Децата што викаат доле влада и што маваат со јајца се неписмени дечурлана, а возрасните што викаат доле влада и маваат со јајца се интелектуалците?
Децата не се ``неписмени дечурлана`` туку се незрели и недораснати за да одлучуваат за вакви прашања. Секој основец или средношколец ако го прашаш ке ти каже дека несака да има екстерен тест не заради некои објективни причини туку затоа што нејке да го испитуваат( кој би сакал??). А оправдувања за да не се спроведе секогаш ке има. Денес се вадат на едно, утре ке се вадат на друго.

Она што е најважно, а што никој не го поставувае дали екстерните тестови се добри за образованието во Македонија?? Според мене секоја проверка на знаењето е позитивна. Да видиме колку нашиве деца стварно учат нешто во школите и ако не учат кој е крив за тоа.
По сите овие штрајкови што ги има секоја година во сферата на образованието се согледува само нефункционирањето на образовниот систем во Македонија. Колку сме само заостанати спрема другите земји во ова сфера.
Во другите земји нема оценки дадени на убави очи. А тука кога се обидува таа појава да се искорени имаме протести.

Згора на се најтрагичното е што самите професори ги потикнуваат децата да протестираат за да не бидат и професорите оценети. Ејјј каде бе со такви професори!!