Многу луѓе кои се нарекуваат верници си го претставуваат Бог како некој старец со бела брада кој седи на трон некаде горе на небото и не гледа што правиме и при тоа не казнува и не наградува.Бог не е никаде горе.Бог е насекаде околу нас и во нас самите.Бог е покретувачка сила,сеприсутен Дух во Универзумот и не треба да се има страв од него.Исус вели дека преку него ќе се стигне до царството божјо,но тоа царство не е никаде другде туку е во нас самите,т.е. ако го слушаме неговиот збор ќе стигнеме до просветление.Божјото царство е во нас,и секој човек ќе го достигне само ако ја издигнува свеста на високо ниво дали со помош на својата религија или на некој друг начин не е важно.Кога ќе го достигнеме тоа ниво на свесност,веќе нема да ни биде важно дали некој е христијанин,муслиман или што и да е.