- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Владата го разгорува нападот против ЕВН
ЕВН досега има нула инвестиции во земјава, тврди Зоран Ставрески
Маја Томиќ
Владата, конечно, вчера и' го презентира на јавноста ставот за актуелниот спор меѓу државната ЕЛЕМ и ЕВН. Но, наместо да ја смири растечката тензија меѓу компаниите, која има се' поголемо внимание од меѓународната јавноста, таа долеа масло во огнот. Овој пат ставајќи акцент на досегашните инвестиции на ЕВН.
Според вицепремиерот Зоран Ставрески, австриската ЕВН во првите две години од купувањето на ЕСМ не вложила ниту едно евро во земјава, а направените инвестиции, всушност, биле на „ЕВН Македонија“, и тоа од парите на граѓаните.
„Според купопродажниот договор, ЕВН во првите две години требаше да инвестира 67 милиони евра, а во третата година уште 29 милиони евра. За секоја инвестиција ЕВН требаше да и' доставува на Владата сертификат. Бидејќи тоа до денес не се случило, Владата во 2008 година го ангажира ревизорот ’Ернст и Јанг‘ и, според него, во првите две години ЕВН имала инвестиции од 23,9 милиони евра, што е спротивно на договорот. Она што е вложено не се инвестиции на австриската компанија, туку на ’ЕВН Македонија‘, со парите на граѓаните“, рече Ставрески на вчерашната прес-конференција, додавајќи дека Владата го цени ЕВН како странски инвеститор и дека спорот не треба да има влијание врз потенцијалните странски инвеститори.
Министерот за економија, Фатмир Бесими, посочи дека е битно и Владата и ЕВН да ги исполнуваат обврските од купопродажниот договор, а Владата и понатаму ќе прави се' за да привлече повеќе инвестиции кои ќе значат нови вработувања и приближување на Македонија кон ЕУ.
Во врска со спорот меѓу ЕЛЕМ и ЕВН, Ставрески потсети дека Владата веќе го кажала својот став, дека таа не е странка во спорот, дека не смее, не сака и не може да дава коментари за судски спор меѓу две трговски друштва и дека двете страни во процесот ги уживале сите правни средства за заштита на своите интереси. Само она што е специфично во спорот е високата сума која ја побарува ЕЛЕМ од ЕВН.
Ставрески додаде дека ЕВН, како и сите други инвеститори, била целосно запозната со финансиската слика на ЕСМ и со билансните состојби. Тој не одговори прецизно на прашањето дали Владата го продаде ЕСМ со долгови или чисто. Односно, дали побарувањата на ЕЛЕМ од ЕВН од 6,5 милијарди денари, или 107 милиони евра, по основа на неплатени сметки биле впишани како долг на компанијата што треба да го плати новиот сопственик на ЕСМ.
Иако досега за спорот меѓу двете компании имаше повеќе реакции од Европската комисија, како и од дипломатскиот кор во земјава, за Ставрески меѓународната јавност не врши никаков притисок врз Владата. Дури и на нејзино барање завчера на средба биле повикани амбасадорите, на која претставниците од ЕЛЕМ ги информирале за деталите на правната постапка на спорот, кој се водел според сите правни стандарди. А, тоа што вчера дошле претставници на Европската енергетска заедница на средба во Владата, според вицепремиерот, бил редовен состанок на кој спорот меѓу компаниите не бил главна тема, туку се разговарало за состојбата на европскиот енергетски пазар.
„Не би се согласил дека Владата е под притисок на меѓународната јавност, секој може да даде свој коментар за спорот, и тоа е добредојдено, но логичен е интересот поради високата сума пари. Иако таа е приближно колку што плати ЕВН за да го купи ЕСМ (225 милиони евра), Владата никогаш немала идеја дека преку наплатата на парите, државата сака повторно да ја национализира дистрибуцијата. Тоа е спор меѓу две трговски друштва“, рече Ставрески.
Гинтер Офнер, претставникот на ЕВН АГ, на вчерашната конференција „Европски ден на претприемачи“, изјави дека очекува Владата да ја заштити компанијата од неоснованите обвинувања на ЕЛЕМ. Според Офнер, ЕСМ е продадено на ЕВН без долгот кој сега се тврди дека постои. „Тој факт беше гарантиран од продавачот, односно Владата, и затоа очекуваме да не' заштити од неоснованите обвинувања на ЕЛЕМ, компанија која целосно е контролирана од државата“, изјави Офнер.
Коментирајќи ги обвинувањата на Владата дека ЕВН не ги исполнила инвестициските обврски од договорот, Офнер рече дека компанијата во изминатите три години инвестирала 108,3 милиони евра, односно за 12 милиони евра повеќе од обврската во договорот.
„Неколку пати предложивме доколку има сомневања дали сме ја исполниле оваа обврска, да се оди на арбитража во Лондон каде што трета меѓународна страна ќе даде објективна слика“, изјави Офнер.
Според германската амбасадорка во Македонија, Урлике Кноц, пак, расправата помеѓу Владата и „ЕВН Македонија“ многу внимателно се следи во странство веќе неколку месеци. „Првостепената одлука на судот отвори многу прашања, меѓу кои и прашањето за судскиот систем. Мислам дека за секој инвеститор тоа ќе биде многу интересно, и во иднина многу добро ќе размисли и ќе се запраша дали да инвестира во оваа земја“, рече таа на вчерашната презентација на германско-македонското стопанско здружение на анкетата за деловната клима. Претседателот на ова здружение, Николај Бејкерс, истакна дека на секој инвеститор, без разлика од каде е и во која земја инвестира, му е особено важно да важат исти правила.
Извор УТРИНСКИ