НОВ СКАНДАЛ: И Евра ја изневерувал сопругата
По Џон Тери и Ешли Кол од Челзи, актер на нова секс афера во Премиер лигата е дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, французинот Патрис Евра. Ако на капитенот на „сините“ му појде од рака и покрај неверството да се смири со сопругата на Денот на вљубените, Ешли Кол го очекува развод, а истото може да му се случи и на Евра кој ќе има големи маки да и објасни на сопруга си што правел во два часот по полноќ на осми февруари со долгонога русокоса девојка во еден хотел, 15 километри од вилата во Чешир.
Камерите на „ЦЦТВ“ го „уловиле“ Евка како го паркира автомобилот пред хотелот, а точно во 1.43 часот како разговара со непозната русокоса девојка. Таа му се доближила и го бакнала во образ, додека чекале да дојде хотелскиот лифт. Претходно со кредитна картичка ја платила резервацијата за хотелската соба.
Евра неможел да стори било што друго освен да признае дека токму тој е на снимката направени со камерата на „ЦЦТВ“. Тој одбил да каже што барал во тоа време во хотелот кој се наоѓа 15 километри од неговата куќа во Елдерли Еџ.
„Да, тоа сум јас на снимката, секако дека можам да зборувам со било кого во ноќта, па и со таа жена. Престојувавме само во ист хотел, ништо повеќе.“ - им се обрати преку прозорецот Евра на новинарите на англискиот таблоид „Сан“ додека заминуваше на мечот со Вулверхемптон.
Кога го запрашале зошто таа жена го бакнала, само кратко изјавил: „Никогаш претходно ја немав видено.“ А, гостите во хотелот секако, го препознале играчот на Манчестер Јунајтед.
„Не можевме да им поверуваме на очите. Холот беше речиси празен и тогаш ја видовме таа долгонога девојка како влегува внатре и резервира соба. Потоа го видовме момчето кое ја пратеше и веднаш го препознавме.“
„Посакав да добијам автограм, но брзо заминаа со лифтот. Беше чудно да видите играч на Јунајтед во таа доба од ноќта. Не знаевме што прави тој тука, особено поради фактот што дека по два дена требаше да игра. Таа изгледаше како вистински модел.“ - изјави еден од очевидците видно импресиониран од глетката.
Евра ја познава својата сопруга Сандра од школските денови, заедно се повеќе од 15 години. Секогаш истакнуваше дека и е верен и неодамна во едно интервју порача:
„Таа е мојата прва љубов и се надевам последна. Сандра е модел, но како и јас, секогаш мора да има на ум каков пример ќе даде на другите.“ - изјави Евра.
Не е тешко да се предвиди како на целата ситуација ќе реагира менаџерот Алекс Фергусон, кој секогаш тврди како бракот им помага на играчите. Евентуалното неверство на Евра ќе наиде на жестока осуда, затоа Евра - „get ready“.