Метла за околу 30.000 привремено вработени во администрацијата

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Знаете што значи ова? Така? Ќе отпуштат 30.000, ќе влези ММФ, ќе го сменат името, ќе го олеснат визниот режим.. Леле... ќе го пуштат Иванов ова да го кажи јавно пред народ.. ццц.. го ставија за жртвено јагне :)
 
Судство и Администрација, без овие две работи уште долгу ќе чекаме во чекалнита на ЕУ...

Добро кој е човекот што оди сега на Алфа кај Оливара Трајковска, многу ми е познат...????
А и добар муабет направи човекот за Администрацијата....

Хаирдини поранешен министер за финансии...Само незнам во која влада...

Вели дека пумпање на администрацијата започнало 1999 година...
 
"Единствен критериум е да бидеш во партија. Не се бара ни стручност, ни професинланост", тврди тој.

Ова ќе го разберам како:"Му рекол зајакот на магарето имаш големи уши"
 
(30 000 х цифра по избор) + неколку десет илјади непотребни со решение за работен однос....

.....и после немало купување гласови....????????:helou:
 
Тоа не е опроавдување, туку трагедија

Не е купување гласови туку се ставени пред свршен чин. Ако не го викнат ММФ на помош инфлацијата има да се исправи до таван
 
Нема да има инфлација уште долги години,само што влеговме во дефлација.

Во контекс на темава еден цитат за да се освежите.Се разбира од Славевски

„Се предвидува дека ММФ би барал отпуштање буџетари кои според некои информации се146.000 луѓе:

- Не ви е точна информацијата 146.000 е преголема бројка.До нас дури стигнаа забелешки од Брисел,преку заменик премиерот за европски интеграции дека имаме релативно мал број во она што се нарекува администрација.

http://www.finance.gov.mk/files/u1/i...ega_070509.pdf

Едно прашање,бидејќи не се одбирам од политички процедури:Може ли граѓанин да побара интерпелација на министер?
 
Мислам дека само пратеник во Собрание ја има таа опција.
 
„Се предвидува дека ММФ би барал отпуштање буџетари кои според некои информации се 146.000 луѓе:

- Не ви е точна информацијата 146.000 е преголема бројка.До нас дури стигнаа забелешки од Брисел,преку заменик премиерот за европски интеграции дека имаме релативно мал број во она што се нарекува администрација.
Дали некој ја знае точната бројка (ако веќе на статистички податоци не им е за верување? У ствари од каде на ММФ толку голема бројка? Или бројкава не е на ММФ туку на некој од многуте "економски анал-итичари".
 
Тоа не е опроавдување, туку трагедија

Како да не ти е јасна случајно ситуацијата во Македонија, ситуацијата е таква каква што е и да, трагедија е знам дека е трагедија ама самите сме си криви за таа трагедија.
 
Нема да има инфлација уште долги години,само што влеговме во дефлација.

Во контекс на темава еден цитат за да се освежите.Се разбира од Славевски

„Се предвидува дека ММФ би барал отпуштање буџетари кои според некои информации се146.000 луѓе:

- Не ви е точна информацијата 146.000 е преголема бројка.До нас дури стигнаа забелешки од Брисел,преку заменик премиерот за европски интеграции дека имаме релативно мал број во она што се нарекува администрација.

http://www.finance.gov.mk/files/u1/i...ega_070509.pdf

Едно прашање,бидејќи не се одбирам од политички процедури:Може ли граѓанин да побара интерпелација на министер?

Најновите предвидувања се дека до крајот на годинава, каматните стапки во нашите банки ќе се покачат за 100%. Па кој има кредит.. нека се чеша.
 
Дали некој ја знае точната бројка (ако веќе на статистички податоци не им е за верување? У ствари од каде на ММФ толку голема бројка? Или бројкава не е на ММФ туку на некој од многуте "економски анал-итичари".

Убаво си пишува во текстот „ се предвидува дека ммф ќе бара “.Бројката од 146 000 е шпекулација.ММФ нема излезено со барање за намалување,бидејќи се уште не е потребна за аранжамн во државава.Кога ќе биде потребна,тогаш ќе постави бројка.Но кога и да побарала намалување,никогаш не е прифатено од страна на власта во Македонија од 91 наваму.
Се до оваа изјава,мислев дека имаме вишок вработени.Сите сме биле во заблуда:wink:
Brat,фала за одгоорот.И уште едно прашање ме интересира,ако може некој искрено да ми го одговори:Дали подржувачите на владејачката партија го сакаат овој министер и мислат дека добро си ја врши работата?

yin yang напиша:
Најновите предвидувања се дека до крајот на годинава, каматните стапки во нашите банки ќе се покачат за 100%. Па кој има кредит.. нека се чеша.
Да,точни се предвидувањата.НБРМ најави порестрективна политика во вториот квартал од годинава,од друга страна намелениот рејтинг го покачи ризикот за Македонија.Позајмувањата на домашните банки од странски кредитни линии ќе ги чини поскапи.Сето вкалкулирано ќе ги дигне каматните стапки нагоре.Додека тој ризик не се намали каматите ќе бидат високи.Можност за крахирање на банките кај нас нема.Тие се сигурни и ќе останат сигурни и во оваа криза.Можност од активирање на хипотеки и зголемени ненаплатливи побарувања од граѓаните и фирмите има.
 
Убаво си пишува во текстот „ се предвидува дека ммф ќе бара “.Бројката од 146 000 е шпекулација.ММФ нема излезено со барање за намалување,бидејќи се уште не е потребна за аранжамн во државава.Кога ќе биде потребна,тогаш ќе постави бројка.Но кога и да побарала намалување,никогаш не е прифатено од страна на власта во Македонија од 91 наваму.
Се до оваа изјава,мислев дека имаме вишок вработени.Сите сме биле во заблуда:wink:
Brat,фала за одгоорот.И уште едно прашање ме интересира,ако може некој искрено да ми го одговори:Дали подржувачите на владејачката партија го сакаат овој министер и мислат дека добро си ја врши работата?

На кој министер мислиш?

Знаете што значи ова? Така? Ќе отпуштат 30.000, ќе влези ММФ, ќе го сменат името, ќе го олеснат визниот режим.. Леле... ќе го пуштат Иванов ова да го кажи јавно пред народ.. ццц.. го ставија за жртвено јагне :)

Ако не се разбираш во тие работи поарно е да не коментираш. Што право го мешаш името, визниот режим и Ѓорге Иванов? Душата му ја извадивте на човекот од некни, или некој ќе го бојкотира или некој ќе го обвинува дека е жртвено јагне, кошмари има навечер од вас неможе да спие.

Инаку не е владата крива оти има економска криза и оти треба да се отпуштаат работници. Криви се големите светски сили и економии кој дозволија да дојде до ваква криза, а не малите земји како нас и нивните влади. Ако нема доволно пари да се плаќаат тие 120.000 вработени во Јавната Администрација тогаш нормално дека ќе отпуштаат. Плус тоа ниту Груевски ниту Иванов не се виновни за тоа, и како што пишува "ММФ" "ќе" бара да се отпуштаат работници.
 
Министерот за финансии.

Епа овој министер според мене е еден од најдобрите што ВМРО можеше да ги стави на функција. Човекот има завршено Економски Факултет на кој што исто така магистрирал и докторирал плус тоа бил и најдобар на генерацијата што значи дека човекот си го бодува за овие работи. Сега за сега мислам дека добро работи на овој терен па за понатаму ќе видиме.:toe::helou:
 
Ако не се разбираш во тие работи поарно е да не коментираш. Што право го мешаш името, визниот режим и Ѓорге Иванов? Душата му ја извадивте на човекот од некни, или некој ќе го бојкотира или некој ќе го обвинува дека е жртвено јагне, кошмари има навечер од вас неможе да спие.

Инаку не е владата крива оти има економска криза и оти треба да се отпуштаат работници. Криви се големите светски сили и економии кој дозволија да дојде до ваква криза, а не малите земји како нас и нивните влади. Ако нема доволно пари да се плаќаат тие 120.000 вработени во Јавната Администрација тогаш нормално дека ќе отпуштаат. Плус тоа ниту Груевски ниту Иванов не се виновни за тоа, и како што пишува "ММФ" "ќе" бара да се отпуштаат работници.

Добро де, немам врска јас, еве ти имаш. Онака кажав предвидувања.. што ќе се случи во иднина, што следи после ова отпуштање. И што има да има Иванов кошмари од мене жити се? Јас се грижам за тоа што ќе му се случи, многу симпатичен лик ми е, а и лично го познавам. Кошмари треба да има од тие што го местат.

И не реков ни еднаш дека владата е крива за светската криза, владата би била единствено крива ако тера инает и не ја прифати реалноста, и таа глобална економска криза и не најде соодветно решение за проблемот кој нас ни се случува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom