92% од РМ сака во НАТО, 95% сака во ЕУ!

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Треба да му се каже на народот ...
и да се влезе у ЕУ и НАТО нема да тече мед и млеко ако сами не почнеме да си ги бркаме работите ....
и да влеземе нема евра по дрвата да почнат да растат ...
се наби психологија во умот на народот дека ако влеземе во ЕУ и НАТО како во Рајот да сме отишле ... медиумите направија касапница по мозоците на народот ..

Треба да се започне кампања со која народот ќе се спушти на земја и ќе им се објасни дека ЕУ и НАТО не се цвеќе за мирисање ...

Ни Фали СТАВ ... точно ...
Треба малце ироничен став кон нив ..

Ние сме Македонци ова е Македонија ... Така било и така ќе остане ...
Ние сме за да влеземе во ЕУ и НАТО но само под услови да влеземе такви какви што сме ...(овде влева и Каузата на Братот)....
Поинаку не сакаме да влеземе ... Сите услови ги исполнивме ... НЕМАМЕ НАМЕРА да исполнуваме некакви уцени кои немаат врска и никаква допирна точка со демократија и со функционирање како држава ...

Ако за вас (се мисли на ЕУ и НАТО) уцени се начин на демократија и самите ги побивате вашите ставови на самоопределба на еден народ ... тогаш не фала не би сакале да се дружиме со вас ...

Нас не обвинувате за монопол на историја која е битна за цел свет .... од друга страна Гејлада сака да направи монопол на историјата ... која логика ти се молам ...



сепак ние на форумов и помладите како така ја разбираме цела ситуација (освен некои месии) но други кои освен вести на ТВ друг прилив на информации немаат ... тешко го сваќаат сето ова ...

сепак треба една кампања една иницијатива ... да се собере огромна бројка на народ и да се укаже дека ЕУ и НАТО да .. но не по цена на ИМЕ, Идентитет итн ....

и да се постави прашање ... народ без историја е куче без педигре-џукела ... дали сакате да бидете џукели на балканов ... покрај сета историја која ја имаме ...
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Мартин, а нели ние си ги бираме политичарите (барем тврдиме дека сме парламентарна демократија). Ние излегуваме и гласаме за типови кои не знаат да кажуваат НЕ на било кој со европското знаме. Грујо може има 30% популарност, ама нека смени име, па ќе видиме. Проблемот е што од другата страна го имаш Бране!

П.С. КОЈ КУР БАРА ЗНАМЕ НА ЕВРОПСКА УНИЈА НА БИЛО КОЕ МЕСТО ВО МАКЕДОНИЈА? НЕЛИ НЕ СМЕ ЧЛЕНКИ!
Точно. Ние си ги бираме, но за жал во Македонија немаме некој здрава политичка опција, цело време се вртат истите луѓе, без никакви идеи, заглавени во некогашна Југославија, и кои би дале се, па макар и својата држава за личен профит.

Можеби на некој ќе му звучи смешно, но ние Македонците имаме МНОГУ да учат од Албанците. Албанците го решија своето национално прашање. Да, им се погодија картите, САД беше на нивна страна, но нас со вакви луѓе на чело на држава, и да ни се погодат сите карти нема да знаеме да ги искористиме. Македонското прашање не е ни почнато да се решава, и мислам дека прво треба да се осврнеме кон негово решавање, во меѓувреме реформирање, развивање и така натаму, а тек потоа да бараме членства во некакви организации.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
сепак ние на форумов и помладите како така ја разбираме цела ситуација (освен некои месии) но други кои освен вести на ТВ друг прилив на информации немаат ... тешко го сваќаат сето ова ...
Мислиш тие кои гледаат ТВ не ги проѕираат тие нивни изјави и дебати (во последно време најмногу намножени на А1). Да не ја потценуваме мудроста на постарите.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Манипулацијата се состои во решението за компромисот, за да се задоволи Грција.
Реторички може до утре да продолжиме, но непобитен факт е дека народот е заведен со лажна дилема која некој намерно ја пласира.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Реторички може до утре да продолжиме, но непобитен факт е дека народот е заведен со лажна дилема која некој намерно ја пласира.
Дилемата воопшто не е лажна. Наjчестата лага, сепак изгледа е : Не слушаjте го лажгото.
 
С

Спенсер

Гостин
а дали во анкетата прашале и под кој услов???
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Реторички може до утре да продолжиме, но непобитен факт е дека народот е заведен со лажна дилема која некој намерно ја пласира.
Да кога всушност имаме само една дилема - или ќе правиме ко што они викаат, или ќе кажеме едно големо НЕ и ако ништо друго ќе си заддржиме од нашата чест.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Реторички може до утре да продолжиме, но непобитен факт е дека народот е заведен со лажна дилема која некој намерно ја пласира.
а кој е тој ?
дали почнува да ти се разјаснува зошто вмро победи на избориве ...
зашто прва точка му беше економски развој .. па се потоа ..

дали знаеш која беше кампањата на сдсм?
нато-еу, нато-еу, нато-еу, нато-еу, нато-еу, нато-еу, нато-еу, нато-еу,
немаше друго ...:toe:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
а дали во анкетата прашале и под кој услов???
Не е битен условот, туку извртувањето или презентирањето на вистината.
Дел од одговор на твоето прашање е во репликата на Гоч подолу.
Да, кога всушност имаме само една дилема - или ќе правиме ко што они викаат, или ќе кажеме едно големо НЕ и ако ништо друго ќе си заддржиме од нашата чест.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Значи, како што наведува и авторот на веста, во истражувањето (анкетата) бне е наведено дали прашањето вклучувало и промена на име на државата, што сметам дека е сериозна методолошка грешка, доколку не било во прашањето, бидејќи би можело значително да влијае врз резултатите од истата.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Да кога всушност имаме само една дилема - или ќе правиме ко што они викаат, или ќе кажеме едно големо НЕ и ако ништо друго ќе си заддржиме од нашата чест.

Оди накај Пробиштип, накај Брод или накај Демир Хисар... И види како крпат крај со крај луѓето, па после зборувај за задржување (со едно Д) на некаква си чест. Македонецот е гол и ненајаден, а му се натураат еден куп ретардирани кампањи и пукања со Македонштина... И не ми реплицирајте со моментот „да бе, а во ЕУ мед и млеко тече“. Не тече мед и млеко, ама за леб се наоѓа... Кажи си ти големо НЕ, истетовирај го ако сакаш на чело... Ама не натурај на другите што треба да кажат и по која цена.. Или ќе правиме како што ќе ни кажат или ќе кажеме не? Важи... А откако ќе кажеме не, ќе се храниме со статуи, со историски читанки и со знаменца... Важи???
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Да кога всушност имаме само една дилема - или ќе правиме ко што они викаат, или ќе кажеме едно големо НЕ и ако ништо друго ќе си заддржиме од нашата чест.
ова подолу е дел од еден текст ``сурова реланост``http://zborovi.info/?cat=6


Историја. Зошто македонецот не знае кој е? Затоа што не си ја познава историјата. Зошто македонецот нема цврст став за својот идентитет? Затоа што не си ја познава историјата.
Сега некој ќе рече, ама јас имам цврст став за мојот идентитет. Јас сум македонец и точка. Индивидуално тоа е во ред. Меѓутоа општествено не е. Македонија нема цврст став за своето име и идентитет. Да имаше немаше да има преговори за името и идентитетот. Никој што си има цвртсо решено што е и како е не преговара. Да појаснам што е поентата. Имаме човек кој се вика Дарко. Му доаѓам јас на Дарко и му викам ти не си Дарко, ти си некој Сло-Дарко, или Дарковски, или Даре ама Дарко не си. Дарко ми вика ама јас сум Дарко. Јас му викам, абе ти не си Дарко и точка. Се вртам јас кон брат ми, го викам него и му велам - Ти личи овој на Дарко, мене не ми личи. Брат ми дипломатски одговара, може е Дарко, ама може и не. А да се договорите вие најдобро, еве јас ќе ви бидам медијатор. Се чека се на Дарко, а овој очигледно со одредени соменинија вика - Ај ќе преговараме, ама ќе видите дека јас сум Дарко.
Што е поентата? Да имаше Дарко, или Македонија цврст став (плус да знаеше точно кој е и што е) ќе речеше „Ама јас сум Дарко и точка.“ или „Јас сум македонец од Македонија и точка.“
Гледате самото одење на преговори повлекува една негативна работа која е очигледна ако се размислува трезвено и напорно. Штом некој преговара значи не е сигурен во своите ставови, и истите тие ставови се променливи.
На кој му одговара ваков став?
Повторно на Бугарија, Грција и останатите добри соседи.
Бугарија повторно може да го оправдува (и докажува) својот сомнеж „македонците се бугари кои не знаат дека се бугари“ со уште еден факт повеќе. Ете гледате дека не знаат што се, видете ги, ако знаеја ќе преговараа ли?
Со самиот чин на преговарање се доведува во прашање идентитетот. Самото преговарање е доказ дека Македонија (пардон, БЈРМ) има разлабавен став во однос на нацијата и својата припадност.
Мислите дека не? Мислите дека светот е либерален? Мислите дека национализмот е изумрен? Мислите дека патриотизмот е глупост?
Ве молам, кажете му на французин дека не е французин. Кажете му на англичанец дека Англија ќе мора да смени име.
Но знаете ли што е најтрагично? Што поради немање историја, поради вековна пропаганда, македонскиот народ е наведен да работи против себе. Поради немање историја и чуство на припадност кон една нација одредени групи притискаат за сменување на името. Внатре во државата. Но тоа не е најтрагичносто. Најтрагично е што било која земја од ЕУ и НАТО (оние истите каде што сакаат да одат по цена на име и идентитет) никогаш не би го прокоцкала идентитетот и името на државата поради било која причина. Тие се идентификуваат со тоа име. А ние со што?
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
92 % се за НАТО зш мислат дека ќе бидиме ептен сигурни никој ништи нема да ни може.
95 % се за ЕУ зш мислат дека по нашиот влез таму ќе тече мед и млеко.

Yeah right...
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
а кој е тој ?
дали почнува да ти се разјаснува зошто вмро победи на избориве ...
зашто прва точка му беше економски развој .. па се потоа ..
Хаха... Значи две утки. Ниту економски развој, ниту членство во НАТО и приближување кон ЕУ.
дали знаеш која беше кампањата на сдсм?
нато-еу, нато-еу, нато-еу, нато-еу, нато-еу, нато-еу, нато-еу, нато-еу,
немаше друго ...:toe:
Точно. Измериле луѓето и пресекле дека врвен приоритет на Македонија е членството во Евроатланските институции, и сеуште држат кон тоа.
Додека од другата страна незнаеме дали имаме риба или девојка.
Еднаш ти обеќаат зачувано име.
Другпат НАТО и ЕУ.
Трет, разумен компромис.

Сеа може појасно ќе ти стане за каква манипулација зборам.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Епа ајде, реален, анастазија, марсовка, самоубицата ако е на форумов исто така, читајте текстов посебно последните неколку реченици, и коментирајте, многу ме интересира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom