- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Правична застапеност за Македонците во Тетово
Во општината Тетово повторно нема ниту еден Македонец што раководи со сектор во локалната самоуправа или некое јавно претпријатие. До неодамна единствениот Македонец-раководител на сектор беше Славица Серафимовска, но по завршување на еден судски спор беше вратена на поранешното работно место. Таа беше раководителка на Секторот за правни работи и единствена претставничка на една од неалбанските заедници што имаше раководно место во општинската администрација. На нејзиното место доаѓа Рамије Цара, која, кога градоначалник на општината Тетово беше Хазби Лика, од раководителка на Секторот за правни работи е поставена на пониската функција советник. Сепак тоа што менувањето е резултат на судската одлука не го менува фактот дека во локалната самоуправа на Тетово повторно нема ниту еден раководител од македонска националност. По изборот на Сади Беџети како кандидатот на ДПА за градоначалник на Тетово, се сменија многу раководни места во општинската администрација. Во секторот за урбанизам, наместо Даут Емини, беше именуван Скендер Палоши, поранешен заменик-министер за транспорт и врски од ДПА. Секторот за образование, наместо досегашниот Енвер Беќири, го доби Илјаз Халими, поранешен потпретседател на Собранието од редовите на ДПА. Финансиите на општината, наместо Флорие Мифтари, ќе ги раководи Аднан Незири, а главен општински инспектор, наместо Гзим Ганиу, е Неритан Ферати. Нов шеф во јавното комунално претпријатие е Нуредин Фатехи наместо досегашниот Хајрула Хасани, а во Геоинженеринг наместо Џемали Мехази доаѓа Мусадик Беќири.
- Поради таквата ситуација наскоро ќе се разгледуваат можностите за исполнување на потребите за правична застапеност на Македонците. Македонци најверојатно ќе бидат раководител на еден сектор и на едно јавно претпријатие - изјави Бардуљ Заими, шеф на канцеларијата за информирање.
Во Советот на општината, каде што ДУИ заедно со ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија го има мнозинството, за претседател беше избран Ирфан Емини од ДУИ. При изборот на Емини, советникот на ВМРО-народна партија Драган Давидовски бараше во согласност со јавниот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за соработка на изборите, Македонец да биде претседател на Советот. Сепак мнозинството го избра Емини, а неисполнувањето на договореното во кулоарите се објаснуваше како неминовно поради неуспехот на двете партии Хазби Лика да ја задржи градоначалничката функција по локалните избори.
Советникот Мирослав Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека неговата партија не може да издејствува именување Македонец на позиција во еден од секторите, зошто тоа е во надлежност на градоначалникот, кој е од ДПА.
- Ингеренциите на Советот се однесуваат на поставување раководители на комисии, управни одбори и на училишни одбори. Во таа насока ние како партија и советниците во иднина ќе бараме правична застапеност и раководни функции за Македонците. Со оглед дека штотуку се формира Советот, во тек се подготвителните работи - изјави Кочовски.
Во советот на општината Тетово, од 31 советник, сега има 9 советници Македонци или четиворица повеќе од минатиот состав.
Советникот од ВМРО-народна партија Драган Давидовски вели дека за да се заштити политичко-културниот опстанок на Македонците на овие простори ќе продолжи со барањата да се спроведе иницијативата Тетово да добие повеќе општини.
- Ние сметаме дека Македонците се дискриминирани во делот на вработувањето, распределбата на раководните функции, правично трошење на буџетските средства - вели Давидовски. Идејата е една од овие општини односно централното градско подрачје да биде македонска општина со градоначалник Македонец и совет со мнозинство Македонци.
Извор Нова Македонија