За Македонската Кауза!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Неможеш да создадеш организации кои ќе со осигураат нашиот идентитет кога прво политиката премногу се меша во нашите животи и ги диктира нашите мислења.Не може Македонија земја од 2 милиони жители, половина да не сфаќаат дека е битен идентитетот за да опстане една држава.Половина без развиено чуство за национална припадност.Најважно лидерите прво да направат национална стратегија со која единствено ќе настапат пред меѓународните органи.Темава има светла иднина.Браво за Братот.:helou:

На тоа се работи, а верувај дека е можно создавање на организации само секогаш е потребен оној прв чекор, потребен е импулсот.

It's time more and more ordinary citizens build and strengthen our culture, values and identity.



До неодамна во потписот ми стоеше Macedonia-Building a Stronger Nation
mkdbuildingstrong.png


и верувам тоа ќе стане животен проект на секој еден Македонец.
 
Се сложуваме во однос на каузата.


Во врска со последава твоја реченица, имаш ли некој конкретен предлог за надополнување на текстот во првиот пост, некои замерки, поправки, можеби за 1) точка која ја дискутираме погоре?

Уставно име е менлива категорија.
Промена на Устав може да се издејствува по пат на референдум или по пат на 2/3 мнозинство во парламентот.

1. Македонија без геогравски одредници или било која додавка која ќе биде предмет на поделба на Македонскиот народ.
Македонскиот народ низ историјата не познава друго име за својата држава од самото име Македонија и тоа е неотуѓиво право на Македонскиот народ да се идентификува со тоа име.

Ние сме специјален случај и бара специјален третман истово прашање.
Истото е отежнато што и од внатре имаме специјалисти.
 
Па затоа му велам да рече само име.

Името е Макдонија.

Нема менување на истото.


Да името ни е Македонија,без двојни или тројни формули.

Македонија нека остане во склоп, но што ако се смени Република во НОВА или Северна?


Капитулација за сите нас како македонци.
 
Да името ни е Македонија,без двојни или тројни формули.

Македонија нека остане во склоп, но што ако се смени Република во НОВА или Северна?


Капитулација за сите нас како македонци.


Република е државното уредување... различно е тоа. Ние сме Република Македонија но не сме под Р... туку под М.

Нова, Северна... тоа е веќе одредница, а по наше тоа значи менување на името.
 
Ќе почекам на совет и од Гарфиелд, ме интересира како тој би ја формулирал таа реченица.


И претпочитајте кога не се согласувате со нешто, освен тоа да го потврдите, обидете се да дадете ваш конкретен предлог, за да не биде дека еден човек треба да ви ги погаѓа мислите.

Кажуваш, мислам дека првата реченица би требало поинаку да се формулира и ја напишуваш како што мислиш дека би требало.

1) Неменливост на етнокултурното и историско име Македонија, од кое произлегува Уставното име на Република Македонија, како и името на народот - Македонци и јазикот - Македонски.

Што да се смени, да биде кратко и јасно без многу описни зборови.

Неменливост на:
1.
2.
3.
....

Пишете ги предлозите.
 
1. име на државата
2. име на народот
3. име на јазикот
 
1) Неменливост на националното, етнокултурното и историско име Македонија.




Вака се' е опфатено???
 
1) Ние сме Македонци, а нашата земја е Македонија. (точка) :salut:
 
1) Ние сме Македонци, а нашата земја е Македонија. (точка) :salut:

Треба малце осет и за една друга димензија, не сакам да сум досаден во објаснувањето.

Немаше да ја пишуваме каузата доколку не знаевме кои сме и од каде сме, поентата кои треба да ни бидат целите, заложбите земајќи ја во обѕир целокупната(моментална) ситуација.

Се работи за став со кој поддржуваме или не поддржуваме промена на државното име, идентитетот севкупно?

Ако НЕ поддржуваме треба да напишеме што за нас е неприфатливо, односно која промена и на што ние нема да ја дозволиме!
 
Затоа треба да се оди стрпливо и во етапи...
Помладите не се проблен најголемиот проблем доага од постарите...
Кај нив тешко дека ке се смени нешто...
Апсолутно се согласувам со ова, сметам дека народ почна да се буди и да ја сфаќа важноста на овој проблем, треба да се оди стрпливо без притисок и без брзи одлуки, кои покасно би можеле скапо да не' чинат.
Затоа оваа тема заслужува внимание, мислам дека добар дел форумџиите овде имаат капацитет да дадат свој придонес во формулирањето на Македонската кауза. За почеток целосна поддршка и од мене, подоцна се надевам дека ќе се вклучам со некој свој предлог:smir:

1) Неменливост на националното, етнокултурното и историско име Македонија.
Мислам дека се' е опфатено во оваа реченица
Кратко и јасно:smir:
 
1) Неменливост на националното, етнокултурното и историско име Македонија.




Вака се' е опфатено???


Ова е според мене најдобра дефиниција на оваа точка до сега...
Веднаш ми легна...
 
Јас би додал

1) Неменливост на нашето национално, етнокултурно и историско име Македонија.
 

Безусловно признавање и прифаќање на:

1) Неменливост на Уставното име на Република Македонија,
2) посебниот македонски јазик,
3) уникатната македонска култура, македонските симболи, фолклор и етнички идентитет,
4) на целата македонска историја и нејзиниот континуитет, како и
5) на сите македонски кралеви и владетели, револуционери, писатели, поети и сите херои на македонската историја од македонската етничка припадност, како и
6) на македонската православна црква,

Брат ти фали основниот предуслов за ова.....нешто слично ко во хрватска...

***Конечно национално помирување на македонците***
без никакви условувања (федералисти, автономисти, партизани, комити...)
 
Јас би додал

1) Неменливост на нашето национално, етнокултурно и историско име Македонија.

Добра забелешка, прифатено.

1) Неменливост на нашето национално, етнокултурно и историско име Македонија.

Брат ти фали основниот предуслов за ова.....нешто слично ко во хрватска...

***Конечно национално помирување на македонците***
без никакви условувања (федералисти, автономисти, партизани, комити...)

Поточно што предлагаш?

Ова само го воочуваш како коментар или предлагаш да се вметне во текстот?

Биди конкретен и напиши го како што мислиш дека треба да стои.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom