Честитки за синоќешниот натпревар. Ете тоа се вика големина, "да се најадеш и кога нема леб дома"
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Само Манчестер Јунајтед е екипа која може и покрај толку проблеми со повредени да настапи и да заврши исто како да е се во ред и како ништо да не недостасува. Секоја чест за Нани, му ја затна муцката на сите кои мислат дека не вреди само заради тоа што Ферги одамна не го ставил во игра. И честитки за Овен. И тој му ја затна муцката на сите оние кои пишуваа коментари од типот "што ќе ни е, стар е?, или "тој нон стоп ќе се повредува и не може да игра", или "за џабе го зедовме..." или "тој ја изгуби формата и знаењето за фудбал". Тој што научил да вози велосипед, зарем е можно да заборави да вози?. Ете ги издржа сите 90 и повеќе минути и после 90-тата минута покажа дека е повеќе од свеж и ја претча цела половина на Волзбург, не можеа да го престигнат и мајсторски го постигна третиот гол. Не се случува секојдневно некој да постигнува хет-трик. И натаму важи констатцијата дека кој и да игра за Манчестер, е добар, опасен и победува. Знаете каде лежи клучот на успехот, односно зошто немаше неуспех? Во фактот дека не бранеше Фостер, па немаше кој да прима ефтини голови и да ги деморализира играчите. Сите беа супер, а најмногу оние на кои многу (за жал) од тука најмалку му веруваат, Нани и Овен. Обертан е идниот "најдобар играч во светот", и факт е дека овие тројца треба што повеќе да играат. Нека е со среќа првото место. Манчестер Јунајтед заврши онаму каде што му е местото, на врвот.