Влада Vs. ЕВН , дали се согласувате со политиката на владата?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

Дали мислите дека владата води разумна политика во спорот со ЕВН?

  • Да, апсолутно се согласувам со владата

    Гласови: 38 55,9%
  • Да, сепак во интерес на надворешниот углед и инвеститорската клима треба да отстапи од сегашните поз

    Гласови: 5 7,4%
  • Не, ЕВН е во право

    Гласови: 21 30,9%
  • Друго, наведи во коментар

    Гласови: 4 5,9%

  • Вкупно гласачи
    68
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Владата го разгорува нападот против ЕВН



ЕВН досега има нула инвестиции во земјава, тврди Зоран Ставрески

Маја Томиќ

Владата, конечно, вчера и' го презентира на јавноста ставот за актуелниот спор меѓу државната ЕЛЕМ и ЕВН. Но, наместо да ја смири растечката тензија меѓу компаниите, која има се' поголемо внимание од меѓународната јавноста, таа долеа масло во огнот. Овој пат ставајќи акцент на досегашните инвестиции на ЕВН.

Според вицепремиерот Зоран Ставрески, австриската ЕВН во првите две години од купувањето на ЕСМ не вложила ниту едно евро во земјава, а направените инвестиции, всушност, биле на „ЕВН Македонија“, и тоа од парите на граѓаните.

„Според купопродажниот договор, ЕВН во првите две години требаше да инвестира 67 милиони евра, а во третата година уште 29 милиони евра. За секоја инвестиција ЕВН требаше да и' доставува на Владата сертификат. Бидејќи тоа до денес не се случило, Владата во 2008 година го ангажира ревизорот ’Ернст и Јанг‘ и, според него, во првите две години ЕВН имала инвестиции од 23,9 милиони евра, што е спротивно на договорот. Она што е вложено не се инвестиции на австриската компанија, туку на ’ЕВН Македонија‘, со парите на граѓаните“, рече Ставрески на вчерашната прес-конференција, додавајќи дека Владата го цени ЕВН како странски инвеститор и дека спорот не треба да има влијание врз потенцијалните странски инвеститори.

Министерот за економија, Фатмир Бесими, посочи дека е битно и Владата и ЕВН да ги исполнуваат обврските од купопродажниот договор, а Владата и понатаму ќе прави се' за да привлече повеќе инвестиции кои ќе значат нови вработувања и приближување на Македонија кон ЕУ.

Во врска со спорот меѓу ЕЛЕМ и ЕВН, Ставрески потсети дека Владата веќе го кажала својот став, дека таа не е странка во спорот, дека не смее, не сака и не може да дава коментари за судски спор меѓу две трговски друштва и дека двете страни во процесот ги уживале сите правни средства за заштита на своите интереси. Само она што е специфично во спорот е високата сума која ја побарува ЕЛЕМ од ЕВН.

Ставрески додаде дека ЕВН, како и сите други инвеститори, била целосно запозната со финансиската слика на ЕСМ и со билансните состојби. Тој не одговори прецизно на прашањето дали Владата го продаде ЕСМ со долгови или чисто. Односно, дали побарувањата на ЕЛЕМ од ЕВН од 6,5 милијарди денари, или 107 милиони евра, по основа на неплатени сметки биле впишани како долг на компанијата што треба да го плати новиот сопственик на ЕСМ.

Иако досега за спорот меѓу двете компании имаше повеќе реакции од Европската комисија, како и од дипломатскиот кор во земјава, за Ставрески меѓународната јавност не врши никаков притисок врз Владата. Дури и на нејзино барање завчера на средба биле повикани амбасадорите, на која претставниците од ЕЛЕМ ги информирале за деталите на правната постапка на спорот, кој се водел според сите правни стандарди. А, тоа што вчера дошле претставници на Европската енергетска заедница на средба во Владата, според вицепремиерот, бил редовен состанок на кој спорот меѓу компаниите не бил главна тема, туку се разговарало за состојбата на европскиот енергетски пазар.

„Не би се согласил дека Владата е под притисок на меѓународната јавност, секој може да даде свој коментар за спорот, и тоа е добредојдено, но логичен е интересот поради високата сума пари. Иако таа е приближно колку што плати ЕВН за да го купи ЕСМ (225 милиони евра), Владата никогаш немала идеја дека преку наплатата на парите, државата сака повторно да ја национализира дистрибуцијата. Тоа е спор меѓу две трговски друштва“, рече Ставрески.

Гинтер Офнер, претставникот на ЕВН АГ, на вчерашната конференција „Европски ден на претприемачи“, изјави дека очекува Владата да ја заштити компанијата од неоснованите обвинувања на ЕЛЕМ. Според Офнер, ЕСМ е продадено на ЕВН без долгот кој сега се тврди дека постои. „Тој факт беше гарантиран од продавачот, односно Владата, и затоа очекуваме да не' заштити од неоснованите обвинувања на ЕЛЕМ, компанија која целосно е контролирана од државата“, изјави Офнер.

Коментирајќи ги обвинувањата на Владата дека ЕВН не ги исполнила инвестициските обврски од договорот, Офнер рече дека компанијата во изминатите три години инвестирала 108,3 милиони евра, односно за 12 милиони евра повеќе од обврската во договорот.

Неколку пати предложивме доколку има сомневања дали сме ја исполниле оваа обврска, да се оди на арбитража во Лондон каде што трета меѓународна страна ќе даде објективна слика“, изјави Офнер.

Според германската амбасадорка во Македонија, Урлике Кноц, пак, расправата помеѓу Владата и „ЕВН Македонија“ многу внимателно се следи во странство веќе неколку месеци. „Првостепената одлука на судот отвори многу прашања, меѓу кои и прашањето за судскиот систем. Мислам дека за секој инвеститор тоа ќе биде многу интересно, и во иднина многу добро ќе размисли и ќе се запраша дали да инвестира во оваа земја“, рече таа на вчерашната презентација на германско-македонското стопанско здружение на анкетата за деловната клима. Претседателот на ова здружение, Николај Бејкерс, истакна дека на секој инвеститор, без разлика од каде е и во која земја инвестира, му е особено важно да важат исти правила.


Извор УТРИНСКИ
 
Владата го разгорува нападот против ЕВН
ЕВН досега има нула инвестиции во земјава, тврди Зоран Ставрески
Кутрите тие од ЕВН , кај го дерат народот со високи сметки и постојано бараат покачување на струјата , па сега уште сакаат да ескивираат да си го платат тоа што го должат :uvo:
На крајот на краиштата кој ќе му ги плати тие пари на ЕЛЕМ , бидејки ЕЛЕМ струјата која ја произведува ја продава на ЕВН . Смешни се изговорите на Австријците дека не извршиле наплата на сметките од граѓаните , па сега упатуваат дека ѓраѓаните всушност се тие кои му должеле на ЕЛЕМ , а не самите тие .
 
немој да испадне ко окта и на неа гвујо стави потпис....сега за ЕВН промашен напад на владата,имено замената на трансформаторите...потоа контролните апарати за да можат без да влезат дома кај вас да ве исклучат од струја
 
Според германската амбасадорка во Македонија, Урлике Кноц, пак, расправата помеѓу Владата и „ЕВН Македонија“ многу внимателно се следи во странство веќе неколку месеци. „Првостепената одлука на судот отвори многу прашања, меѓу кои и прашањето за судскиот систем. Мислам дека за секој инвеститор тоа ќе биде многу интересно, и во иднина многу добро ќе размисли и ќе се запраша дали да инвестира во оваа земја“, рече таа на вчерашната презентација на германско-македонското стопанско здружение на анкетата за деловната клима. [B]Претседателот на ова здружение, Николај Бејкерс, истакна дека на секој инвеститор, без разлика од каде е и во која земја инвестира, му е особено важно да важат исти правила.
[/B]

А што не се следи во оваа наша земја?
Да судскиот систем треба да се реформира, ама не заради ЕВН туку заради самите нас.
Тоа притисок е или искрена намера од потенцијални инвеститори?
А дали инвеститорите почитуваат правила?
 
Кутрите тие од ЕВН , кај го дерат народот со високи сметки и постојано бараат покачување на струјата , па сега уште сакаат да ескивираат да си го платат тоа што го должат :uvo:
На крајот на краиштата кој ќе му ги плати тие пари на ЕЛЕМ , бидејки ЕЛЕМ струјата која ја произведува ја продава на ЕВН . Смешни се изговорите на Австријците дека не извршиле наплата на сметките од граѓаните , па сега упатуваат дека ѓраѓаните всушност се тие кои му должеле на ЕЛЕМ , а не самите тие .


За неупатен народ е така... Нема да именувам фирми, ама лично доставував фактури до ЕВН за инвестиции.

Не шпекулирајте, направиа фама со полуписмениот Чинговски не внимавајќи на долгорочни последици како и за ред други работи. Мене ме интересира економијата и на страна фактот дека се можни огромни тужби и консеквенци во енергетскиот сектор, со ова ни отидоа сите потенцијални странски инвестиции.

Тоа е трагедијата...
 
Според германската амбасадорка во Македонија, Урлике Кноц, пак, расправата помеѓу Владата и „ЕВН Македонија“ многу внимателно се следи во странство веќе неколку месеци.

Дали последните случувања се расправа помеѓу владата и ЕВН?

„Првостепената одлука на судот отвори многу прашања, меѓу кои и прашањето за судскиот систем.

