а не ги ослободува останатите ученици...Значи самиот го прекршува законот кој што го потпишал...

Oва го напишав неодамна.....

Значи законот во некои свои делови е противуставен штом ќе расправа Уставниот суд.....и да се дополнам....20 % од професорите мораат да бидат казнети (без оглед дали казнетиве се навистина за казна) ,а 20 % од истите, мораат да бидат наградени (без оглед дали наградениве се навистина за награда)......тоа е исто да професорот влезе во клас и им рече на учениците: „ Денеска правиме тест и јас на 20 % од вас ќе им ставам единици, а на 20 %...петки....ми е гајле дали вие знаете или не.....
 
Ние сепак полагаме (ОУ Видое Подгорец - Струмица)...
Директорката рече дека сепак ќе има во нашето училиште екстерно оценување се додека одлуката на Уставен не била објавена во службениот весник на Република Македонија....Денес полагаа по математика, утре полагаме ние француски...Крајно сум револтирана, со нас топло-ладно си играат
 
И во нашето школо се полагаме , ќе полагам и јас утре ама ми е гајле.Крајно сум револтиран од понашањето ама не ми е гајле , што учев преку цела година ќе напишам утре и ми е гајле , тоа нема да влијае на мојата оценка на крај.:pipi:
 
Ние денеска правевме тестови математика, а ќе правиме и утре француски.
 
Ние денеска правевме тестови математика, а ќе правиме и утре француски.
Џабе.
Уставниот го падна премиерот на екстерно
Уставниот суд привремено го запира екстерното тестирање, а оценките од веќе спроведените тестови, кои почнаа вчера, нема да влијаат на оценката што учениците ќе ја добијат на крајот од годината
EE64732B3AF0F546B510E08F0825B6C0.jpg

DC758DF47A33A04A910AFDBF25210704.jpg
Учениците и наставниците во основните и средните училишта може да здивнат - екстерно тестирање оваа учебна година нема да има и тоа не само за матурантите што куртулија од вакво тестирање со одлука на Министерството за образование. Уставниот суд вчера поведе постапка за оценување на уставноста на екстерната проверка на знаењето на учениците и привремено го забрани неговото изведување. На уставните судии не влијаело ни писмото што лично премиерот им го испратил „за да им ја појасни“ потребата од ваков начин на оценување. Веќе почнатите тестирања и евентуалните оценки нема да влезат во крајната оценка на учениците, ниту наставниците може да бидат казнувани или наградувани ако оценките што претходно им ги дале на учениците не се совпаѓаат со тие добиени на сега веќе забранетите екстерни тестови.
:pipi:
 
Знаеме дека нема да влезат па затоа и не личеше денеска многу оваа на тест сите се договаравме затоа што ни се падна добра наставничка, а и тестот беше лесен.
 
Можеби го стопирале но од миннистерство сеуште вршат тестирања и немаат намера да застанат
 
Можеби го стопирале но од миннистерство сеуште вршат тестирања и немаат намера да застанат
Тестираат и ке запрат, откако ке биде објавено во службен весник, а тоа најверојатно ке биде утре или вторник.
 
Тестираат и ке запрат, откако ке биде објавено во службен весник, а тоа најверојатно ке биде утре или вторник.
Продолжуваат со "заканите"....Можеби тестовите нема да важат , но ќе се прават анализи преку нив...Демек иако нема да важат тие пак ќе ги гледаат оценките од свидетелствата и оценките од тестовите што ќе ги правиме ние осмо одделенците.:toe:
 
И Сестра ми денес полагала Математика.Првични впечатоци беа: се утепавме од препишување:tapp::pos2:
 
И Сестра ми денес полагала Математика.Првични впечатоци беа: се утепавме од препишување:tapp::pos2:
и потоа ќе ги казнуваат наставниците...
добро е што ОВАА година ги укинаја екстерниве пошо нишо незнаеја за нивно спроведување...(барем за ние шо не полагаме)..
криво ми е шо не полагам само заради предметот шо ми се падна..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom