дечки не се секирајте првата недела во Февруари Манчестер ке биде на врвот на табелата и никој нема да може да го достигне
znam deka nema veze ali jebiga
Бензема во Манчестер Ј.
Фергусон е подготвен да го ангажира Французинот дури и како позјамен играч и на Реал (М) да му понуди 35 милиони фунти
До зимскиот преоден рок остануваат уште десетина дена, но повеќето клубови веќе ги истакнаа своите приоритети за трансфери. Англискиот првак Манчестер Јунајтед ќе се обиде во јануари да го ангажира напаѓачот на шпанскиот Реал (Мадрид), Карим Бензема. "Сандеј Експерс" тврди дека менаџерот на "ѓаволите", Алекс Фергусон, наводно е решен да го донесе францускиот репрезентативец до крајот на сезонава, па дури и како позајмен играч. Тоа би било прво звучно засилување на "Олд Трафорд" откако Кристијано Роналдо го напушти клубот. Наводно, Фергусон е подготвен на Реал да му понуди 35 милиони фунти за трансфер на 22-годишниот голгетер.
Бензема летоска мина во "кралскиот клуб" од Лион и потпиша 6-годишен договор. Меѓутоа, Французинот не ги оправда во целост очекувањата на навивачите и на тренерот Мануле Пелегрини, па почесто е на клупата за резерви, отколку на теренот. Тој досега за Реал има одиграно 13 средби на кои постигнал пет гола.
Фергусон сакаше да го ангажира Бензема уште додека како млад играч настапуваше за Олимпик од Лион. Но, тогаш беше оценето дека од Лион бараат премногу за напаѓачот и не сакаа да ги плати 35-те милиони фунти за трансфер на Бензема.
Реал би можел да се согласи да го отстапи Бензема, ако успеа да го ангажира младиот напаѓа на Андерлехт, Ромел Лукаку, кој го привлекува вниманието на фудбалските гиганти. За Лакуку гризи и Челзи, но "кралевите" можат да бидат во блага предност, зашто примарна цел на Карло Анчелоти е голгетерот на Шпанија и Ливерпул, Фернандо Торес. На списокот на Челзи се наоѓаат и босанскиот репрезентативец во Волфсбург, Един Џеко, и аргентинскиот напаѓач на Атлетико (М), Серхио Агуеро.