Метла за околу 30.000 привремено вработени во администрацијата

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Најновите предвидувања се дека до крајот на годинава, каматните стапки во нашите банки ќе се покачат за 100%. Па кој има кредит.. нека се чеша.
Како 100 посто. На 30 посто ќе ги качат каматите? Чии предвидувања се тоа? Или заплашувања? времето ќе каже, но 30-40 посто камати, хм. Отидоа скоро сите фирми и граѓани под стечај. Да не се ова лиферувани муабети се од едно место? Од оние кои имаат податок за скоро 150 илјади буџетари? Има некој извор/линк за ова? Ај попладне ќе се распрашам кој и како лиферува вакви податоци. А гледајќи кој воглавно ги држи банките, не е чудо да си играат баш тие со економијата и државата.
 
Епа овој министер според мене е еден од најдобрите што ВМРО можеше да ги стави на функција. Човекот има завршено Економски Факултет на кој што исто така магистрирал и докторирал плус тоа бил и најдобар на генерацијата што значи дека човекот си го бодува за овие работи. Сега за сега мислам дека добро работи на овој терен па за понатаму ќе видиме.:toe::helou:

Па ако де ,убаво за него.. ама резултатите кажуваат дали го бива него или не,зборам за резултатите како министер.
Оваа недела се појавија и некои шпеkулации за евентуална смена на министерот и све тоа е ок,али ако слушнав добро кој беше планиран да се стаи незанев дали да плачам или да се смеам :toe:
Миле Јанакиевски:tapp:

Ако сум грешка за информацијава,однапред се извинувам :)
 
А гледајќи кој воглавно ги држи банките, не е чудо да си играат баш тие со економијата и државата.
Порастот на каматите во последните неколку месеци е директно инициран поради нудењето на скапи државни обврзници од страна на власта.
 
Vcera pisav deka treba da se izbrka nepismenata bagra

Denes bi go nadgradil toa

Pod Hitno da se namotaat administrativcite koj kisnat na forumov.

Em sirat nervoza em od nasi pari plata zimaat :pos2:
 
Епа овој министер според мене е еден од најдобрите што ВМРО можеше да ги стави на функција. Човекот има завршено Економски Факултет на кој што исто така магистрирал и докторирал плус тоа бил и најдобар на генерацијата што значи дека човекот си го бодува за овие работи. Сега за сега мислам дека добро работи на овој терен па за понатаму ќе видиме.:toe::helou:

Незнам дали да го ставам ова во потпис или да го прескокнам како да не сум го прочитала.Бидејќи имаш само 17 години ќе ти опростам и ќе ти се заблагодарам што ми одговори.
 
Порастот на каматите во последните неколку месеци е директно инициран поради нудењето на скапи државни обврзници од страна на власта.
Добро ама тоа со 100 посто многу лошо звучи. Се е можно, но како шпекулација лошо делува во јавноста. Затоа ме интересираше некој извор.
Него ај да не звучам како нашиот оптимистички министер за финансии и да велам немогуќе.
 
Како 100 посто. На 30 посто ќе ги качат каматите? Чии предвидувања се тоа? Или заплашувања? времето ќе каже, но 30-40 посто камати, хм. Отидоа скоро сите фирми и граѓани под стечај. Да не се ова лиферувани муабети се од едно место? Од оние кои имаат податок за скоро 150 илјади буџетари? Има некој извор/линк за ова? Ај попладне ќе се распрашам кој и како лиферува вакви податоци. А гледајќи кој воглавно ги држи банките, не е чудо да си играат баш тие со економијата и државата.


Ај да помогнам малку со официјални очекувања,за движењето на каматните стапки во вториот квартал од годинава:
„Во поглед на очекувањата за насоката на промена на кредитните услови во вториот квартал на 2009 година,речиси сите банки очекуваат натамошно заострување на кредитните услови.54% очекуваат задолжително заострување на кредитните услови,а 38% делумно заострување.“
За разлика од последните очекувања 70% очекуваа делумно затегнување.Ризикот расте,а очекувањата се негативни.

Еве овде повеќе за читање НБРМ

Lurtz напиша:
Добро ама тоа со 100 посто многу лошо звучи. Се е можно, но како шпекулација лошо делува во јавноста. Затоа ме интересираше некој извор.
И јас се согласувам дека многу лошо звучи.Каматите ќе одат нагоре,но до каде ќе стигнат зависи од целата макроекономска ситуација.За да не се случи шок,некој треба да слушне што говорат другите и да не води инат.Бидејќи тој инат не е кон мене или кон некој друг,туку е инат кон сопствената земја.
 
Се е тоа во ред, идат нагоре, малку но идат. Но ако ги качат како што кажаа погоре накај 100%, тие сами ќе се затворат. Кога поголемиот дел од кредитите ќе си ги класифицираат во група ризични секако тоа ќе влијате на рејтингот, оценката на самата банка од страна на нбрм и следствено на тоа следат и други мерки. Сето тоа е домино ефект.
Да не зборам на памет, дома ќе го видам линкот/документот. Баш ме интересира и некои лица што ќе кажат за ова зголемување. Не тврдам дека е немогуќе, ама...

Најверојатно ќе ми се спојат мислењата, нема проблем. Значи ова што го гледам е за условите за кредити, ризици и нивниот рок. А од yin yang сеуште очекувам одговор за линк до податокот за огромно зголемување на каматните стапки.

Мислам дека повеќе сме погодени од отпуштањата во производните фирми или намалувањето на плати кај истите. Како и од гломазноста на државниот апарат (на кое се однесува и темата). А дали каматите на кредити ќе се 20 или 30 посто, тоа мислам дека е беспотребно плашење на населението. Може да шпекулираме и со некојаси воена состојба, со делби, ама не иде таков облик на психичка репресија.

Инаку откако започна еуфоријата со кризата па наваму дали може да ми каже некој за колку се зголемени каматите? А за колку депозитите за граѓани?
 
оваа бројка треба да е 60 000 од вкупно вработени во администрација
и тоа уште одамна требаше да се избркаат ама никој нема муда тоа да го стори оти со нив добиваат власт
 
никој нема муда тоа да го стори оти со нив добиваат власт
Точно, а без нив губат доста гласови. оти покрај нив помножено со два просек во фамилија гласачи и по некој нивни револтиран роднина (или роднина кој треба да ги издржува) излегува солидна бројка за било која партија или влада. Ќе се внесе голем социјален проблем, па и од таа страна ќе е исто танко.
 
Точно, а без нив губат доста гласови. оти покрај нив помножено со два просек во фамилија гласачи и по некој нивни револтиран роднина (или роднина кој треба да ги издржува) излегува солидна бројка за било која партија или влада.


Citenjeto na Administracijata ne e proces koj se sproveduva preku nok...
Potrebno e vreme, ogromna zelba i znaenje za ovoj proces da se sprovede sto pobezbolno i za opstestvoto i za glasovite...
So pameten i smislen pristap mislam deka ovoj proces e izvodliv...

Eve eden klasicen primer kako se namaluva administracijata a kako se zgolemuva efikasnosta...



ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИЗРАБОТКА НА СОФТВЕР ЗА ИНТЕГРИРАН ЗДРАВСТВЕН ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ
Министерот за здравство Бујар Османи и директорот на компанијата С&Т од Загреб, Божидар Видиќ денеска потпишаа Договор за изработка на софтвер за интегриран здравствен информатички систем (ИЗИС). Вредноста на системот е 178 милиони денари, а рокот на реализација на проектот е 24 месеци.
9AE539B0CD702F41B37A524CD0645567.jpg

Османи истакна дека овој ден е историски за здравството во Македонија бидејќи со овој договор почнува процесот на информатизација на јавниот здравствен систем. Воведувањето на системот, посочи тој, значи интегрирање на сите јавни здравствени установи во една централна дата база на податоци, поврзување со аптеките, Фондот за здравствено осигурување и Републичкиот завод за здравствена заштита.

- Рецептите и упатите ќе бидат електронски. Тоа значи дека во примарното здравство ќе се овозможи многу помалку администрација, а многу повеќе здравствена заштита, подобра услуга и прегледи. Проектот е комплементарен на електронската здравствена картичка која е во постапка на реализација, рече Османи.

Izvor : http://sitel.com.mk/?ItemID=E2259D0AF5851A4592C90C7C1C3EB183


Ova trebase odamna da se napravi ne samo vo zdravstvoto...So informatickite sistemi se zgolemuva efikasnosta a i se namaluvat trosocite ...
 
Се е тоа во ред, идат нагоре, малку но идат. Но ако ги качат како што кажаа погоре накај 100%, тие сами ќе се затворат. Кога поголемиот дел од кредитите ќе си ги класифицираат во група ризични секако тоа ќе влијате на рејтингот, оценката на самата банка од страна на нбрм и следствено на тоа следат и други мерки. Сето тоа е домино ефект.
Да не зборам на памет, дома ќе го видам линкот/документот. Баш ме интересира и некои лица што ќе кажат за ова зголемување. Не тврдам дека е немогуќе, ама...

Најверојатно ќе ми се спојат мислењата, нема проблем. Значи ова што го гледам е за условите за кредити, ризици и нивниот рок. А од yin yang сеуште очекувам одговор за линк до податокот за огромно зголемување на каматните стапки.

Мислам дека повеќе сме погодени од отпуштањата во производните фирми или намалувањето на плати кај истите. Како и од гломазноста на државниот апарат (на кое се однесува и темата). А дали каматите на кредити ќе се 20 или 30 посто, тоа мислам дека е беспотребно плашење на населението. Може да шпекулираме и со некојаси воена состојба, со делби, ама не иде таков облик на психичка репресија.

Инаку откако започна еуфоријата со кризата па наваму дали може да ми каже некој за колку се зголемени каматите? А за колку депозитите за граѓани?

Од јули поволни кредити за стопанството

Владата, банкарите и стопанските комори договорија поволни кредити за малите и средни претпријатија во висина од 180 милиони евра. Половината од средствата на кредитите за претпријатијата ќе ги обезбеди државата од Европската инвестициона банка (ЕИБ) во висина од 100 милиони евра, а останатите пари ќе ги обезбедат комерцијалните банки, кои ќе бидат задолжени за одобрување и исплата на кредитите.
Ѓорѓи Јанчески, генералниот директор на НЛБ Тутунска банка и претседател на Здружението за банкарство даде кусо објаснување дека државата воопшто нема да им се меша во одлуките за сервисирање на кредитите, кои ќе се даваат со најмногу 6 проценти камата.

Според него, банкарите поволно оцениле тоа што државата искажала подготвеност 50-те проценти од секој кредит да бидат одобрени во денари без девизна клаузула. Тоа се однесува и на краткорочните до 12 месеци и на долгорочните кредити на 3 до 5 години. Со тоа, државата покажува дека ќе ја одржува сигурноста и стабилноста на девизниот курс во наредните 3 до 5 години. Останува на банките да оценат за нивниот дел дали ќе одат со девизна клаузула или со денарска.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=55720&kategorija=7
 
кои ќе се даваат со најмногу 6 проценти камата.
Значи ќе се затегнат условите за кредити, и ќе се даде пакет кредити односно кредитни линии со пониска камата. Договорната клаузула ќе зависи од самите банки.
А во услови на криза во банкарскиот систем во светот, нашите банки за сите овие месеци досега многу малку ги дигнаа каматите, 0.5 до 1 или 1.5% мислам дека беше, што и не е голема бројка, односно е занемарливо према прогнозите кои се даваа во јавноста.

Ova trebase odamna da se napravi ne samo vo zdravstvoto...So informatickite sistemi se zgolemuva efikasnosta a i se namaluvat trosocite ...
kultuzin ова е корисно и практично како за пациентот, така и за матичниот и за фондот-односно буџетот на РМ. За пациентот од безбедносен аспект (во смисол на хронични болести, алергии на одредени медикаменти, опасни по неговото здравје). За матичниот ќе му се олесни работата со комплетна слика за пациентот и неговото здравје, а за фондот-од двете претходни фондот може само да добие, никако да изгуби. Така да, навистина ова е нешто долгоочекувано и корисно.
 
па на што личи тоа 120 000 вработени во јавна администрација????????ај барем да беше функционална и организирана.................тоа тие кога се НЕГИРА СТРУЧНИОТ КАДАР а се форсира партискиот кадар и т.н. "етничка" застапеност(која нема ни 10%интелегенција):tapp:ДО КОГА ВАКА???????
 
Значи ќе се затегнат условите за кредити, и ќе се даде пакет кредити односно кредитни линии со пониска камата. Договорната клаузула ќе зависи од самите банки.
А во услови на криза во банкарскиот систем во светот, нашите банки за сите овие месеци досега многу малку ги дигнаа каматите, 0.5 до 1 или 1.5% мислам дека беше, што и не е голема бројка, односно е занемарливо према прогнозите кои се даваа во јавноста.

kultuzin ова е корисно и практично како за пациентот, така и за матичниот и за фондот-односно буџетот на РМ. За пациентот од безбедносен аспект (во смисол на хронични болести, алергии на одредени медикаменти, опасни по неговото здравје). За матичниот ќе му се олесни работата со комплетна слика за пациентот и неговото здравје, а за фондот-од двете претходни фондот може само да добие, никако да изгуби. Така да, навистина ова е нешто долгоочекувано и корисно.


Se nadevam deka so ova ke se podtiknat i drugite administrativni sektori za digitalizacija na dokumentite...
Ovie 3 milioni evra sto se investirani vo zdravstvoto mnogu brgu ke se vratat i preplatat...
Digitalizacijata e cel kon koja mora da se stremime bez razlika na cenata...
Vo Germanija na primer pogolem broj na dokumentite ti stojat vo digitalna forma na web i se vazecki ne ti terba ni pecat ni nisto , kopiraj samo....
A kaj nas, na sto lici toa PECAT Opstestvo , za sekoja glupost kaj NOTAR toa nikade go nema...



Иако Рен потенцирал дека Македонија направила голем напредок со добрата организација на изборите, рекол дека мора да се продолжи со работата на основните услови за приближување кон ЕУ, пишува во соопштението од неговиот кабинет. Тој акцентот го ставил врз забрзувањето на реформите во судството, борбата со корупцијата и реформата на јавната администрација.

Izvor Vest....

Sakale ili ne reformi vo administracijata mora da ima, a odolgovlekuvanjeto samo ni steti na site nas...
A reformite se dobri ne samo poradi EU tuku i poradi Budjetot...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom