Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.604
Поени од реакции
6.389
Фиорентина се соочува со голем проблем односно желбата на Манчестер Јунајтед во својте редови да го доведе на позајмица Себастијан Фреј.
:toe: ке го бараме на позајмица само
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
дечки не се секирајте првата недела во Февруари Манчестер ке биде на врвот на табелата и никој нема да може да го достигне

znam deka nema veze ali jebiga
Бензема во Манчестер Ј.
Фергусон е подготвен да го ангажира Французинот дури и како позјамен играч и на Реал (М) да му понуди 35 милиони фунти

До зимскиот преоден рок остануваат уште десетина дена, но повеќето клубови веќе ги истакнаа своите приоритети за трансфери. Англискиот првак Манчестер Јунајтед ќе се обиде во јануари да го ангажира напаѓачот на шпанскиот Реал (Мадрид), Карим Бензема. "Сандеј Експерс" тврди дека менаџерот на "ѓаволите", Алекс Фергусон, наводно е решен да го донесе францускиот репрезентативец до крајот на сезонава, па дури и како позајмен играч. Тоа би било прво звучно засилување на "Олд Трафорд" откако Кристијано Роналдо го напушти клубот. Наводно, Фергусон е подготвен на Реал да му понуди 35 милиони фунти за трансфер на 22-годишниот голгетер.
Бензема летоска мина во "кралскиот клуб" од Лион и потпиша 6-годишен договор. Меѓутоа, Французинот не ги оправда во целост очекувањата на навивачите и на тренерот Мануле Пелегрини, па почесто е на клупата за резерви, отколку на теренот. Тој досега за Реал има одиграно 13 средби на кои постигнал пет гола.
Фергусон сакаше да го ангажира Бензема уште додека како млад играч настапуваше за Олимпик од Лион. Но, тогаш беше оценето дека од Лион бараат премногу за напаѓачот и не сакаа да ги плати 35-те милиони фунти за трансфер на Бензема.
Реал би можел да се согласи да го отстапи Бензема, ако успеа да го ангажира младиот напаѓа на Андерлехт, Ромел Лукаку, кој го привлекува вниманието на фудбалските гиганти. За Лакуку гризи и Челзи, но "кралевите" можат да бидат во блага предност, зашто примарна цел на Карло Анчелоти е голгетерот на Шпанија и Ливерпул, Фернандо Торес. На списокот на Челзи се наоѓаат и босанскиот репрезентативец во Волфсбург, Един Џеко, и аргентинскиот напаѓач на Атлетико (М), Серхио Агуеро.
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.214
Поени од реакции
1.714
Фергусон е институција. Стварно. Под огромен притисок да достави сезонава без двајца огромни фудбалери тој имаше и подобар старт од лани, пред да ни се повредат одбранбените и резервните одбранбени.
Сега ке бевме пред Челзи да имавме некој кој личи на дефанзивец.
Многу јасно! И јас се сложувам со тоа. Па подобар старт има, и пак задоволен сум, ај нека оздравуваат брзо...дефанзивата...
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Абе кој го сака бензема за тие пари подобро нека го земе Агуеро или Виља. Боље се.
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.214
Поени од реакции
1.714
^Голема глупост!! нема шанси да го зимаме Бензема!!!
Тешки глупости. Колку да се пишува нешто. Нормално, ние со сите сме поврзани....глупости се и претходните мислам за Бен Арфа и Фреј. Голман мислам дека ќе се купува летото, пошто сега немаме ни потреба.
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
пишав погоре дека нема шанси али морав да го пастирам муабетот моментално го има во новиот вечер аххаа
 
K

kaiser soze

Гостин
Ако ги коментирате сите новинарски патки,нема да ви стигнат ни илјадници страни на форумов.Сешто се пишувало,а и ќе се пишува во врска со Јунајтед.
За следниот натпревар јас само се надевам дека Ферги ќе успее да состави барем еден солиден дефанзивен ред,без импровизации со Де Лает,Флечер и останатите.
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.214
Поени од реакции
1.714
Јас се надевам дека сигурно ќе ги освоиме 3те бода, па како сака нека го мисли составот.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
24 декември
Мала корекција, 26ти декември е босинг деј:smir:

Со оглед на тоа дека се актуелни шпекулациите за трансфери сакам да дадам мал коментар.
Секогаш се воодушевував на трансфер политиката на Манчестер, да не се дава премногу пари за фудбалери, да се носат млади играчи кои подоцна ќе станат лидери и ќе бидат продадени за доста пари. Сепак последниве години мислам дека ова не се оствари баш најдобро.

За Керик, Нани, Андерсон и Харгрејвс се дадоа околу 100 милиони, а кога ќе се анализира според мене поголем дел од тие пари се фрлени џабе.

Керик можеби е универзалец, но беше најавуван како лидер во средината, одличен креатор, а според мене е само просечен играч.

Харгрејвс бев против да се донесе од старт зашто знаев колку аир ќе има од него.

Нани никако да го покаже толку зборениот потенцијал и затоа и грее клупа сезонава.

Андерсон е сеуште млад, борбен и трча многу, ама нема грам осет со топката. Едно подавање не може да направи како што треба.

Овие играчи секако имаат придонес во 3те тиули по ред во Премиер и 2 финалиња во ЛШ, но сепак се надевам дека ако веќе се купува нешто зимава ќе бидат попаметно искористени праите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom