Протести на основци и средношколци

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Децата што викаат доле влада и што маваат со јајца се неписмени дечурлана, а возрасните што викаат доле влада и маваат со јајца се интелектуалците?
Од кај ги научиле децата тие работи? Од кај знаат така да штрајкуваат? Од секојдневните штрајкови кои се даваат на вестите. Секој втор ден во Македонија се штрајкува. А штрајкуваат нивните родители, нивните блиску луѓе.

Пред неколку години баш интеректулаците односно професорите низ основните и средните училишта штрајкуваа три недели и децата не одеа одеа на настава. Децата си го помнат тоа сега си ги бараат своите права. И имаат право бе. Зашто кај нас секој си штрајкува за што сака. Така сме си научени. Секоја година има штрајкови во образованието.

Што ги окривувате децата? Најмалку се тие виновни. Виновни се тука според мене пред се министерството за нивната глупава политика во образованието последниве 10тина години каде се воведуваат секој втор ден нови закони без претходно да се увиди дали е возможна нивна реализација. Виновни се родителите за нивното воспитување проследено со политика, каде им ја полнат главата на децата со политика од најмала возраст намерно или ненамерно. А потоа се виновни и професорите што немаат гз да излезат и да се спротивстават на овие тестови, кои не им се допаѓаат него се кријат зад овие протести на учениците.
Децата не се виновни, бидејки тие секогаш се под влијание на некој или некои други лица.

По сите овие штрајкови што ги има секоја година во сферата на образованието се согледува само нефункционирањето на образовниот систем во Македонија. Колку сме само заостанати спрема другите земји во ова сфера.
имаат право да протестираат против проверка на знаење???

баш овие тестови им се со најава во кој период и ќе се одржат...инаку во секое време може и треба инспектори да можат да ги проверат.

можно ли е посебно во основно 60 % да се одлични...а? јас мислам не е изводливо тоа.

дај побунете се и студентиве тогаш...зошто да има испити нели и испитиве на крај се валоризација на знаењето...нека стануваат како во основно?

нашите ученици се во голем дел багра која е учена да бега од обрски што е заслуга на цело општество, и кога тоа се шпробува да се исправи структурите научени да добиват без заслуга се спротиставуваат .

тие не сакале тестови ц ц ц ц ц, или во превод знам, верувајте ми....
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Само едно ќе ти кажам.
УМС :toe:
Реален дај не го тупи и ти љубоморите на УМС и само го тупите, со јајца маваат копиљаци од сдмм или како се викаше..
 
M

marsovka

Гостин
имаат право да протестираат против проверка на знаење???

баш овие тестови им се со најава во кој период и ќе се одржат...инаку во секое време може и треба инспектори да можат да ги проверат.

можно ли е посебно во основно 60 % да се одлични...а? јас мислам не е изводливо тоа.

дај побунете се и студентиве тогаш...зошто да има испити нели и испитиве на крај се валоризација на знаењето...нека стануваат како во основно?

нашите ученици се во голем дел багра која е учена да бега од обрски што е заслуга на цело општество, и кога тоа се шпробува да се исправи структурите научени да добиват без заслуга се спротиставуваат .

тие не сакале тестови ц ц ц ц ц, или во превод знам, верувајте ми....
хм...
едно забораваш владата кога го спроведе овој закон не косултираше ни педагози ни психолози ниту пак спроведенекакво тестирање

Едноставно штанцаат закони без никакви консултации

Дали ти забораваш на колкав притисок се изложени и децата и професорите?
Дека се ставаат сега помали оцени само за секој случај ако на тестирањето потфрлат ако не потфрал тогаш ќе ја имаат таа оцена и тоа елегантно и ноншалантно се прави без притоа да се мисли колкави трауми доживува тоа дете и под кој притисок е изложено од родителите потоа

Се прашувам кој ќе надокнади за солзите на децата поради тие оцени кои онака не се мерило на нивната интелегенција .......

П.С малце ми е чудна анлогијата секој кој ќе рече нешто против мерките и постапкиве на владата се виновни некои структури?
Каде е вината на владата?
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
имаат право да протестираат против проверка на знаење???

баш овие тестови им се со најава во кој период и ќе се одржат...инаку во секое време може и треба инспектори да можат да ги проверат.

можно ли е посебно во основно 60 % да се одлични...а? јас мислам не е изводливо тоа.

дај побунете се и студентиве тогаш...зошто да има испити нели и испитиве на крај се валоризација на знаењето...нека стануваат како во основно?

нашите ученици се во голем дел багра која е учена да бега од обрски што е заслуга на цело општество, и кога тоа се шпробува да се исправи структурите научени да добиват без заслуга се спротиставуваат .

тие не сакале тестови ц ц ц ц ц, или во превод знам, верувајте ми....
Да се проверува знаење на крај година на цел материјал е многу. особено за деца на таа возраст. Ај за средношколицте да помине ама за основец тешко. Има причина зошто не се учи предметот два месеци туку во период од цела година.

Исто така вакви тестови се стресни особено за деца. Не е лесно да полагаш вака кога знаеш дека цела иднина може да ти зависи од тоа.

А за бројот на одлични студенти криви сме си сами. Па до пред 5-6 ако имаш две 4 не можеш да се запишеше на еконоски. А тие четворки може слободно да ти бидат по физика и хемија. Затоа и професорите имаат помек став гледаат на децата да им дадат шанса да стигнат до факултет.

А проверување на знаењето може и без вакви тестирање, туку со праќање на инспекции тимови за евалуација на работењето на самиот професор.

И на крај не е толку битно колку ќе научиш туку што ќе научиш. Не може секој професор на исти точки од материјалот исто да обрне внимание.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
По се изгледа глупи бевме ! или не ?? ама колку што се сеќавам психолози немаше тогаш, а и Шамарите беа како воспитно поправни мерки дозволени и прифатени :)
Ко ќе ми текне колку ќутек ко магаре сум јал од учителот и наставниците:vozbud: па после тоа втора тура дома....

Под итно во школите да се вратат прачката и лењирот како неопходно нагледно-воспитно средство, слободата е добра работа но се претерува бе...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Како прво цел систем на сваќање и вреднување во денешното образование е на тоа мистериозно нешто наречено оценка. Алоо бре оценка, не се учи да се научи нешто и примени во животот, туку се учи за оценка. Учев и јас за оценка едно време, додека не за мина се во провалија :).
Од денешна гледна точка оценките ништо не ми значат. Има една споредба меѓу мене и една девојка моја генерација, па вака оди. Колку интелегентна таа, толку интелегентен јас, учи таа средно медицинско и факултет медицински, учам јас за налбат (такви беа приликите не се каам :)). Моментално работи таа волонтерски и зема 4000 денари во месецот (ако има среќа да не и ја закаснат :)). Работам јас, не е битно што :), и мојата дневница понекогаш ми е колку приходот од цел нејзин месец.

Сакам да кажам не е битна оценката, не е битен факултетот, туку битно е тоа што ќе го научи човек да можи да го примени, за да има побогат и поквалитетен живот.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ко ќе ми текне колку ќутек ко магаре сум јал од учителот и наставниците:vozbud: па после тоа втора тура дома....

Под итно во школите да се вратат прачката и лењирот како неопходно нагледно-воспитно средство, слободата е добра работа но се претерува бе...
И ти кога на работа ќе погрешиш нешто шефот да ја земе палката и да те скрши од мавање.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
209
Поени од реакции
9
Постарите мозоците се замрзнати во некое минатото време, во некоја изживеана идеологија. Затоа не можат да го разберат духот на новите помлади генерации.
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
Како прво цел систем на сваќање и вреднување во денешното образование е на тоа мистериозно нешто наречено оценка.
Такво е сваќањето.....да....
Така се поставени работите во моментов, оценката е единствениот начин да сигнеш до факс...
Незнам како е на запад, претпоставувам исто....

не се учи да се научи нешто и примени во животот, туку се учи за оценка.
Се сложувам со тебе....

не е битен факултетот, туку битно е тоа што ќе го научи човек да можи да го примени, за да има побогат и поквалитетен живот.
Најбитен е факултетот, барем во нормалните држави (ние не сме меѓу таквите), таму ситуацијата ќе беше обратна.
Ти ќе аргатеше, таа ќе имаше 3000 евра плата....
Кај нас владее принципот "снајди се па живеј", ќе мора да те разочарам и да ти кажам дека нема засекогаш да важи ова...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Најбитен е факултетот, барем во нормалните држави (ние не сме меѓу таквите), таму ситуацијата ќе беше обратна.
Ти ќе аргатеше, таа ќе имаше 3000 евра плата....
Не знам за ова, Македонија се смета за пазарно опшество. Не сум јас крив што Медицинскиот факултетет беше, и е многу популарен. Па така да има повеќе кадар отколку што е реално потребно, и владава наша си го реши проблемот со тоа што си измисли закон за волонтирање :).
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
И ти кога на работа ќе погрешиш нешто шефот да ја земе палката и да те скрши од мавање.
Нема шанса, не сум веќе мал, друго немам ни шеф ни директор ни газда, јас сум тоа се во едно, трето...поодамна на почетокот на транзицијава еден газда се правеше фраер, нема да плаќал, наплатено му беше:vozbud:

Четврто....спомнатите дисциплински мерки не се однесуваат на знаењето или незнаењето на школската материја.
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
Не знам за ова, Македонија се смета за пазарно опшество. Не сум јас крив што Медицинскиот факултетет беше, и е многу популарен.
Популарен е .... да ...
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Нема шанса, не сум веќе мал, друго немам ни шеф ни директор ни газда, јас сум тоа се во едно, трето...поодамна на почетокот на транзицијава еден газда се правеше фраер, нема да плаќал, наплатено му беше:vozbud:

Четврто....спомнатите дисциплински мерки не се однесуваат на знаењето или незнаењето на школската материја.
Eпа како што порано еден газда се правел фраер и што сакал правел така и порано врз децата се применувале сурови дисциплонски мерки.
Како што сега нема право газдата да применува сила врз тебе како работник, така и сега немаат право професорите да применуваат сила врз учениците.

Ако веќе ги тепаат децата нека ги тепаат и вработените за грешките.
Кон сите исти права нека се има.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.189
Поени од реакции
46.402
Реален дај не го тупи и ти љубоморите на УМС и само го тупите, со јајца маваат копиљаци од сдмм или како се викаше..
Koa ke вииш, и ти си копиљ исполитизиран до јаја . . . сејм шит како и оние што маваа со јајца, буквално . :toe:

Тестовите што ги прават, не се заверка на знаење ? Испаѓа, министерството за Образование нема доверба во наставниците и професорите . . . башка деца, малишана, никаков репер нема да бидат тие екстерни тестови за работата на професорите, т.е., можат само да дадат една реална слика на целиот образовен систем во земјава, ке фрлат тон кал врз истиот . . . . автогол .

Оцените децата ги добиваат секвенционално, на периоди, на помали материјали, има деца што учат ден за ден, доаѓаат спремни за тест/испрашување а наредниот ден незнаат да гукнат најосновна работа од материјалот . . . учат да добијат оцена и толку, не може таа оцена да е мерило за работата на професорот, едноставно е, детето дошло, парче направило на тест, учело од а до ш на памет, . . . за недела - две магла е материјалот за кое добило висока оцена . :toe:
80-90 % од децата такво сваќање имаат за оцените и така ги добиваат, не се замараат наредениот ден за начинот на кој бактериофагот функционира, за ензимите во желудникот или дали коагулаицјата се заснова на принципот позитивна повратна врска . . . е*аго .

п.с. Срамота е човек од 40-50 години да зависи од тоа што ке направи едно 14-15 годишно дете на тест, ова е најбедниот начин за '' подобрување '' на еден образовен систем ко нашиот .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom