Уставниот суд го суспендираше екстерното оценување

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
тебе те оценува системот, а не некој прв пат што те гледа.

види и кога ќе се запишуваш на факултет побарај усно да одговараш на приемни))))

На факултет знам дека ќе полагам колоквиуми/испити и дека од мене ќе зависи дали ќе ја решам работата на колоквиуми или ќе одам на испити. :)

И што ќе ме оцени системот иначе? Кој црн систем ќе ме оцени кога и тој е расипан, корумпиран? Како може тоа кај мене во школо класовите каде што се „видните“ лица да полагаат еден предмет и тоа кај класната?
И да се спроведеше тестирањево, ќе беше интерно, затоа што професорите сами се издадоа дека тие ќе ги прават прашањата и дека самите си местат кои класови кои предмети ќе полагаат. Убаво се виде во мојата гимназија. Да беше тестирањево навистина објективно и непристрасно, нема проблем, прва ќе се согласев да ме тестираат. Ама вака, тешко..

П.С. Нема сега приемни на факс (освен на Медицински мислам), се полага матура :)
 
бедни души ))), се радуваат дека нивното незнаење нема да е тестирано..или најдобар показател на целава ситуација е овој пост од еден/а погоре

``Епа значи ај нека ни е честито...За другата година ќе ја лагаме...има време``

A ubavo li ke ti bide na tebe na pocetoko da ti vikat deka ke ima testiranje ama nema ocenite da ni zavisat, posle duri u krajo na prvo polugodie ni kazaa deka ke ni zavisat ocenite. Posle pred 2-3 nedeli ni kazaa deka mos i po site predmeti ke polagame. Ako ima neka kazat na pocetoko a ne cile-mile cela godina. I vie site so vikate deka treba da polagame, sigurno ste pominale sredno bez eksterni a nekoi i bez matura i so naduani oceni, pa zabolel ve stojko, sea na nas opnite ni eksterni
 
Имам само едно нешто да кажам - Амин!!
 
Од сетоа ова заклучив следново:Груески полека полека ама сигурно паѓат.И не го мешајте бе Бракно во ова со уставниот суд ако уставниот суд има докази дека со законите што досега пагаат на уставен суд што го мешате Бранко не ми е јасно
 
Како инаку би ја оценил оваа одлука на Уставниот суд, освен како политичка иако вообичаено не се коментира, ама навистина интересно е што повторно одлуката за поништување на екстерното тестирање го донесува во 5 до 12, слично речиси исто како забраната за законот за верско образование. Со ова уште еднаш Уставниот суд се стави во рацете на некои политички кругови и повторно си ја деградира својатра функција поклопувајќи ги своите одлуки со одредени политички пораки. Колку и да изигруваат судии кои го бранат Уставниот поредок на оваа држава, тоа не успеаја да го покажат, ниту пак ќе докажат дека го бранат Уставот на Македонија. Се повеќе стануваат инструмент кој не само што себеси се деградира, туку и македонското судство кое и така плива во калта и представува рак рана во Македонија. Едно големо УА! за Уставниот суд.

Не им се мешам во радоста на учениците, тоа нив најмногу ги интересира, впрочем сите сме биле ученици. Но жално е, оној момент кога ќе станат возрасни луѓе и ќе мораат да размислуваат со своја глава ќе согледаат некои работи кои сега за нив претставуваат радост, еден ден ќе се нервираат и ќе си велат, еееее убаво ќе беше на време некој да не тестираше па и самите да видиме каде ни се слабите страни, зошто сега касно е.
 
Настрана целава ситуација, мене ми е најинтересно тоа што овие “поголемиве“ си ги користат годините и квази-животното искуство за да им докажат на помалите колку се неписмени. А ако барем малце се разгледа активноста на двете страни, не е тешко да се приметат политичките агитации на едните, наспроти тоталната незаинтересираност за политика на другите.

И, наместо да ги остават да берат гајле оние на кои тоа им е работа, едниве ја искористуваат секоја ситуација и потенцијална можност да измаршираат со нивните ставови бранејќи одредена партија. И тоа го прават на толку беден начин, омаловажувајќи нечија бројка на години или неискусност. Таа бројка, колку и да е помала од вашата не значи ништо, бидејќи и да бидеш табула раса е подобро отколку да трошиш драгоцено време во полтронирање. Ама простено ви е, едноставно некои мозоци се премногу тврдокорно извалкани за да можат да се исперат.
 
Овие од Уставниов суд како што тргнале и да ни ја дадат визната либерализација,и да не' примат во Еу и Нато, одлуката ќе ја прогласат за неуставна:pos2:

Сепак премногу е, кај се видело во толку краток период, толку одлуки да поништат? Ова само во Македонија го има:kesa:
 
jas kolku sto razbrav doneseno e krajnoto resenie deka nema da se praat eksterni predmeti, no brat mi vika deka im rekle deka predmetot bil uste na sud i deka do avgust ke se odlucelo i togas duri ke sme gi praele eksternite testovi ali toa e glupo nikoj nema da bide vo mk
...........no spored mene najseriozno ako veke praime eksterni rpedmeti da praime cetiri pati vo godinata a profesorive da imaat uloga samo na predavaci na materijalot....inace i profesorite se soglasuvaat so ova :toe:
 
Кога имаме неуставна влада , тоа е.:pos2:
 
Не им се мешам во радоста на учениците, тоа нив најмногу ги интересира, впрочем сите сме биле ученици. Но жално е, оној момент кога ќе станат возрасни луѓе и ќе мораат да размислуваат со своја глава ќе согледаат некои работи кои сега за нив претставуваат радост, еден ден ќе се нервираат и ќе си велат, еееее убаво ќе беше на време некој да не тестираше па и самите да видиме каде ни се слабите страни, зошто сега касно е.

Друже, океј е, ние се согласуваме да не` тестираат, но не со помош на „мафијашки работи“ кои ги спомнав милион пати и со изживување низ целата година.
Ако веќе правиме нешто, нека биде барем фер и коректно.:smir:
 
тоа никој не знае ке видиме

и шо сеа викате ние осмите само го попивме така?

не јас не правев треба/ше на 29 ти да прам по граѓанска култура ама поентата му беше дали само осмите наебаја и ке прават
 
jas kolku sto razbrav doneseno e krajnoto resenie deka nema da se praat eksterni predmeti, no brat mi vika deka im rekle deka predmetot bil uste na sud i deka do avgust ke se odlucelo i togas duri ke sme gi praele eksternite testovi ali toa e glupo nikoj nema da bide vo mk
...........no spored mene najseriozno ako veke praime eksterni rpedmeti da praime cetiri pati vo godinata a profesorive da imaat uloga samo na predavaci na materijalot....inace i profesorite se soglasuvaat so ova :toe:
Драга, не можеме да веруваме дека екстерните ќе се прават во август од едноставна причина што тогаш би немале земено свидетелства се’ уште, а уписните рокови ако добро паметам се во јули. Така нешто беше нели?
Плус, јас кога на 10 јуни официјално ќе земам свидетелство мене не може никој да ми го поништи тоа и да го прогласи за невалидно. Документот е веќе издаден а негова негација не може да се направи затоа што е заверен во главна книга.
Како и да е, предметот останува на суд но ќе се дискутира во однос на идните години. За оваа година е веќе доцна.
 
Друже, океј е, ние се согласуваме да не` тестираат, но не со помош на „мафијашки работи“ кои ги спомнав милион пати и со изживување низ целата година.
Ако веќе правиме нешто, нека биде барем фер и коректно.:smir:

Ниту било ниту ќе биде, барем кај нас она што го велиш ти. Се е добро додека мојата кожичка некој не ја дирне, е, а тогаш тие другите се такви, онакви, па имаат ли мозок итн. Или поедноставено секогаш кога треба да си ги завршиме нашите обврски, тогаш сите ни се криви, а кога некој друг треба да ги заврши неговите, тогаш ако е, така треба. И се така...
 
Не е тоа тоа. 100 пати кажав ќе кажам и сега, ајде.

Кога бевме на состанокот за екстерните тестирања и кога беа луѓето од министерство, ни кажаа дека прашањата ќе ги прават професорите од училиштата, а не министерството. Така да, за објективно оценување заборави, затоа што прашањата сепак ќе стигнеа кај личностите кај кои што ќе требаа да стигнат:wink:. Друго што се случува?
Професорите и директорицата ги прават распоредите по класови кој што да полага. Погоди кој клас само ќе полага еден предмет и тоа кај класната нивна, што го знаат најмногу? Класот на ќерката на директорката и на деца на уште двајца професори (поздрав ако ме читате, сwцки сте). Та - дам. Потоа, гледај тука, на јазичните и општествените класови им се падна да полагаат математики, физики, хемии, на математичките им се паднаа истории и биологии, ама океј, ова не е некој голем проблем.

Уште па кога ни кажа латински дека ќе му ги дадат прашањата на тој по турски да ги преведе за турските паралелки, се` ни стана јасно.:wink:

И уште едно нешто, што правиме со различните критериуми на средните училишта во земјава? Знаеме дека не се исти кај сите. Екстерните на кои критериуми ќе бидат прилагодени? Затоа треба да се прават стандардни тестови преку годината, за цела држава како што се прави во другите нормални земји. Кај сите средни 5ката да е на пример од 25-30 бода и единицата од 1-10, а не кај некои единицата да е од 1-5 бода, а 5ката од 20 - 30. И прашањата треба да се прикладни на тестовите, а не јас да решавам логаритамски и експоненцијални функции за 5ка, а во соседната гимназија за 5ка да се решава равенка со две непознати. Плус, некои професори од кај мене испрашуваат некои деца на една лекција, некои на 10. Или испрашуваш на цел материјал, или на пола. Што се другите што ќе одговараат на повеќе, црнци?

Најпрво ни требаат реформи во оценувањето преку целата година, за екстерни уште е рано.
 
Не е тоа тоа. 100 пати кажав ќе кажам и сега, ајде.

Кога бевме на состанокот за екстерните тестирања и кога беа луѓето од министерство, ни кажаа дека прашањата ќе ги прават професорите од училиштата, а не министерството. Така да, за објективно оценување заборави, затоа што прашањата сепак ќе стигнеа кај личностите кај кои што ќе требаа да стигнат:wink:. Друго што се случува?
Професорите и директорицата ги прават распоредите по класови кој што да полага. Погоди кој клас само ќе полага еден предмет и тоа кај класната нивна, што го знаат најмногу? Класот на ќерката на директорката и на деца на уште двајца професори (поздрав ако ме читате, сwцки сте). Та - дам. Потоа, гледај тука, на јазичните и општествените класови им се падна да полагаат математики, физики, хемии, на математичките им се паднаа истории и биологии, ама океј, ова не е некој голем проблем.

Уште па кога ни кажа латински дека ќе му ги дадат прашањата на тој по турски да ги преведе за турските паралелки, се` ни стана јасно.:wink:

И уште едно нешто, што правиме со различните критериуми на средните училишта во земјава? Знаеме дека не се исти кај сите. Екстерните на кои критериуми ќе бидат прилагодени? Затоа треба да се прават стандардни тестови преку годината, за цела држава како што се прави во другите нормални земји. Кај сите средни 5ката да е на пример од 25-30 бода и единицата од 1-10, а не кај некои единицата да е од 1-5 бода, а 5ката од 20 - 30. И прашањата треба да се прикладни на тестовите, а не јас да решавам логаритамски и експоненцијални функции за 5ка, а во соседната гимназија за 5ка да се решава равенка со две непознати.

Најпрво требаат реформи во оценувањето преку целата година, за екстерни уште е рано.

Се сложувам дека секогаш вакви типови успеваат да расипат некаква идеја со која треба да постигне некакво повисоко ниво на образование. Но заради ваквите причини Уставниот суд не го суспендира тестирањето. Ваквите проблеми треба да се решаваат таму каде што се појавуваат, но не преку Уставен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom