Ете конечно убав ден. Ем победа, ем пораз на Челзи. Е сега два бода е подруго, не се ништо страшно. Само еден натпревар, и одма може да се смени табелата. Честитки за високата победа со вака "исецкан" состав. Одамна не паметам толку повреди во одбраната да има Манчестер, но да се надеваме дека се’ брзо ќе се заврши. Практиката во последно време да се шутира повеќе на голот, се исплати последните натпревари. Браво за Сколс, повторно почна да постигнува голови од далечина како многу одамна во неговите стари добри како денес времиња. А Гибсон "да не остани покусо", си шутна онака колку да ни каже: "Н
е се секирајте, кога ќе си оди Сколс, јас сум тука да го заменам"
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Валенсија пак си ја исполна неговата "животна желба" да постигне погодок, па откако го стори тоа, и тој си кажа: "
Ајде сега штом постигнав гол, ќе почнам да подавам"
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
, и му намести гол на Руни. Па така изигра онака како што треба во еден Манчестер да се игра, колективно. Руни си ги множи головите, а на Манчестер Јунајтед му се множат бодовите. Секоја чест за "гостите" во нашата одбрана. Убаво се снајдоа и уште еднаш покажаа дека Манчестер е силен како екипа. Па и на крај секој мора секаде да игра. Нели О'Шеи има и брането
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Ако нема кој да игра назад, нека влези и Боби Чалтон
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Посебно сакам да го пофалам "КУЖАК" (според Сител :pos2
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. После ова денес мислам дека на сите тука треба само едно да ни стане јасно, а тоа е дека не треба повеќе да се грижиме за пензионирањето на Ван Дер Сар, а посебно не треба повеќе да дискутираме за купување на голман. Голманот го имаме и тој ќе си брани секогаш кога Фергусон нема да му ветува на Капело дека ќе му го тренира голманот
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Сакам и на Тевез да му се заблагодарам. Каква иронија, иако го промена клубот, тој денес играше за Манчестер Сити, а му служеше на Манчестер Јунајтед. Нека ни е со среќа новата ситуација со табелата, и да имаме успешна наредна седмица. А за повредените би рекол "
СО ПОМИН ДА Е"
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.