Македонците од западна Македонија се почесто дискриминирани

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Правична застапеност за Македонците во Тетово


Во општината Тетово повторно нема ниту еден Македонец што раководи со сектор во локалната самоуправа или некое јавно претпријатие. До неодамна единствениот Македонец-раководител на сектор беше Славица Серафимовска, но по завршување на еден судски спор беше вратена на поранешното работно место. Таа беше раководителка на Секторот за правни работи и единствена претставничка на една од неалбанските заедници што имаше раководно место во општинската администрација. На нејзиното место доаѓа Рамије Цара, која, кога градоначалник на општината Тетово беше Хазби Лика, од раководителка на Секторот за правни работи е поставена на пониската функција советник. Сепак тоа што менувањето е резултат на судската одлука не го менува фактот дека во локалната самоуправа на Тетово повторно нема ниту еден раководител од македонска националност. По изборот на Сади Беџети како кандидатот на ДПА за градоначалник на Тетово, се сменија многу раководни места во општинската администрација. Во секторот за урбанизам, наместо Даут Емини, беше именуван Скендер Палоши, поранешен заменик-министер за транспорт и врски од ДПА. Секторот за образование, наместо досегашниот Енвер Беќири, го доби Илјаз Халими, поранешен потпретседател на Собранието од редовите на ДПА. Финансиите на општината, наместо Флорие Мифтари, ќе ги раководи Аднан Незири, а главен општински инспектор, наместо Гзим Ганиу, е Неритан Ферати. Нов шеф во јавното комунално претпријатие е Нуредин Фатехи наместо досегашниот Хајрула Хасани, а во Геоинженеринг наместо Џемали Мехази доаѓа Мусадик Беќири.

- Поради таквата ситуација наскоро ќе се разгледуваат можностите за исполнување на потребите за правична застапеност на Македонците. Македонци најверојатно ќе бидат раководител на еден сектор и на едно јавно претпријатие - изјави Бардуљ Заими, шеф на канцеларијата за информирање.

Во Советот на општината, каде што ДУИ заедно со ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија го има мнозинството, за претседател беше избран Ирфан Емини од ДУИ. При изборот на Емини, советникот на ВМРО-народна партија Драган Давидовски бараше во согласност со јавниот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за соработка на изборите, Македонец да биде претседател на Советот. Сепак мнозинството го избра Емини, а неисполнувањето на договореното во кулоарите се објаснуваше како неминовно поради неуспехот на двете партии Хазби Лика да ја задржи градоначалничката функција по локалните избори.

Советникот Мирослав Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека неговата партија не може да издејствува именување Македонец на позиција во еден од секторите, зошто тоа е во надлежност на градоначалникот, кој е од ДПА.

- Ингеренциите на Советот се однесуваат на поставување раководители на комисии, управни одбори и на училишни одбори. Во таа насока ние како партија и советниците во иднина ќе бараме правична застапеност и раководни функции за Македонците. Со оглед дека штотуку се формира Советот, во тек се подготвителните работи - изјави Кочовски.

Во советот на општината Тетово, од 31 советник, сега има 9 советници Македонци или четиворица повеќе од минатиот состав.

Советникот од ВМРО-народна партија Драган Давидовски вели дека за да се заштити политичко-културниот опстанок на Македонците на овие простори ќе продолжи со барањата да се спроведе иницијативата Тетово да добие повеќе општини.

- Ние сметаме дека Македонците се дискриминирани во делот на вработувањето, распределбата на раководните функции, правично трошење на буџетските средства - вели Давидовски. Идејата е една од овие општини односно централното градско подрачје да биде македонска општина со градоначалник Македонец и совет со мнозинство Македонци.

Извор Нова Македонија
 
Правична застапеност за Македонците во Тетово

Во општината Тетово повторно нема ниту еден Македонец што раководи со сектор во локалната самоуправа или некое јавно претпријатие.
- Поради таквата ситуација наскоро ќе се разгледуваат можностите за исполнување на потребите за правична застапеност на Македонците. Македонци најверојатно ќе бидат раководител на еден сектор и на едно јавно претпријатие - изјави Бардуљ Заими, шеф на канцеларијата за информирање.

Доколку се работеше за Албанците тогаш ова ќе беше топ тема кај Македонските медиуми, но кога се работи за Македонците никој не се интересира. Овој проблем настана со децентрализацијата која сојузот и албанскиот дел од партиите ја поддржаа оваа поделба, а ние Македонците излеговме на реферндум чиј резултат беше негативен. Сега Македонците се малцинство во СВОЈАТА ДРЖАВА И МОЛАТ ЗА ОСНОВНИ ПРАВА!!! Ова би било чудно кога оваа држава би била Франција, Германија, Англија, Русија, Кина но бидејќи се работи за Македонија интересот е многу мал. Срамота е ова што го прават Албаниците, но уште поголем срам е што ние не реагираме и им дозволуваме да го парават ова! Тие буквално добија сила да прават што сакаат во оваа држава, а за тоа имаат и поддршка од сите, одосно никој не се обидува да им застане на пат. Каде се сега партиите од опозицијата да излезат и да кажат луѓе што правите чекајте ова неиде вака или власта да да рече вака не може повеќе ДОСТА Е!!! Но јас верувам дека ќе дојдат други времиња кога нашиот заспан Македонски народ ќе се разбуди ... ехх тогаш ќе биде интересно да се чуе и да се види партииве како ќе се бранат
 
Порано се бунеја дека биле дискриминирани Албанците, можеби биле во право можеби не. Ама изгледа ако се во можност не се ништо поарни. Мене лично ова не ме чуди.
 
Европа да ја превземе одговорноста за Рамковниот договор сега, нека не се прават ретардирани, има да платат за се што направија.
 
Европа да ја превземе одговорноста за Рамковниот договор сега, нека не се прават ретардирани, има да платат за се што направија.
Нити некој ќе понесе одговорност,нити пак ќе плати.Кај ни беа нас очите.Капак на се пак беше територијалната поделба.
 
А не, овие прашања не заслужуваат одговор.
 
- Поради таквата ситуација наскоро ќе се разгледуваат можностите за исполнување на потребите за правична застапеност на Македонците. Македонци најверојатно ќе бидат раководител на еден сектор и на едно јавно претпријатие - изјави Бардуљ Заими, шеф на канцеларијата за информирање.
Конечно да се превзеде некоја иницијатива во корист на граѓаните со Македонска национална припадност во западниот дел на Македонија. Редно беше веќе некој да го покрене прашањето за неговата крајната дискриминација, посебно во поглед на вработувањето и раководењето на јавните сектори.
Иако ова прашање нема соодветна медиумска покриеност, какво што би заслужувало, се надевам на позитивен епилог.
 
Европа да ја превземе одговорноста за Рамковниот договор сега

Да им одговараше ќе превземеа одговорност,ама очигледно им одговара да се "ретардирани" :tapp:
А и не го гледам овој американецов Рикер да искоментира нешто за ваквата ситуација.Нели американциве не сакаат многу?Каде се сега или па "сакањето" е уште еден вид маркетинг........
 
Aбе што сакаат нека превземат јас се селам од тука!!!:salut:
 
Aбе што сакаат нека превземат јас се селам од тука!!!:salut:


Ти кој што тврдеше дека нема да ја продадеш куќата? :)
Немој после година само да тврдиш дека некој со сила те натерал да продадеш куќата...


П.С колку пари ја шиткаш?
 
Ти кој што тврдеше дека нема да ја продадеш куќата? :)
Немој после година само да тврдиш дека некој со сила те натерал да продадеш куќата...


П.С колку пари ја шиткаш?
Никогаш не велев дека нема да ја продадам.Ако сакаш да ја купиш пиши ПП:pos:Скапо ќе ти се фати...
 
Никогаш не велев дека нема да ја продадам.Ако сакаш да ја купиш пиши ПП:pos:Скапо ќе ти се фати...
Nemaj gajle.
Imame pari da te kupime.

p.s. kako bese ona... bulashi kolku sakas, pari nema samo ( bulashi=sitkaci,kvazipatrioti ) :toe::toe::vozbud::vozbud:
 
koga bila zapadna makedonija pod albanija?? -nikogas! ako im se popusteni uzdite ne znaci i deka gi nema.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom