Нов конгрес на СДСМ?

Член од
29 ноември 2008
Мислења
51
Поени од реакции
1
Се уште се дискутира за вакви луѓе ај оставетего нека си ја води партијата во поголем пропаст стварно што рекол дека има октопод во државава а пипките се кај него болни за власт ај нека си седи таму и нека си ќути зашто не го бива за ништо.
 
SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.574
Поени од реакции
295
Се уште се дискутира за вакви луѓе ај оставетего нека си ја води партијата во поголем пропаст
I jas toa vikav,shto ste se uplashile tolku od Branko ostavete go choekot na raat neka ja vodi partijata na Pinochevci vo propast.
 
Член од
30 март 2009
Мислења
418
Поени од реакции
27
Uplav imaat breeeee.
I jas ke imam uplav ako nesposoben mi e idol.
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Од кондоми дупнати никој не се плаши.
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Togash kje vi beshe seedno shto toj kje ja vodi partijata a ne protesti da pravite i od usta da ne go vadite imeto Branko.
Криво ни е што нашите брака и сестри од СДСМ се неосвестени и партијата им тоне со ризик да останеме без опозиција а тоа не е добро за сите
 
Член од
30 март 2009
Мислења
418
Поени од реакции
27
Ништо во историјата на оваа наша, се уште млада независна држава не беше стекнато на лесен начин. Во овие 18 години се соочувавме со проблеми и тешкотии, со ризици и предизвици, далеку поголеми од овие денешниве. Но тврдам дека секогаш, и кога бевме на власт и кога бевме во опозиција, знаевме кон што се стремиме и која е нашата цел. Никогаш немавме дилеми кои се нашите највисоки приоритети и стратешки определби.

За жал, денес Република Македонија е држава без државни стратегии. Се е тактика и дневна политика. Не постои никаков заокружен, конзистентен долгорочен план каде сакаме како земја да се најдеме по 2, 5 или 10 години ниту пак со каква политика тоа ќе го постигнеме. Се е подредено на резултатите на следната анкета, сите проекции важат најдалеку до следните избори, се е мотивирано само со личниот и партискиот успех.

Популизмот, површноста и неодговорноста се клучни карактеристики на начинот на кој денес се води државата. Наместо да се учи од историјата и инвестира во иднината, историјата се злоупотребува, иднината се распродава и се во име на нечија моментална слава, амбиција и суета.

Република Македонија денес се соочува со бројни и тешки проблеми на сите полиња. Проблеми кои не трпат одлагање и кои мора да бидат решени.

Евро-атлантските интеграции на нашата земја се целосно блокирани. 14 месеци имаме покана за членство во НАТО-Алијансата, која не можеме да ја ефектуираме. 4 години не можеме да добиеме датум за преговори со Европската Унија. Сите околу нас напредуваат, не стигаат и престигаат, а ние стоиме во место. Економско-социјалните состојби во земјата се влошуваат во подолг временски период, а со светската економска криза стануваат катастрофални. Кризата на почетокот се игнорираше, потоа се третираше како наша голема шанса, за да сега се користи како изговор за се и сешто, а најмногу за да не се презема ништо.

Невработеноста и сиромаштијата се поголеми од било кога и тука никакви кампањи за ширење оптимизам, никакви лажни статистички податоци не можат да ја скријат вистината.

Не се единствените споменици и музеи на преродбата во 100 чекори само оние во центарот на Скопје. Многу повеќе на број и со многу поголема вредност која се мери со илјадници човечки судбини се оние во форма на затворени фабрики и фирми ширум Македонија во текстилната, металната, градежната индустрија.

Трговскиот дефицит на земјата е на рекордно ниво без реални извори за негово финансирање. Девизните резерви на државата секојдневно се топат. Почнувајќи од 1991-та кога почнавме од нула, никогаш, ниту во време на санкции и ембарга ниту во време на војни во регионот, ниту во време на воениот конфликт во 2001-та ваков пад на резервите не сме имале. Напротив се штедеа, се чуваа и зголемуваа за да се има во најлошото, за не дај боже времиња.

Сега за една година се намалија за преку 500 милиони евра. Е па драги пријатели од тука станува јасно дека денес, под оваа власт најлошото не стигна. Не дај боже времињата дојдоа.

Странски инвестиции во Македонија нема, ниту пак има сериозни најави дека ќе дојдат.

Сите меѓународни финансиски институции ни предвидуваат рецесија и понатамошно радикално влошување на состојбите.

Ова е период на големо уназадување на демократијата во Македонија. Сведоци сме на досега невидена партизација на администрацијата. Знаењето е сила, знаењето е моќ, ама само во рекламите. Во пракса партиската книшка е поважна и од дипломата и од искуството; партиската препорака е решавачка за секој конкурс.

Се гази автономијата на универзитетите и се ставаат под директна контрола на власта. Тепањето на студентите на мирен протест за нивниот ректор е небитна работа за која не вреди да се расправа.

Наместо да се поттикнува и охрабрува цивилниот сектор тој се разнебитува со продуцирање на владино-невладини организации.

Медиумскиот простор се узурпира било преку притисоци и закани, било преку корумпирање со огромни буџетски средства.

На кое ниво сме вратени назад говори фактот што за врвен демократски дострел се прогласува тоа што на изборите немало пукање и убивање.

Во Македонија денес ниту уставот и законите не важат подеднакво за сите, туку се толкуваат и спроведуваат во зависност од тоа дали сте во милост или немилост на власта.

Наместо судството да биде последната брана и заштита пред неправдата тоа е изложено на огромни притисоци, политичко влијание и понижување.

Најповиканите да го штитат Уставот и авторитетот на судските институции се први во рушењето на нивниот углед и достоинство.

Повикувањето на линч и правењето на црни листи на судии на Уставниот суд и тоа во име на власта се толкува како израз на високата демократија.

Почитувани делегати,

Никогаш во историјата на Република Македонија како сега, не било присутно лицемерието и не бил толку голем расчекорот помеѓу декларативните заложби и реалната политика; помеѓу она што се говори и она што се прави.

Никогаш повеќе не се говорело за единство, слога и заедништво и никогаш повеќе не се правеле поделби меѓу народот; поделби на наши и ваши, на патриоти и предавници, на преродбеници и кочничари, на антички и словенски македонци, на верници и неверници.

Никогаш повеќе не се говорело за зачувување и одбрана на националниот идентитет и никогаш како сега не се спроведувала политика на редефинирање, на менување а со самото тоа и проблематизирање на истиот тој идентитет.

Постојано се повторуваат фразите за неопходноста од меѓуетничка и меѓурелигиска доверба и толеранција, а во исто време се форсираат бројни моноетнички и монорелигиски проекти и иницијативи кои наместо да не интегрираат не подвојуваат.

Никогаш повеќе не се говорело за економски реформи и никогаш помалку не се направило на тој план. Секој ден од утро до вечер се говори за потребата и важноста на странските инвестиции, а паралелно се води политика да се протераат и оние инвеститори кои се веќе присутни во земјата.

Како никогаш до сега често и без прекин се говори за посветеноста и значајот на Евро-атлантските интеграции а во исто време се прави се тие да не се остварат.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Убаво кажано, ама штета што ова е само на хартија.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278

Зато НА 15 СЕПТЕМВРИ...........:sekss:
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Pa on moze da sanja da bide kako Branko i da vladee kako nego, za toa treba da se ima kapacitet... taka da ostanuva prasanjeto koj ke go e*e Gruevski. Ti? :smir:

Ti od pred malku si na ignore kaj mene.. Sekoja sledna prilika zaobikoli me.
Mal dobronameren sovet
Јас незнам кој ќе го ебе Груевски но знам дека тој сега многумина ебава.Па во наредниве 4 години ќе мора да си приремат доволно вазелин.А што се однесува на капацитетот Бранко знаеш на што личите?На она:Операцијата успешна но пациентот на бапка.Така и Б.Ц е успешен прво премиер па прецедник но никако на Македонија да и трегне.А како бии тргнало кога капацитетот остави прплес зад себе.

Напишано од realen_07Тоа ти е вемереовска весела математика. 18 + 4 + 3 + 2 = 18. Ај иди докажи му дека не е 18.
Мислев дека добро се снајдуваш со бројки,но јас ова би го нарекол СДСМовска весела математика.
Сигурен си во ова ?
100%
Доколку читаш само Вечер и Нова Македонија, така е :toe:
Вечер и Нова Македонија заборавив како изгледаат.Но се што набројав предходно народот го осети на своја кожа.
Колку и да се трудите да го одтргнете Љубчо од историјата на ДПМНЕ, нема да ви успее.
Љубчо едноставно си е ВАШ.
Никој не се ни обидува да го оттргне но ете во ВЕМЕРО со таквите како Лјубџо како се справуваат додека во СЕДЕСЕто сеуште се надеваат дека ќе добијат ОД БОГА ЗДРАВЈЕ.Историјата на која припаѓа Лјубџо не може да се замисли без Бранко.Некако тие двајца одат заедно.
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
Сега ме мрзеше да ги наоѓам цитатите (двапати ја читам темава од почеток до крај) .. едноставно не прифаќам моментот дека не било ништо променето со ова ВМРО откако е на власт.. но токму и тоа е нештото што овие од СДС-то не го разбираат.. се има променето!! и тоа многу од трансакциона сметка до земјоделски бенефиции.. па и трошењето во културата или плачењето на секој што е вработен во администрацијата од пеколното темпо и динамика на работа во државните институции ..што досега небеше случај.. едноставно секоја од овие мерки остава своја трага и печат врз меморијата на сите луѓе кои се во своите бранши и секојдневие.. тоа мене ми се чини дека ги ужаснува левичарите. Знаете, нема паралела, нема судир на опции.. нема конкретни предлози, ниту пак некои конкретни дебати од опозицијава (со исклучок на нивната цврста определба за промена на името) друго едноставно нема .. сепак РМ не е влезена во негатива со својот економски раст додека се гушат сите во регионов и светов со свои дебели минуси .. не дека сме ние рајската градина .. но ПОДОБРИ СМЕ од сите околу, барем во начинот како што се справуваме со маките..

Некако ми налетаа уште еден куп работи што сака да ги пишувам но ќе оставам за друга прилика касно е веќе. За крај само сакам да кажам, најискрено дека македонската демократија е сега навистина пред еден голем тест.. го мислам тоа.. порано многу често го велев тоа дека СДС-то мора да расчисти со анахрони личности и појави.. сега му е мајката !!! 3,5 години до избори.. цела опозиција очекува од Бранко нешто што реално тој нема капацитет да го изведе.. еве и да згресам, чувајте го постов и ако Вашите очекувања бидат изневерени удирајте му клоците и земајте му го местото.. оваа генерација нова треба да ја носи на грб македонската иднина.. тоа не е моја желба да остане мојата опција на власт.. тоа е моја желба да расчистиме со стереотипите и табуата еднаш засекогаш и конечно веќе националната стратегија и консензус по наионалните прашања бидат ефективна реалност.
Ај доста ве замарав
поздрав, :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom