Не знам зошто упорно се трудиш да ја прикажеш ЕУ како тешка и бла бла. Тука и се експлоатирани работниците како физичка сила = немаат за преживување.
Таму само делот за преживување останува, а тоа нема да е проблем. Ние знаеме и со лебче и солце да живееме, уживај. Сите имаме по некого надвор и знаеме колку многу е "тешко" па затоа не ти го разбирам муабетов.
Треба да излезеш за да на своја кожа дознаеш. Ти реков, не ги земај во предвид емигрантите кои се повеќе од 10тина години во странство и успеале, прашање е колку не успеале.
Јас не се обидувам негативно да ви ја прикажам Е.У. меѓутоа сакам да ви ги спуштам очекувањата на реално ниво.
Се' има свои плусеви и минуси, па така треба да биде анализирано, меѓутоа да не биде тоа идеализирано дека доволно е да ја напуштиш Македонија па обезбеден ти е удобен живот.
Колку е милка од 100 грама во Германија на пример? Тука е евро и нешто.
Колку е литар млеко во тетрапак пакување? Тука е евро мислам.
Ќе ти одговори попрецизно Бацилус за Германија.
Јас за мене можам да ти кажам дека за храна неделно трошам 50 евра, бидејќи одам да пазарувам секој викенд и купувам за цела недела да имам.
Плус секогаш излегува да морам да докупам нешто преку неделата.
Тука не ги вбројувам продукти за хигиена, понекогаш треба да купиш нови патики, чевли за работа, кошула, јакна, фармерки, бидејќи незнаеш кога нешто може да ти се расипе,износи, скине, а и неможеш да имаш само еден пар кој ќе го носиш насекаде нели.
Изнајмување на стан колку е? Тука бараат околу 200-300 евра најмалку колку што знам. Струја без 50 евра ако се ладиш и грееш ни во сон.
Во Полска, за 200 е. можеш да изнајмиш
соба во предградието на поголемите градови.
Без вклучено струја,огревање,кабловска и интернет во цената.
Ти треба 25 е. месечно за студентска карта за јавен превоз.
Доколку студираш и платен ти е факултетот, можеш да издржиш и со 500 евра да бидеш до цент точен за трошоци за живот, меѓутоа верувај тоа не е живот. Овде просечна плата е 800 евра.
А доколку плаќаш за факултетот и работиш за 800 евра (што е реткост) како студент, без помош од дома неможеш да преживееш.