CopyOfDeath
Die Die My Darling!!!
- Член од
- 30 ноември 2005
- Мислења
- 4.186
- Поени од реакции
- 48
Најдобрите кешираа по 50 мил. евра Во календарската година најмногу заработија англиските клубови 129,47 милиони евра, италијанските 104,07, а шпанските 96,94 милиони
Фудбалските клубови кои се пласираат во 1/8 финалето од Лигата на шампиони веќе заработија во просек по 50 милиони евра, е резултатот од истражувањето на компанијата Мастеркард. Од Европската фудбалска унија добија во просек по 14 милиони награда и уште по 12 милиони од делот на комерцијалниот приход што го има УЕФА. Процентот на приходот од продадените билети е 10 милиони, од комерцијалните и маркетиншки приходи, вклучувајќи спонзорства и продажба на стока, храна, пијалаци - осум милиони, а заработувачката врз основа на порастот на цената на играчите е шест милиони ера.
Истражувањето утврди дека клубовите кои не успеаја да ја минат првата фаза заработија во просек по 32 милиони евра.
Најмногу пари во текот на календарската година заминаа во англиските, италијанските и шпанските клубови. Само за награди од УЕФА, англиските клубови заработија 129,47 милиони евра. Клубовите од Италија инкасираа 104,07 милиони, а шпанските 96,94 милиони евра и тоа најмногу благодарејќи на Барселона, која година ја освои ЛШ, а сега веќе се пласира во 1/8 финалето.
Според истражувањето на Мастеркард, ЛШ на европското стопанство му донесе околу шест милијарди евра, а најголем дел од тој колач остана во Англија, Италија и Шпанија.
Пласманот во 1/8 финалето вреди нови три милиони евра. Клубовите кои се квалификуваа за нокаут фазата за сите шест победи имаат загарантирана награда од 14,9 милиони евра.
Четвртфиналистите во ЛШ освојуваат по 3,3 милиони евра, а полуфиналистите нови 4 милиони. На поразениот финалист ќе му припаднат 5,2 милиони, а шампионот ќе добие девет милиони евра.
Според истражувањето на Мастеркард, годинашниов шампион Барселона во сезоната 2008/2009 имаше приход во ЛШ од околу 110 милиони евра, а финалистот Манчестер Јунајтед заработи најмалку - 65 милиони.