Полека, полека се смирија страстите па и јас да дадам едно мое реално видување за денешниот натпревар...
На денешниот натпревар Манчестер Јунајтед беше екипата која доминираше на теренот скоро низ целиот натпревар, додека екипата на Челзи играше на периоди... Полно од вас мислевте дека одбраната денеска ќе ни биде како "швајцарско сирење", но Браун и Еванс денеска мене ме воодушевија, дури мислам дека изиграа подобро и од Рио и Немања... Анелка, а посебно Дрогба денеска беа невидливи (освен тие два шута на Анелка, но ништо опасно), одлично беа маркирани од младиот Еванс и Браун... Евра-немам зборови за играчот... едноставно несопирлив по левата бочна позиција, како во одбраната, така и во нападот... О'Ши одличен во одбрана, спор во нападот... Керик-Флечер-Андерсон феноменални денеска, буквално го засенија "дијамантот" на Челзи, одлични пасови, одлични одземени топки без фаул, одлично покривање, фаули кога требаше прекин на акцијата на Челзи, значи денес во потполност си ја извршија задачата... Гигс, за разлика од другите, денеска според мене најслаб поединец во црвен дрес иако немам замерка за човекот кој како и сите играчи, му се дешава да изигра под нивото... Руни одличен, но се гледаше дека му фали уште еден партнер во нападот, нешто како Бербатов или Овен, пробуваше сам колку може, некој пат дури и себично изигра, шутираше неколку пати, но Чех му ги бранеше ударите... и јас ќе се сложам со неколкуте членови што рековте дека Ферги касно ги направи измените, и според мене требаше Овен и Обертан порано да влезат, но тоа е се дел од тактиката на Ферги, така да нема мешање таму

...
Неколку забелешки од судиите...
Најпрво, на почетокот на натпреварот, некаде 4-5 минута беше досуден непостоечки офсајд, значи оневозможена чиста ситуација за гол која според мене 98,4% ќе беше гол...
Второ, при секое паѓање на играчите на Челзи беше досудено фаул, додека пак на неколку пати такви слични фаули не беа досудувани кога беа фаулирани играчите на Манчестер Јунајтед...
Трето, сите се буните кога Еванс стартуваше врз Дрогба... тоа беше чист фаул од страна на Дрогба, бидејќи кога Еванс рипна да ја избие топката, Дрогба сакаше да се подмести и Еванс да изгуби рамнотежа, но младиот стопер на Јунајтед премногу искусно му скрши некое ребро без да добие картон и плус тоа фаул во негова корист... а скроз истиот случај беше со Тери и Валенсија кога Тери му лупна лакт и му ја разнесе главата на Валенсија (значи 50-50)...
Четврто, Тери и Кол сами се судрија, настрадаа јајцата на Тери, нападот продолжи и играчите на Челзи не ја исфрлија топката во аут, кога им беше одземена топката и кога Манчестер тргна во напад, судијата го прекина нападот... Зошто? Па пример ако Манчестер тргне во контра напад, Тери во меѓувреме му удира бокс на Кол и овој паѓа, зарем тогаш треба да се прекине играта??? И
Петто и најглавно, голот кој беше постигнат... најпрво немаше фаул од страна на Флечер... Кога Тери ја удри топката со глава, Дрогба го турка на земја Браун кој идеше да ја избие топката (кошаркарски блок и фаул во напад од страна на Дрогба),
а притоа Дрогба во офсајд и иде да постигне гол, но му посметува на ВДС и топката завршува во голот... помошниот судија тука со чиста совест можеше да го подигне знамето и да санкционира офсајд...
Но што е тука е, идеме напред... "Има дана за мегдана" :helou: