- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 708
Грција ќе го поддржи укинувањето на визите за Македонија, изјави грчкиот амбасадор Александра Пападониу за А1 Телевизија.
Во Брисел, според дипломатски извори, во моментов се разгледуваат три можни сценарија за одобрување на визна либерализација: - само на Македонија, - Македонија и Србија доколку биде уапсен Ратко Младиќ, - Македонија, Србија и Црна Гора во пакет.
„Во Европската Унија не зборуваме за железната завеса, но сум слушнал од многу македонски државјани дека живеат зад железна завеса и затоа Словачка ги поддржува напорите за визна либерализација за Македонија“, изјави Игор Фурдик, амбасадор на Словачка.
„Мислам дека 2009-та година ќе биде историска за Македонија во процесот на интеграција во ЕУ“, изјави Алан Брајан Бергант, амбасадор на Словенија
Алан Брајан Бергант
На 5-годишнината од најголемото проширување на ЕУ со 10 земји членки, амбасадорите на Словенија, Словачка, Унгарија, Чешка, Полска, најавија дека овие држави се „за“ ново проширување на унијата со земјите од Западниот Балкан.
„Две третини од граѓаните на Чешка се „за“ ново проширување на унијата. Додека во нашите држави постои добра волја за прием на нови земји членки, кај бирократите во Брисел постои недоверба дека новите членки мора да почекаат на прием додека не ги исполнат критериумите“, изјави Џозеф Браун, амбасадор на Чешка.
„Притоа нема двојни стандарди, на Македонија и се вреднуваат индивидуалните постигнувања и токму затоа беше поставен и 9-ти критеруми, успешни избори, кој земјава го исполни“, рече Дариус Бачура, амбасадор на Полска.
Сепак, како што истакна евроамбасадорот Ерван Фуере, проширувањето пред се зависи од тоа дали 27 земји членки ќе го усвојат новиот европски устав.
Македонија како и останатите земји од регионот имаат европска перспектива, но мора да ги исполнат поставените критериуми.
A1