Ааааа, значи не било тоа спор меѓу владата и ЕВН, туку помеѓу две компании и судот како арбитер.
Имате ситуација кога една компанија потпишала договор и треба да плати 200 мил. еура на друга компанија, ама после си рекле од првата компанија - ај не им плаќаме.
Оштетената компанија тужела и добила на суд. И ОП - наеднаш не е тоа економски спор помеѓу две компании - тоа било спор меѓу владата и ЕВН.
Абе јес да сме тапа држава, јес да сме даааалеку поназад од Аустрија и Германија и ЕУ, ама во случајов и самите од ЕУ немаат ниту еден аргумент против побарувањето на ЕЛЕМ, па сега прибегнуваат кон: Судот донел одлука, судот не чини, владата се меша во судот, ако ЕВН е крив - дај не заебавајте и не ги тужете, дај простете им 200 мил. евра.

Ех да си беше СДСх на власт - што убоо ќе им беше на ЕВН.
 
Edinstveno sto me zanima e smetkata za mesec april. Taa iznesuva 2500 denara sto e nelogicno bidejki 20 godini unazad smetkata za april mi e 1200 denara.
 
За неупатен народ е така... Нема да именувам фирми, ама лично доставував фактури до ЕВН за инвестиции.

Не шпекулирајте, направиа фама со полуписмениот Чинговски не внимавајќи на долгорочни последици како и за ред други работи. Мене ме интересира економијата и на страна фактот дека се можни огромни тужби и консеквенци во енергетскиот сектор, со ова ни отидоа сите потенцијални странски инвестиции.

Тоа е трагедијата...
Еве ти ко упатен народ кажи колку евра инвестиции биле направени и каде. Си имало ревизорска куќа, си кажаа тие колку биле направени инвестиции. Ни оддалеку блиску договореното
 
Глупости невидени,кога си има “таен договор“ според кој се пропишани токму ваквите спорни прашања.Во спротивно владата треба веднаш да ги притвори составувачите и потписниците на договорот со кој земјава односно еден од потписниците на договорот е оштетен за 100 милиони евра.Доколку не се притворат оние кој го составуваа и потпишуваа договорот,сметам дека владата ги легализира мафијашките трансакции,дури и со некои сопствени луѓе учествува во самата криминална активност за исчезнување на 200 милиони евра од парите на поранешното ЕСМ,кое всушност се приватизира за тие пари поединци да ги присвојат за себе,како што моментално се прави.
-Значи заклучок е дека Владата и ЕВН само прават фарса со тужби,жалби и пресуди пред народот,при што 200 милиони евра нема да си останат во државава.:toe:
 
Еве ти ко упатен народ кажи колку евра инвестиции биле направени и каде. Си имало ревизорска куќа, си кажаа тие колку биле направени инвестиции. Ни оддалеку блиску договореното


Ревизорската куќа утврди дека инвестициите се според договореното!

Јавно потврдено.

Глупости невидени,кога си има “таен договор“ според кој се пропишани токму ваквите спорни прашања.Во спротивно владата треба веднаш да ги притвори составувачите и потписниците на договорот со кој земјава односно еден од потписниците на договорот е оштетен за 100 милиони евра.Доколку не се притворат оние кој го составуваа и потпишуваа договорот,сметам дека владата ги легализира мафијашките трансакции,дури и со некои сопствени луѓе учествува во самата криминална активност за исчезнување на 200 милиони евра од парите на поранешното ЕСМ,кое всушност се приватизира за тие пари поединци да ги присвојат за себе,како што моментално се прави.
-Значи заклучок е дека Владата и ЕВН само прават фарса со тужби,жалби и пресуди пред народот,при што 200 милиони евра нема да си останат во државава.:toe:

АБЦ ова е прв пат да не се сложувам со твоето мислење :smir:
ЕВН има страшни проблеми со постоечката постава. Верувај!
 
Баш ме интересира овие од западов ако ни речат да направиме некои смени во Уставен суд,е тогаш да видите како опозицијата ќе изрипа...има харикири на плоштад да прават ама нема да дозволат такви измени:pos2::pos2::pos2:
 
Ревизорската куќа утврди дека инвестициите се според договореното!

Јавно потврдено.

Јавно потврдено беше од друга ревизорска куќа дека немало никакви инвестиции ... од ревизорска куќа со име и презиме ... а која е таа на ЕВН ?

кој погоре кажа .. дека во ЕВН и осветлувањето на Маврово или Кожуф од 2милиони кое било инвестирано приватно тие си го препишале како инвестиција?
 
Деловното работење не дозволува откривање на договорно-изведбени работи и фактурирање на истите по форуми.
Се зборува напамет без аргументи и било какво познавање. Било која ревизорска куќа да констатирала дека заклучно со крајот на 2008 не е исполнета квотата со инвестиции, немаше да има потреба од тековните глупости.

Ќе имаа аргумент на хартија за регулаторна комисија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom