Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Маскерано одбил нов договор во Ливерпул :pos: :pos: Торескиња,Маскерано и остали "ѕвезди" им идат послем оваа сезона, само Стиви џи ќе се мокри шо не тепале едвај на Енфилд.Шо ви викам, најголем успех ќе им е шо не тепале, и можда 2ро место во Европа Лига :icon_lol:

Валенсија го купија Домингес од Рубин, така да најверојатно се спремаат за шиткање на Виља.Знам дека шансите да го купиме се ептен мали, али со помислата на Руни - Виља во шпицот добивам gay thoughts.Ќе праат растур кај стигнат, ко Шпанците на Европско.

А да, младите тепале со 2-0 против Бирмингем Погба и Ахозе стрелци.Пазете го голов на Погба и како го слават со Петручи :)

Машала, Погба се истури од голој давање, само нека му се множет :D
А за овие болдираниве мислам дека за околу 4-5 години можат да бидат еден од најдобрите светски тандеми на средина.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Со оглед на повредите во одбраната утре очекувам тежок дуел, сепак Астон Вила се добар тим особено во нападот. Сепак се надевам дека со засилен среден ред ќе бидат неутразилирани, а и нападот ќе биде ефикасен како на минатите натпревари па да се одржи притисокот над Челзи.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.252
Поени од реакции
8.339
Тој што го изведува слободниот е Тошич?

Незнам зашто не го има Фергусон дечкото во план добро игра за Србија а и купови кога играл бил добар!
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.008
Поени од реакции
5.324
Не беше Тошич!! Овој што изведуваше сеа беше деснак а Тошич е левак :)
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
1.232
Најава:Јунајтед v Астон Вила


Премиер Лига, 16то коло|Сабота, 12.12.2009|Почеток: 18:30h
Стадион:
Old Trafford, Manchester

27 лигашки натпревари без пораз, 12 од последните 13 натпревари со победа е статистиката карактеристична зашто овој натпревар ѓаволите би требало да го добијат.Јунајтед против Вила, Олд Трафорд, пак.Сите ја памтиме завршницата минатата сезона, кога пред Стретфорд Енд, 17 годишниот Македа, од обичен средношколец стана херој на гигант како Јунајтед.

По поразот од Челзи, Јунајтед сврза 4 последователни победи, иако имаме дури 12 играчи повредени.За утеха ни доаѓа враќањето на Берба,Руни и Гигс, кои не играа против Волфсбург, и можеби најважниот, Немања Видич.Одбраната ни е целосно деформирана, Евра,Видич и Де Лает се единствени фит одбрабени играчи, но како и последните 2 натпревара, Сер Алекс и против Вила најверојатно ќе искочи со Керик и Флечер во одбраната.

Вила засега супер се држат на табелата, имаат 4 натпревари без пораз и изиграа многу добро против Челзи и Ливерпул.Џејмс Колинс се враќа за нив колово, но затоа како повредени ги имаат Вилфред Боума,Крег Гарднер и Куртис Дејвис.Катастрофална серија имаат на Олд Трафорд, ќе бидат сигурно мотивирани за да извадат барем бод.Секако не смеат да се заборават Ешли Јанг и Габриел Агбонлахор, кои беа и на мета на Јунајтед, дека може да ни предизвикаат проблеми како минатата сезона.

Можни состави
Kuszczak

Fletcher - Carrick - Vidic - Evra

Valencia - Gibson - Anderson - Giggs

Owen - Rooney



Agbonlahor - Heskey

Young - Milner - Petrov - Downing

Warnock - Dunne - Cuellar - L.Young

Friedel

Мој тип:
Вила дефинитивно нема што да бара на Олд Трафорд, во форма сме и во серија, иако со 12 повредени играчи, Вила нема да знаат од кај да излезат на Олд Трафорд.
Јунајтед 3 - 0 Вила

Интервју со Љајиќ за неговиот откажан трансфер

"Приказните за мојата стагнација во развивањето како фудбалер и дека тоа е причината што не направив трансфер во Манчестер се тотално невистинити.Ако Јунајтед не беа заинтересирани за мене и не задоволни од мојот напредок последнава година, немаше да бидам заедно со Фергусон пред 2 месеци кога ги вршев моите последните тестови за да можам да направам трансфер во Англија"

EDIT: и на Сител ќе не даваат

Нови договори за Гигс и Сколс
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.497
Поени од реакции
4.070
Имам претчуство дека Челзи ќе киксира денес :) Саха ќе им бапне еден :pipi:
Дај бе да го видам Обертан у први 11 денес :)
 
Член од
11 декември 2009
Мислења
80
Поени од реакции
3
денеска Челзи тепат 100% а ман утд ке киксират денеска зш вила не се воопшто лесен противник
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Имам претчуство дека Челзи ќе киксира денес :) Саха ќе им бапне еден :pipi:
Дај бе да го видам Обертан у први 11 денес :)
Заебете ги Челзи, тешко дека ќе киксираат денес.

Ние у секој случај имаме потешка задача, Астон Вила покажа оваа година дека се јак тим, така да ова е потежок тест. Ипак, во каква форма играме би требало да ја добиеме и оваа.

денеска Челзи тепат 100% а ман утд ке киксират денеска зш вила не се воопшто лесен противник
Добре дојде на форумов и пишувај си во вашиот фан клуб, не го прљај овој.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762

Се надевам дека вечер ќе тепаме дуелот против Астон Вила го одбележа Македа со голот во продолжението!:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom