Не знам зошто упорно се трудиш да ја прикажеш ЕУ како тешка и бла бла. Тука и се експлоатирани работниците како физичка сила = немаат за преживување.
Таму само делот за преживување останува, а тоа нема да е проблем. Ние знаеме и со лебче и солце да живееме, уживај. Сите имаме по некого надвор и знаеме колку многу е "тешко" па затоа не ти го разбирам муабетов.
Колку е милка од 100 грама во Германија на пример? Тука е евро и нешто.
Колку е литар млеко во тетрапак пакување? Тука е евро мислам.
Да баталам вакви производи, можам да ти зборам за информатичка технологија. USB од 2 гига што ми стои на рафт кај мене е 460 денари (7 евра и 50 центи) а во онлајн продавница што ја најдов на интернет во Германија е 7 и 95!!!!!! Значи 10% поскапо или поефтино нека биде секој производ. Колку рече дека е просечна плата таму? Тука е околу 10.000 денари (~150 евра).
Изнајмување на стан колку е? Тука бараат околу 200-300 евра најмалку колку што знам. Струја без 50 евра ако се ладиш и грееш ни во сон.
Е тука се согласуваме. Населението е затворено, не прошетало... Скоро секое семејство има по некого надвор, а никад го нема посетено ради тие визи па сега мислат ќе начекаат прилика (иако синот ќе ја шутне мајка му после 2 дена, ама не е битно тоа

) Ама кај би била бомбастичноста ако насловот беше "38% од населението сакаат да прошетаат низ ЕУ".
Треба да излезеш за да на своја кожа дознаеш. Ти реков, не ги земај во предвид емигрантите кои се повеќе од 10тина години во странство и успеале, прашање е колку не успеале.
Јас не се обидувам негативно да ви ја прикажам Е.У. меѓутоа сакам да ви ги спуштам очекувањата на реално ниво.
Се' има свои плусеви и минуси, па така треба да биде анализирано, меѓутоа да не биде тоа идеализирано дека доволно е да ја напуштиш Македонија па обезбеден ти е удобен живот.
Ќе ти одговори попрецизно Бацилус за Германија.
Јас за мене можам да ти кажам дека за храна неделно трошам 50 евра, бидејќи одам да пазарувам секој викенд и купувам за цела недела да имам.
Плус секогаш излегува да морам да докупам нешто преку неделата.
Тука не ги вбројувам продукти за хигиена, понекогаш треба да купиш нови патики, чевли за работа, кошула, јакна, фармерки, бидејќи незнаеш кога нешто може да ти се расипе,износи, скине, а и неможеш да имаш само еден пар кој ќе го носиш насекаде нели.
Во Полска, за 200 е. можеш да изнајмиш соба во предградието на поголемите градови.
Без вклучено струја,огревање,кабловска и интернет во цената.
Ти треба 25 е. месечно за студентска карта за јавен превоз.
Доколку студираш и платен ти е факултетот, можеш да издржиш и со 500 евра да бидеш до цент точен за трошоци за живот, меѓутоа верувај тоа не е живот. Овде просечна плата е 800 евра.
А доколку плаќаш за факултетот и работиш за 800 евра (што е реткост) како студент, без помош од дома неможеш да преживееш.
ајде вака сега, прво сакам да истакнам дека Братот воглавно иако пократко време е од мене во ЕУ членка добро ги има анализирано работите како стојат, но морам да дада мала забелешка дека тука братот не спомнува еден многу важен сегмент а тоа е е менталитетот.
Пред да почнам да кажувам цени и услови и начинот на кој размислуваат овде во германија сакам да воочам дека сам како карактер неможеш да тераш начин на живот како што си терал на балканот бидејќи едноставно целото општество се движи во една насока и функционира со одредена динамика ако на која не се прилагодиш нема шанси да имаш подобар стандард од тој во македонија. А кога спомнувам стандард, мислам на слободно време бидејќи тоа е неајголемиот луксуз тука.
Како и да е, ајде сега да прејдеме малку на како германците ја гледаат ЕУ. Имено кога сте во германија ЕУ како поим најчесто ќе го сретнете во вестите и медиумите и тоа не толку често како што си мислите. Имено германците (народот) имаат премногу внатрешни проблеми за да можат да размислуваат за проблемите на ЕУ. Тие ЕУ ја гледаат повеќеќ како инвестиција за стабилност на континентот на кој се наоѓа германија и како и инвестиција за што е можно поголем пазар за германските продукти. Полтичките проблеми во ЕУ и помеѓу земјите во европа германците не ги засегаат ама воопшто и затоа се воглавно инертни по дадените проблематики. Значи сега за сега реално гледано од германска гледна точка зедништвото во ЕУ се гледа само преку призмата на тоа да можеш без проблеми да отидеш во друга ЕУ членка и без никакви дополнителни проблеми да работиш или студираш таму чисто ради некои твои лични потреби а не ради пари или што ти ја знам.
Е сега како се живее во германија епа вака сега да се има поголеми примања ама тие се поврзани со многу повеќе работа во која не смеете да почнете да забушавате бидејќи во тој случај општеството односно начинот на кој функционира германското општество само ќе ве отфрли. Нормално точнопоради поголемиот обем и поголемата преданост кон работата резултира со многу помалку слободно време и вишок пари. Ова се одсликува на начинот односно разликите во тоа како ние и како германците го трошат тоа слободно време, имено германците имаат помалку слободно време кое го поминуваат многу поквалитетно за разлика од нив ние имаме повеќе слободно време (ама послеаба економија) но го поминуваме понеквалитетно. Трошење време по кафани не е квалитетно потрошено слободно време.
И сега ајде јас да извадам две три сметки од супермаркет:
5 мали земички леб 69 центи
најевтина млада гауда кашкавал 400 грама 2 евра
моратадела 150 грама пакована 1,89 евра
милка чоколадо 100 грама 89 центи
полномасно пастеризирано најевтино млеко 55 центи
300 грама виршли околу 2 евра
НО од ова не се состои здрава исхрана па затоа
Краставица најевтино 60 центи
Домати во лето просечна цена 2 евра
пиперки црвени 500 грама 2 евра
И сега доаѓаме до другите трошоци:
Сместување во мојов град које еден од најевтините за живеење во германија до 20 квадрати еднособен стан со помошна кујничка и купатило ако се потрудиш ќе најдеш за 200 евра месечно. Во големите и поскапи градови истото под 250 евра нема шанси да се најде. Месечни трошоци за струја, вода, комуналии ако сам живееш од 45 до 60 евра. Месечен интернет флетрејт околу 30 евра
Дополнително на тоа доаѓаат и други трошоци кои ни на крај памет не ви паѓаат.
Сума сумарум за студент кој живее во студентски дом по многу поволна цена со паушално вклучени комуналии струја и вода, каде што се користи интернетот од факултетската мрежа, во еден од најевтините германски градови за живеење каде како студент се добива семестарска карта за јавен превоз во цела околија за 72 евра (вклучена во целокупната административна цена од 210 евра од семестар) без 500 или пореално 550 евра месечно не поминуваш.
Со друго зборови да може да заработуваш повеќе пари тука ама за сметка на тоа терба да си спремен да кажеш збогум на слободното време за дружба кое би го имал кај нас а следствено со тоа и треба да си решен да намалиш социјални контакти.