B
Borg_Drone
Гостин
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109034Гостин на А1 беше Игор Ивановски, човек од раководството на СДСМ. Според него принципите кои биле напуштени после заминувањето на Црвенковски од претседателската функција во партијата, довеле до лоши резултати на изборите.
Без секого се може - тоа беше максимата на Црвенковски. Се може ли без Црвенковски во СДСМ?
-Тоа беше само една полу реченица, во контекст на потребата за радикално кадровско обновување, но и за принципите на игра коишто ќе важат од сега натаму, како што најави новиот претседател Црвенковски, а коишто за жал, беа напуштени во изминатиот период, па и ги дочекавме тие лоши изборни резултати во три наврати. На СДСМ му е потребен секој член, но на СДСМ не му е потребен секој член којшто допринесува за намалување на угледот, на рејтингот, затоа и можеме слободно да кажеме дека без секого се може, како и во животот.
Се може ли без Црвенковски во СДСМ?
-Денеска СДСМ одлучи дека му треба Црвенковски, и тоа повеќе од било кога.
Се може ли без вас? Се гледате ли во новиот тим на Црвенковски?
-И без мене и без секого во СДСМ се може. И тоа не е ништо страшно. Јас стојам на располагање на партијата и на проценката на претседателот.
Но не знаете каква функција би имале?
-Тоа ќе биде заедничка одлука на конгресот за две недели од сега, којшто денеска го закажавме. Тој ќе биде на 7 јуни во Охрид.
Ќе се вратат ли Тито Петковски, Љупчо Јордановски, ќе има ли окрупнување во СДСМ?
-Па ние не сме преокупирани со тоа прашање во овој момент. И едниот и другиот во моментов се претседатели на други партии.
Дали ги гледате вие во СДСМ?
-ВО СДСМ во овој момент сме преокупирани да ја консолидираме партијата. Кога во тоа ќе успееме, сите ќе сакаат, вклучително и тие да бидат со СДСМ.
Но дали вие би сакале да влезат?
-Јас сметам дека во овој момент не е воопшто круцијалното прашање, ни поврзано со Тито Петковски, ни со Љупчо Јордановски, туку напротив со голем број на млади луѓе, коишто се во СДСМ, а не ја добиле својата шанса да бидат доволно експонирани, и дополнително со луѓе што се надвор од СДСМ, и имаат желба да помогнат.
Младите кадри кои ги споменувате вие, не влегуваат, претпоставувам Илинка Митрева, Никола Поповски, Каролина Ристова, или грешам?
-На ова прашање ниту јас, ниту било кој друг не би можеле да ви одговорат во овој момент, од проста причина што, од утре натаму ние започнуваме постапка за избор на нови органи. Таа ќе финишира на седми, и за редефинираната кадровска понуда, ќе можеме да разговараме после седми.
Повеќе од интервјуто погледнете во видеото.
По ова интервју можам и да заклучам дека Петковски и остала компанија која излезе од СДСМ ќе се врати, а новиот кадар на СДСМ најверојатно ќе бидат децата на претходнициве, значи исто како да не е реформирана партијата.

Зошто сепак социјал демократите се гладни за моќ пари и функции(тоа можам да го заклучам кога збори Ивановски дека на СДСМ потребен и е Црвенковски, а сите го знаеме Црвенковски во што е добар), а народот нормално, пак ќе го гледаат како овца, со една реченица, нема да има реформа, само ќе има мала шминка во партијата, ништо повеќе.