Тешко дека ќе заиграат Андерсон и Видич ,
Се додека САФ и тимот не почуствуваат ОГРОМНА потреба и неопходност од нивните услуги тие ќе бидат на клупата или на трибините.
САФ ретко си гази на зборот, со Нани еднаш беше случајот оваа сезона - доволно ЗА НЕГО е засега
Ова го зборувам од искуство, оти карактерот на САФ го познавам едно 12-13 години ...
Се надевам дека барем со Видич ќе се “испеглаат“ односите , барем да ја доигра зесонава - оти Браун не е достојна замена, а Фердинанд се изглупира за џабе и “не заеба“ (тука и ФА вмешаа прсти,али вината е само на Рио во секој случај)...
За Бербатов , највероватно ќе игра и тој (таков е случајот со слабите,очајни тимови - со нив има придонес)...али се надевам дека се поблиску е денот кога Диуф ќе му го земе местото!!!
**************
Портсмут се последни,а со последните тимови на табелата ЧЕСТО правиме киксови (или местиме за кладилници), се надевам сега нема да биде така и дека ќе се избориме за победата...
МЕѓутоа таа самата нема да си дојде ако не напаѓаме агресивно и ако не трчаме за доминација на средината...
Очекувам победа и три МНОГУ значајни бода!