Партијата на Селмани ќе ја бојкотира инаугурацијата на Иванов

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Партијата на Селмани ќе ја бојкотира инаугурацијата на Иванов


Ѓорге Иванов

На инаугурација на Иванов најверојатно сепак нема да присуствуваат сите пратеници како што се очекуваше. Неофицијално најблиску до одлука да ја бојкотираат собраниската седница се тројцата пратеници на Нова Демократија.

Партијата на Селмани е лута зошто не е поканет на свеченоста и косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Уште повеќе што поканет е српскиот претседател Тадиќ, а неговото присуство е веќе и потврдено.

Од се уште неформалниот Кабинет на Иванов без образложение зошто не е поканет претседателот на новиот сосед, што земјава го призна пред повеќе од половина година. Упатуваат на Министерството за надворешни работи, бидејќи тоа било задолжено за дипломатскиот протокол. Од МНР пак без коментар.


Партијата на Селмани е лута зошто не е поканет косовскиот претседател Фатмир Сејдиу

Велат дека одлуката Сејдиу да не биде поканет нема образложение, исто како што нема образложение зошто некои други претседатели се поканети.

Според извори во Министерството, одлуката е донесена по направената политичка и дипломатска проценка на властите. Неофицијално, се проценило дека сега, кога привршува процесот на нормализација на односите со Србија, кој треба да финализира идниот месец со испраќањето на Љубиша Георгиевски за амбасадор во Белград, не било потребна нова провокација за српскиот претседател Тадиќ, за каква ќе се сметало присуството на Сејдиу.

Инаку на инаугурацијата во вторник своето присуство го потврдиле и хрватскиот претседател Стипе Месиќ, албанскиот Бамир Топи како и црногорскиот Филип Вујановиќ. Иако добиле покана нивното присуство на оваа свеченост не го потврдиле грчкиот претседател Карлос Папуљас како и бугарскиот Ѓорѓи Прванов.


A1
 
Кога тогаш мораше да се покаже ај сега поздрав до сите Македонци што гласаа за него да сте ми живи и здрави :helou:
 
Партијата на Селмани е лута зошто не е поканет на свеченоста и косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Уште повеќе што поканет е српскиот претседател Тадиќ, а неговото присуство е веќе и потврдено.

И арно што не го поканија.
 
Нека ја бојкотира, негов избор, никој не го тера со сила да дојде.
 
Еве ни го Обама на дело сега и кај нас. Наместо да се гриже задржавата во која живее се грижи повеќе за Косово.
 
привлекуе албанско внимание ..
игра игра ...
треба да го завземе метото на дуи и дпа :toe:
 
На здравје бричење Обам...овај,Селмани де...
 
Сте го слушнале поимот лижење гз???

Епа ова е конкретен пример..

(Wikipedia) лижење г'з-лижење јавно и недвосмислено пред јавност....исто така зачестено е и лижење гзови по партиски штабови и владини кабинети...
...Овој поим најчесто дава за право и да се спомне поимот попуши го(попуши ми го,му го попуши ли...и сл.)...кој доаѓа аналогно после употребата на првиот поим!

:tapp:
 
На исти ден со Тачи даваат адреналинодигачка изјава за битпазарскиот шкон.
Некој уште пуши од стариот кур...само да знам тие 100 000 глупи ѓаури од чив се напушаваат моментално.
“Попе ако ли да гласам за Имер њањњњуњуњаа’’....гласај тибам семе и племе малумно твое.
 
Толку ТРУД удри Селмани за да се представи во друго светло, колку толку да го разбие клишето на етнички партии , доби огромна подршка од Македонците за денес да падне на многу евтин потег....
 
Толку ТРУД удри Селмани за да се представи во друго светло, колку толку да го разбие клишето на етнички партии , доби огромна подршка од Македонците за денес да падне на многу евтин потег....

ова им го велев на моите кога сака да гласаат за него, си ја симна маската на добротел...сепак ова што сега го прави не ме чуди, па нели велат, кој губи има право да се лути!!!!! дали ќе појде или не, нема некоја разлика!!!
 
Никогаш и не носел маска, другите што гласаа за него се маскираа. А тој како и сите Албански лидери си тера по свое. Го заболе што не дошол тој од Косово, туку мора да парира на Тачи. Нели се борат за превласт за исто гласачко тело. А тоа со Обама, Имер е далеку од Обама толку, колку што црниот Мајкл Џексон ќе го знаеме како белец.
 
Абре сигурно треба да оди на некоја свадба, па штом неможе да оди барем политички да поентира.
Сега јас прашувам, он работи во интерес на Македонија, Косово или за свој интерес крши глава?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom