- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Партијата на Селмани ќе ја бојкотира инаугурацијата на Иванов
Ѓорге Иванов
На инаугурација на Иванов најверојатно сепак нема да присуствуваат сите пратеници како што се очекуваше. Неофицијално најблиску до одлука да ја бојкотираат собраниската седница се тројцата пратеници на Нова Демократија.
Партијата на Селмани е лута зошто не е поканет на свеченоста и косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Уште повеќе што поканет е српскиот претседател Тадиќ, а неговото присуство е веќе и потврдено.
Од се уште неформалниот Кабинет на Иванов без образложение зошто не е поканет претседателот на новиот сосед, што земјава го призна пред повеќе од половина година. Упатуваат на Министерството за надворешни работи, бидејќи тоа било задолжено за дипломатскиот протокол. Од МНР пак без коментар.
Партијата на Селмани е лута зошто не е поканет косовскиот претседател Фатмир Сејдиу
Велат дека одлуката Сејдиу да не биде поканет нема образложение, исто како што нема образложение зошто некои други претседатели се поканети.
Според извори во Министерството, одлуката е донесена по направената политичка и дипломатска проценка на властите. Неофицијално, се проценило дека сега, кога привршува процесот на нормализација на односите со Србија, кој треба да финализира идниот месец со испраќањето на Љубиша Георгиевски за амбасадор во Белград, не било потребна нова провокација за српскиот претседател Тадиќ, за каква ќе се сметало присуството на Сејдиу.
Инаку на инаугурацијата во вторник своето присуство го потврдиле и хрватскиот претседател Стипе Месиќ, албанскиот Бамир Топи како и црногорскиот Филип Вујановиќ. Иако добиле покана нивното присуство на оваа свеченост не го потврдиле грчкиот претседател Карлос Папуљас како и бугарскиот Ѓорѓи Прванов.
A1