92% од РМ сака во НАТО, 95% сака во ЕУ!

Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Абе ајде 95 % нема грешка :pos2::pos2::pos2:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Епа ајде, реален, анастазија, марсовка, самоубицата ако е на форумов исто така, читајте текстов посебно последните неколку реченици, и коментирајте, многу ме интересира.
Па зошто доколку е точно напишаното во текстот кој го посочи, ова не му се соопшти на пошироката македонска јавност ?
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Оди накај Пробиштип, накај Брод или накај Демир Хисар... И види како крпат крај со крај луѓето, па после зборувај за задржување (со едно Д) на некаква си чест. Македонецот е гол и ненајаден, а му се натураат еден куп ретардирани кампањи и пукања со Македонштина... И не ми реплицирајте со моментот „да бе, а во ЕУ мед и млеко тече“. Не тече мед и млеко, ама за леб се наоѓа... Кажи си ти големо НЕ, истетовирај го ако сакаш на чело... Ама не натурај на другите што треба да кажат и по која цена.. Или ќе правиме како што ќе ни кажат или ќе кажеме не? Важи... А откако ќе кажеме не, ќе се храниме со статуи, со историски читанки и со знаменца... Важи???
1.Да бе, ја живеам на водно во 200м2 хипер-стан со три мерцедеса под мене и со харем на приземје!
2.По твојата логика во 1903 не сме требале да се креваме на востание (и така турчинот барем давал леб), во 1941 не сме требале да пукаме против Бугарите (плус тие викале дека ни се братја). Што не прифативме нешто како во 1992 (без поимот македонија како што бараа од нас). Може сега ќе имавме и за погача, а не за леб.
3.Како тоа јас на тебе ти "натурив" што треба да кажеш?

Точно. Измериле луѓето и пресекле дека врвен приоритет на Македонија е членството во Евроатланските институции, и сеуште држат кон тоа.
Нели кажа нашиот поранешен претседател Црвенковски во ОН дека "Името на мојата земја е Република Македонија и ќе биде Република Македонија".
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Мартинчо, маше, ми алудираш на тоа дека ја продавам Македонија?:)) Ни сум гласала на анкетата ни би го менувала името. Ама, тоа е мојот став, не ти велам и ти да го правиш истото, а реално - и не ми е битно што ќе правиш ти или било кој. Од моја страна е хипокритично да се лупам во гради со тоа како јас не би го менувала името, едноставно зошто не ми треба виза за да излезам од Македонија, а и поради тоа што најмалку во следниве 5 години нема да живеам таму (со големи шанси воопшто да не се враќам за живеење...). Ама тие 90 и кусур проценти што сакаат да влеземе во Еу и во НАТО си имаат свои животи, свои маки и свои пресметки...
Со кое право авторот на текстов, ти или некој рандом чичко на форумов ги нарекува предавници, бре? Па уште „Македонецот не знае кој е?“? „Македонецот нема цврст став“? “Со испран мозок е“? Па мамата, доста си плукате по вашиот народ, ако сте дотолку патриоти!
Неам што да ти го коментирам текстчето Мартинчо, освен да заклучам дека е преџвакување на кажани работи...
Кажав, ќе повторам, за да ги судиш оние кои рекле нешто - треба да си им во кожата, а ти дечко, не ми изгледа дека знаеш како е да си во кожата на некој кој нема работа, нема изглед да најде работа, живее со социјална помош а има две деца. Како пример ова...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Точно. Измериле луѓето и пресекле дека врвен приоритет на Македонија е членството во Евроатланските институции, и сеуште држат кон тоа.
:pos2:

Измериле?
кои се тие кои измериле ...
кои немаат никакава 2опција освен БЦ
кои му се крстат .?
кои го чекаат да ги упраел?
тие измерија?
:tapp::tapp:

треба да се покрене иницијатива за стоп на преговорите ... стоп за уцените ...

ако сиот труд кој се вложува кон членството и преговорите итн. се насочи кон други работи, тогаш ќе тргнеме напред.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Анкетиве заедно со ставот за разумен компромис некако идат рака под рака.

Некои тоа го викаат...припремање на теренот.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
1.Да бе, ја живеам на водно во 200м2 хипер-стан со три мерцедеса под мене и со харем на приземје!
2.По твојата логика во 1903 не сме требале да се креваме на востание (и така турчинот барем давал леб), во 1941 не сме требале да пукаме против Бугарите (плус тие викале дека ни се братја). Што не прифативме нешто како во 1992 (без поимот македонија како што бараа од нас). Може сега ќе имавме и за погача, а не за леб.
3.Како тоа јас на тебе ти "натурив" што треба да кажеш?

1. Не те прашав ни кај живееш, ни колкава ти е колата... Ама убаво, сподели си... За тоа сум овде.
2. Што трипаш бе?:)) Какво востание сега треба да креваме? Која паралела ја влечеш, жити кариера? По тебе баш нема потреба за востание... Ќе си кажеме „не“ и херојски ќе си седиме по дома, нели така беше?
3. Сварно, не ми е ни мене јасно...
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Од моја страна е хипокритично да се лупам во гради со тоа како јас не би го менувала името, едноставно зошто не ми треба виза за да излезам од Македонија, а и поради тоа што најмалку во следниве 5 години нема да живеам таму (со големи шанси воопшто да не се враќам за живеење...).
Тогаш немаш проблем со ништо тука! Ако даде Европа, набргу ќе можеш фино да си отидеш и ОП! Решен проблем!
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Анкетиве заедно со ставот за разумен компромис некако идат рака под рака.

Некои тоа го викаат...припремање на теренот.
Па да!
Иако сметам дека анкетава има една грешка (евентуално)...а за тоа пишав во мојот претходен пост на темава.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Мартинчо, маше, ми алудираш на тоа дека ја продавам Македонија?:)) Ни сум гласала на анкетата ни би го менувала името. Ама, тоа е мојот став, не ти велам и ти да го правиш истото, а реално - и не ми е битно што ќе правиш ти или било кој. Од моја страна е хипокритично да се лупам во гради со тоа како јас не би го менувала името, едноставно зошто не ми треба виза за да излезам од Македонија, а и поради тоа што најмалку во следниве 5 години нема да живеам таму (со големи шанси воопшто да не се враќам за живеење...). Ама тие 90 и кусур проценти што сакаат да влеземе во Еу и во НАТО си имаат свои животи, свои маки и свои пресметки...
Со кое право авторот на текстов, ти или некој рандом чичко на форумов ги нарекува предавници, бре? Па уште „Македонецот не знае кој е?“? „Македонецот нема цврст став“? “Со испран мозок е“? Па мамата, доста си плукате по вашиот народ, ако сте дотолку патриоти!
Неам што да ти го коментирам текстчето Мартинчо, освен да заклучам дека е преџвакување на кажани работи...
Кажав, ќе повторам, за да ги судиш оние кои рекле нешто - треба да си им во кожата, а ти дечко, не ми изгледа дека знаеш како е да си во кожата на некој кој нема работа, нема изглед да најде работа, живее со социјална помош а има две деца. Како пример ова...
Предавници? ЈАС, никаде не спомнав предавници, само многу ме интересира како некој од нас може така лесно да се помирува со фактот дека треба да си го смени ИМЕТО за да влезе во некаква си организација. Јас не негирам дека има огромни придобивки од членството во ЕУ, и никој од нас овдека не негира, само бараме малце почит од таа Европска Унија, бидејќи таа ја доведе Македонија до оваа состојба што се наоѓа сега, да не дробам, превџакувани работи, нели? (1913, осамостојување, 2001...)

Јасно ми е дека има огромна бедотија низ земјава, затоа и дискутираме, дека сите наши опции не се искористени, можеме да се развиваме и без тие институции доколку има желба кај нашиве политичари се разбира.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
:pos2:

Измериле?
кои се тие кои измериле ...
кои немаат никакава 2опција освен БЦ
кои му се крстат .?
кои го чекаат да ги упраел?
тие измерија?
:tapp::tapp:
Aбе ти можеш да се трескаш од земја и да паѓаш у транс колку ти душа сака, но ќе ја видам твојата реакција кога ставовите на оние кои притаено ги браниш, 100 % ќе се поклопат со ставовите на "Соросоидите и предавниците" од опозицијата.

До тогаш скокај од радост и мисли дека ќе одиме во НАТО и ЕУ без компромис со грците, и дека Америка мести распаѓање на грција.

Твој е изборот во што ќе верваш :helou:

треба да се покрене иницијатива за стоп на преговорите ... стоп за уцените ...
Дрн дрн јариња. Треба ова, треба она.
Сите сте јаки стручњаци во дијагностицирање и лоцирање на проблемот, но коа ќе дојде ред за негово решение....штрафта, никаде ве нема.
ако сиот труд кој се вложува кон членството и преговорите итн. се насочи кон други работи, тогаш ќе тргнеме напред.
Видиш, по некоја случајност јас ова го пишував уште пред една година, но некој неможе да пресече од причина што без замислени домашни предавници неможе да владее.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
ова подолу е дел од еден текст ``сурова реланост``http://zborovi.info/?cat=6


Историја. Зошто македонецот не знае кој е? Затоа што не си ја познава историјата. Зошто македонецот нема цврст став за својот идентитет? Затоа што не си ја познава историјата.
Сега некој ќе рече, ама јас имам цврст став за мојот идентитет. Јас сум македонец и точка. Индивидуално тоа е во ред. Меѓутоа општествено не е. Македонија нема цврст став за своето име и идентитет. Да имаше немаше да има преговори за името и идентитетот. Никој што си има цвртсо решено што е и како е не преговара. Да појаснам што е поентата. Имаме човек кој се вика Дарко. Му доаѓам јас на Дарко и му викам ти не си Дарко, ти си некој Сло-Дарко, или Дарковски, или Даре ама Дарко не си. Дарко ми вика ама јас сум Дарко. Јас му викам, абе ти не си Дарко и точка. Се вртам јас кон брат ми, го викам него и му велам - Ти личи овој на Дарко, мене не ми личи. Брат ми дипломатски одговара, може е Дарко, ама може и не. А да се договорите вие најдобро, еве јас ќе ви бидам медијатор. Се чека се на Дарко, а овој очигледно со одредени соменинија вика - Ај ќе преговараме, ама ќе видите дека јас сум Дарко.
Што е поентата? Да имаше Дарко, или Македонија цврст став (плус да знаеше точно кој е и што е) ќе речеше „Ама јас сум Дарко и точка.“ или „Јас сум македонец од Македонија и точка.“
Гледате самото одење на преговори повлекува една негативна работа која е очигледна ако се размислува трезвено и напорно. Штом некој преговара значи не е сигурен во своите ставови, и истите тие ставови се променливи.
На кој му одговара ваков став?
Повторно на Бугарија, Грција и останатите добри соседи.
Бугарија повторно може да го оправдува (и докажува) својот сомнеж „македонците се бугари кои не знаат дека се бугари“ со уште еден факт повеќе. Ете гледате дека не знаат што се, видете ги, ако знаеја ќе преговараа ли?
Со самиот чин на преговарање се доведува во прашање идентитетот. Самото преговарање е доказ дека Македонија (пардон, БЈРМ) има разлабавен став во однос на нацијата и својата припадност.
Мислите дека не? Мислите дека светот е либерален? Мислите дека национализмот е изумрен? Мислите дека патриотизмот е глупост?
Ве молам, кажете му на французин дека не е французин. Кажете му на англичанец дека Англија ќе мора да смени име.
Но знаете ли што е најтрагично? Што поради немање историја, поради вековна пропаганда, македонскиот народ е наведен да работи против себе. Поради немање историја и чуство на припадност кон една нација одредени групи притискаат за сменување на името. Внатре во државата. Но тоа не е најтрагичносто. Најтрагично е што било која земја од ЕУ и НАТО (оние истите каде што сакаат да одат по цена на име и идентитет) никогаш не би го прокоцкала идентитетот и името на државата поради било која причина. Тие се идентификуваат со тоа име. А ние со што?
Со Република Разумен Компромис,барем во последно време.:tapp:

:pos2:

Измериле?
кои се тие кои измериле ...
кои немаат никакава 2опција освен БЦ
кои му се крстат .?
кои го чекаат да ги упраел?
тие измерија?
:tapp::tapp:

треба да се покрене иницијатива за стоп на преговорите ... стоп за уцените ...

ако сиот труд кој се вложува кон членството и преговорите итн. се насочи кон други работи, тогаш ќе тргнеме напред.
Б.Ц. замина во историјата како предавник или не(за тоа ќе судат генерациите во иднина),но и како единствениот председател на Република Македонија кој во ОН изјави дека името на неговата земја е и ќе остане Република Македонија.Кога тоа ќе го направи Џорџе или Грујо од некоја барем прес конференција во некој хотел низ Брисел или Вашингтон,тогаш можеме да ги сметаме за Македонски политичари,зошто се друго е само шпекулација,и СТОПот за преговори и глумењето кооперативност кое може да биде вистина наместо глумење,и предлозите за референдум кој може да се мести до 101 и назад.:toe:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Много е битно учеквуваниjaта на населението да не бидат преголеми от ЕУ и НАТО.Треба да се рече на хората jaсно,дека членството во тези организации има и отговорности.Има членски внос.НАТО ке бара обновуване на армиjaта,ЕУ ке бара достигане на стандартите и това ке се плата и от македонските државени.
Да ке имат достап до парите на ЕУ и фондовите.Треба много добре да се вземе под внимание това,което сакат граганите на РМ.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Б.Ц. замина во историјата како предавник или не(за тоа ќе судат генерациите во иднина),но и како единствениот председател на Република Македонија кој во ОН изјави дека името на неговата земја е и ќе остане Република Македонија.Кога тоа ќе го направи Џорџе или Грујо од некоја барем прес конференција во некој хотел низ Брисел или Вашингтон,тогаш можеме да ги сметаме за Македонски политичари,зошто се друго е само шпекулација,и СТОПот за преговори и глумењето кооперативност кое може да биде вистина наместо глумење,и предлозите за референдум кој може да се мести до 101 и назад.:toe:
Апсолутно точно! Ама од нашиве политичари нема маж кој ќе каже нешто такво. Ниту Грујо, ниту Бране, а за овој Хорхе ќе видиме (сепак нема ниту месец дена функција). Или нека кажат - еве ни се пука газот, попуштаме, или нека кажат не попуштаме до крај. А не ги пуштиле Коља, Геро, Милчин, Јанко и Миленко да кажуваат нешто во нивно име.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Апсолутно точно! Ама од нашиве политичари нема маж кој ќе каже нешто такво. Ниту Грујо, ниту Бране, а за овој Хорхе ќе видиме (сепак нема ниту месец дена функција). Или нека кажат - еве ни се пука газот, попуштаме, или нека кажат не попуштаме до крај. А не ги пуштиле Коља, Геро, Милчин, Јанко и Миленко да кажуваат нешто во нивно име.
Е па затоа постојат клешти за кинење жички по авиони,со Божја помош и јака воља на неговите помошници.:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom