Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
лош натпревар на гигс инаку супер се изигра
најмалце бод требаше али тоа е тоа
во второто полувреме кога адресон тргна по средина и го проигра руни руни мораше да направи двојно проигрување со андерсон андерсон беше во налет веке влезе во 16 метри ако не беше гол најмалце ке имаше фаул за најстрога казна помина помегу два играчи но руни ја врати топката на керик
исто така во една брза контра
пак се најдоа руни по лева страна а централно слободен беше андерсон осамен одбраната не челзи беше расштракана пак андерсон не доби топка
така даа заслужен пораз на крај
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.006
Поени од реакции
7.164
Откако се смирија страстите и мојата нервоза да напишам и јас нешто:
-Задоволен сум од играта на нашите момци и ако така продолжат ни се насмевнува титулата во Мај. Одамна не сум ги видел така силно и паметно да изиграат на средината од теренот и тоа на гости. Флечер, Керик и Андерсон одлично се надополнуваа а Гигс заебаваше денеска и некако се гушеше со Руни. Да беше Бербатов друга приказна ќе беше. Ќе отвараше повеќе простор за Руни, ќе навлекуваше на себе двајца фудбалери на Челзи, а познавајќи го можеше да измисли и некоја гол-асистенција. Гигс на овие години би требало да игра стриктно во средина од каде би имал поголем преглед врз играта и да ги води нападите. Вака му падна задача тој да се пробива напред со Ивановиќ, Карваљо и Тери но што не може не може. Исто така ќе беше друга приказната и ако беа Видиќ и Фердинанд во тимот и секако ако беа во топ форма како лани на пример. Но и Браун и Еванс одлично изиграа и покрај примениот гол од прекин кој нели, цврста одбрана не смее да го прими. Со тоа што Гигс беше полушпиц автоматски немавме лево крило. Евра се обидуваше да го пополни тоа место ама сепак не испрати некој добар центаршут. Исто така О'Ши е далеку од она што му треба на Манчестер-офанзивен десен бек, како на пример што беше Невил во своите најдобри денови. Најблиску до замена на Невил е Рафаел (па каде е тој по ѓаволите?). О'Ши е одличен за резерва за да пополни некоја дупка или да игра со екипи како Хал, Портсмут, Стоук, Волфс итн. А тоа што Челзи се радуваше на крај воопшто не ме загрижува. Битно ми е што екипата покажа карактер против директниот конкурент и тоа на негов терен, што го немаше против Ливерпул. Факт е дека се подобруваме и во вториот дел од сезоната кога и Ливерпул и Челзи ни гостуваат ќе биде сосема друга ситуација. Секако ако евентуално се доведе уште некој играч ќе биде голем плус. И судијата имаше свои моменти, посебно “офсајдот“ на Руни 5-6 минута мислам беше. Али ок тоа е сепак работа на помошникот. Јбг не ги бираме ние судиите па сега да се жалиме дека лошо сме одбрале. Тоа е сплет на околности и против тоа не можеме.Сетете се дека истиот судија ни даде шанса да победиме со Сити, а можеше комотно да досуди крај точно до секунда како што тоа го направи денес (му дошол умот изгледа :pos2:).

Само на крај ќе заклучам дека ЧЕЛЗИ НЕЗАСЛУЖЕНО ПОБЕДИ и кога тогаш ќе ги стигне казната, а ќе им пресуди ѓаволот лично :devil3: т.е ние!
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Искрено,не очекував вака добро да изиграме со Челзи.Можеби Овен и Обертан требаше порано да влезат,за да бидеме уште пооопасни,но тоа е.Штета што барем бод не освоивме.Криво ми е кога ќе помислам дека незаслужено изгубивме,ама кога ќе размислам и ние колку натпревари сме добиле така...:kesa:
Ништо не е загубено,со добра серија до Нова година,може да бидеме на врвот.
Челзи и со нас и со Ливерпул играше дома,па предноста од пет бода е секако достижна,но мене Арсенал повеќе ме плашат сезонава.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.812
Поени од реакции
44.142
^И мене ме плашат Арсенал...но ќе видиме што ќе биде..

Иначе глеам зборите за засилувања..Ако дојдат Силва и Виља во пакет..Аууффф...Никој нема да ни биде рамен...А ќе смеат ли да играат во ЛШ(у случај да дојдат)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.006
Поени од реакции
7.164
^И мене ме плашат Арсенал...но ќе видиме што ќе биде..

Иначе глеам зборите за засилувања..Ако дојдат Силва и Виља во пакет..Аууффф...Никој нема да ни биде рамен...А ќе смеат ли да играат во ЛШ(у случај да дојдат)
Не бе дечки шо се секирате за Арсенал. Тие немаат тактика на играње сезона, пошто немаат искусни (читај стари) играчи за да ја ноата екипата во најтешките моменти. Ќе се испукаат сега во есенскиов дел (па нели се топџии :pos2:) А после на boxing day и Март, Април како издишана гума...како што беше лани. Имаат само тројца играчи: Ван Перси, Аршавин и Фабегас. Се останато им е аут. НИЕ ИМАМЕ ТИМ!
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Не би рекол така и за оваа сезона,но не е битно.Aко го победат Челзи после две кола и тоа како се во игра за титулата.

Повиканите за Англија-Бразил во сабота:

Goalkeepers: Ben Foster (Manchester United), Robert Green (West Ham), Joe Hart (Manchester City).

Defenders:
Wayne Bridge (Manchester City), Wes Brown (Manchester United), Gary Cahill (Bolton), Glen Johnson (Liverpool), Joleon Lescott (Manchester City), John Terry (Chelsea), Matthew Upson (West Ham), Stephen Warnock (Aston Villa).

Midfielders: Gareth Barry (Manchester City), David Beckham (Los Angeles Galaxy), Michael Carrick (Manchester United), Tom Huddlestone, Jermaine Jenas (both Tottenham), Frank Lampard (Chelsea), James Milner (Aston Villa), Shaun Wright-Phillips (Manchester City), Ashley Young (Aston Villa).

Strikers:
Darren Bent (Sunderland), Peter Crouch, Jermain Defoe (both Tottenham), Wayne Rooney (Manchester United)
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.138
Поени од реакции
1.743
Неколку страни назад кажав, ќе кажам и сега горд сум на момците, тоа е максимумот.Значи ни требаат 2, 3ца играчи од кој едниот ќе биде СИЛВА.Очајно ни треба лево крило, или пак да почне да го игра Обертан во први 11, дека навистина е добар.Ништо не е загубено момци, одиме понатаму. :)
Ааа аха, ќе заборавев.О' Шеј неможам повеќе да го гледам бе, НЕМОЖАМ!Толку е спор, толку е глупав, што едноставно или да се продаде или да седи на клупа, толку,
Максимумот?Не заебавај, максимумот ќе беше ако дадевме барем еден гол па да изгубевме 2-1.Е тогаш ќе моеше да се каже дека е максимум, вака уште еднаш излезе на виделина колку ни фали таа реализација и колку (можеби) освен Тевез и Рони ќе фали Берба за вакви утакмици, кај шо треба гол да се даде.


Лош ден, малку забеган судија, повеќе забеган ирец кој од увек сум го мразел и тоа е тоа , нека им е честита победата се гледаме на театарот...
Oва и за двајцата, го мразевте О'Шеј коа се случи ова


?

Gabriel Obertan vs Chelsea Away (EPL 2009/10)

wmv - 2.5 mbps - 1.29 min's - 27.5 mb's - Music: Black Eyed Peas - Meet Me Halfway
DOWNLOAD MediaFire

Запазете го потегот против Иванович, негде при крајот.
 
N

navivacka

Гостин
Друштво,денеска бев задоволна од играта...ама за жал на крај загубивме...се надевам дека на крај повторно ке ја освоиме титулата...

А сега да ве поздравам и да ви кажам дека се откажувам од форумот на некое време заради некои работи...се надевам дека некогаш ке имам можност да ве запознаам...

Поздрав и да се радуваме на титулите во Мај:)
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Иако од тука, сепак да им честитам на Челзи за освоените три бода. Ама баш, само за трите бода, а за друго нема што да се честита. Ниту за играта, ниту за заслуженоста и сл. Презадоволен сум од играта на Манчестер со мали исклучоци на поединци. Ги надигравме во секој поглед и тоа среде Стемфорд Бриџ, но никој не ни е виновен што си заминавме со празни раце. Не треба само да ги надиграш, треба и среќа да имаш, или ако ја немаш среќата, барем и противникот да ја нема. И не е само тоа. Треба и да не те пресечи судијата со клучни одлуки како офсајдот врз Руни на почетокот, и уште многу ситуации. Не сум доволно стручен како судија, но држи место констатацијата дека за голот на Челзи Дрогба, иако е во пасивен офсајд, пречи на Ван Дер Сар во бранењето на ударот на Тери. Во фудбалските правила имам прочитано дека се вели: "ако играчот не учествува во акцијата, иако е во офсајд, не се свири офсајд (пасивен офсајд)". Но тука Дрогба и тоа како учествува со тоа што го попречува Ван Дер Сар за да не можи да одбрани. Но не знам дали сум во право за ова. Како и да е тоа е еден среќен гол. Ние немавме таква среќа да се израдуваме на постигнат гол, иако постоеја услови за тоа. Вистина изгледа голема разликата во бодови, но тоа и не е така голема разлика. Замислете тоа се само два натпревари. Не било прв пат да заостануваме дури и повеќе бодови, па на крај да издржиме во константноста и да освоиме титула. Не се секирајте само тоа можам да ви кажам. Зошто ја критикувате одбраната, иако ги немаше главните, немаше никаков проблем, одлично си ја завршија работата. Само Еванс мора да биде попретпазлив. Среќа што тоа не го виде судијата како го "демолира" Дрогба, инаку ќе останевме со играч помалку и за денес, и за наредните натпревари, а можеби и уште тогаш ќе ни заводеа. Не ја обвинувајте одбраната затоа што Анелка два пати шутна од далечина. За Евра не знам што зборови повеќе да употребам, затоа што сите зборови што служат за фалење, јас ги имам употребено за него. Без него не само што не можам да ја замислам одбраната, туку и не можам да го замислам и нападот без него, и таму е главен посебно кога е во тандем со Обертан. Кога го споменав Обертан, ќе си земам за право да кажам дека треба да игра повеќе, можеби и стартер. Незнам Ферги што се запнал во Валенсија нон стоп да игра. Повторно покажува егоизам и себичност. Видовте колку се промена играта и колку пати успеа Обертан да се пробие и центрира во само десетина минути. Денес нешто не му беше денот и на Гигс. Можеби за со Челзи треба физички поспремни (помлади) играчи како Флечер и Андерсон. Керик просечен иако и тој се имаше запнато сам да постигни гол. Руни сеуште "пости" после станувањето татко и никако да го скрши мразот, но добро можеби и оправдано бидејќи сам беше и немаше партнер во нападот. Формацијата беше одлична секоја чест за Ферги. Знае тој дека со Челзи можеме да се справиме со јака средина. Мислам дека успеавме во тоа, отсуствуваше најважното, а тоа барем малку среќа. Секоја чест за Ван Дер Сар, не дозволи многу рано да се радува Анелка и Челзи. Овен како и по обичај нема доволно време да се покаже и истакне. Во секој случај супер игра која ветува надеж за понатаму. Уште еден доказ дека силата не е во поединци туку дека сме компактни како екипа и дека можеме секоја дупка да ја пополниме. Мислите дека нон стоп ќе немаме среќа? И тоа ќе помине, долга е сезоната, а мене ми е драго што Челзи ме увери дека не е толку силен или посилен од другите, освен во ситуации кога другите се слаби и многу послаби од Челзи. Тоа се "другите", но не и Манчестер Јунајтед. Не победи Челзи затоа што е којзнае колку силен, туку затоа што на Манчестер Јунајтед не му дозволи среќата и судијата да биде силен колку што е. Мене ми е многу мило што е посилен Манчестер Јунајтед одколку што го мислат многу други, но затоа времето ќе покаже.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Морам да ја пофалам играта на Манчестер. Си изгубија незаслужено ама сеуште е рано во првенството. Се надевам дека битката ќе се води меѓу Арсенал и Манчестер зашто играат најубав фудбал во Англија. Само да не не мачат повреди и ќе биде интересна сезона. Всуштност и Фергусон има изјавено дека најубави дербија се прават меѓу Арсенал и Манчестер.

Не бе дечки шо се секирате за Арсенал. Тие немаат тактика на играње сезона, пошто немаат искусни (читај стари) играчи за да ја ноата екипата во најтешките моменти. Ќе се испукаат сега во есенскиов дел (па нели се топџии :pos2:) А после на boxing day и Март, Април како издишана гума...како што беше лани. Имаат само тројца играчи: Ван Перси, Аршавин и Фабегас. Се останато им е аут. НИЕ ИМАМЕ ТИМ!

Да да се останато е аут хахаха...Дај ти се молам..
 

Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Gabriel Obertan vs Chelsea Away (EPL 2009/10)

wmv - 2.5 mbps - 1.29 min's - 27.5 mb's - Music: Black Eyed Peas - Meet Me Halfway
DOWNLOAD MediaFire

Запазете го потегот против Иванович, негде при крајот.
Супер потег, ама сепак не го помина. Да беше Босингва, немаше нида стигне до 16 метри... Не ради друго, Бане е мн поспор...
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Супер потег, ама сепак не го помина. Да беше Босингва, немаше нида стигне до 16 метри... Не ради друго, Бане е мн поспор...
Зборуваме за потегот, супер беше, ќе го биде детето:helou:
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Полека, полека се смирија страстите па и јас да дадам едно мое реално видување за денешниот натпревар...

На денешниот натпревар Манчестер Јунајтед беше екипата која доминираше на теренот скоро низ целиот натпревар, додека екипата на Челзи играше на периоди... Полно од вас мислевте дека одбраната денеска ќе ни биде како "швајцарско сирење", но Браун и Еванс денеска мене ме воодушевија, дури мислам дека изиграа подобро и од Рио и Немања... Анелка, а посебно Дрогба денеска беа невидливи (освен тие два шута на Анелка, но ништо опасно), одлично беа маркирани од младиот Еванс и Браун... Евра-немам зборови за играчот... едноставно несопирлив по левата бочна позиција, како во одбраната, така и во нападот... О'Ши одличен во одбрана, спор во нападот... Керик-Флечер-Андерсон феноменални денеска, буквално го засенија "дијамантот" на Челзи, одлични пасови, одлични одземени топки без фаул, одлично покривање, фаули кога требаше прекин на акцијата на Челзи, значи денес во потполност си ја извршија задачата... Гигс, за разлика од другите, денеска според мене најслаб поединец во црвен дрес иако немам замерка за човекот кој како и сите играчи, му се дешава да изигра под нивото... Руни одличен, но се гледаше дека му фали уште еден партнер во нападот, нешто како Бербатов или Овен, пробуваше сам колку може, некој пат дури и себично изигра, шутираше неколку пати, но Чех му ги бранеше ударите... и јас ќе се сложам со неколкуте членови што рековте дека Ферги касно ги направи измените, и според мене требаше Овен и Обертан порано да влезат, но тоа е се дел од тактиката на Ферги, така да нема мешање таму :)...

Неколку забелешки од судиите... Најпрво, на почетокот на натпреварот, некаде 4-5 минута беше досуден непостоечки офсајд, значи оневозможена чиста ситуација за гол која според мене 98,4% ќе беше гол... Второ, при секое паѓање на играчите на Челзи беше досудено фаул, додека пак на неколку пати такви слични фаули не беа досудувани кога беа фаулирани играчите на Манчестер Јунајтед... Трето, сите се буните кога Еванс стартуваше врз Дрогба... тоа беше чист фаул од страна на Дрогба, бидејќи кога Еванс рипна да ја избие топката, Дрогба сакаше да се подмести и Еванс да изгуби рамнотежа, но младиот стопер на Јунајтед премногу искусно му скрши некое ребро без да добие картон и плус тоа фаул во негова корист... а скроз истиот случај беше со Тери и Валенсија кога Тери му лупна лакт и му ја разнесе главата на Валенсија (значи 50-50)... Четврто, Тери и Кол сами се судрија, настрадаа јајцата на Тери, нападот продолжи и играчите на Челзи не ја исфрлија топката во аут, кога им беше одземена топката и кога Манчестер тргна во напад, судијата го прекина нападот... Зошто? Па пример ако Манчестер тргне во контра напад, Тери во меѓувреме му удира бокс на Кол и овој паѓа, зарем тогаш треба да се прекине играта??? И Петто и најглавно, голот кој беше постигнат... најпрво немаше фаул од страна на Флечер... Кога Тери ја удри топката со глава, Дрогба го турка на земја Браун кој идеше да ја избие топката (кошаркарски блок и фаул во напад од страна на Дрогба), а притоа Дрогба во офсајд и иде да постигне гол, но му посметува на ВДС и топката завршува во голот... помошниот судија тука со чиста совест можеше да го подигне знамето и да санкционира офсајд...

Но што е тука е, идеме напред... "Има дана за мегдана" :helou:
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Добра игра денес, сигурно во одбраната (особено со оглед на фактот дека ги немаше Рио и Видич), цврсто во средината, но за жал се тоа без реализација.

Руни имаше неколку добри удари, но беше осамен во нападот и можеби требаше Овен да влезе порано.

Челзи уште еднаш незаслужено победува, но да се надеваме дека ќе им се врати лоша среќа во наредните дуели.
 

Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Полека, полека се смирија страстите па и јас да дадам едно мое реално видување за денешниот натпревар...

На денешниот натпревар Манчестер Јунајтед беше екипата која доминираше на теренот скоро низ целиот натпревар, додека екипата на Челзи играше на периоди... Полно од вас мислевте дека одбраната денеска ќе ни биде како "швајцарско сирење", но Браун и Еванс денеска мене ме воодушевија, дури мислам дека изиграа подобро и од Рио и Немања... Анелка, а посебно Дрогба денеска беа невидливи (освен тие два шута на Анелка, но ништо опасно), одлично беа маркирани од младиот Еванс и Браун... Евра-немам зборови за играчот... едноставно несопирлив по левата бочна позиција, како во одбраната, така и во нападот... О'Ши одличен во одбрана, спор во нападот... Керик-Флечер-Андерсон феноменални денеска, буквално го засенија "дијамантот" на Челзи, одлични пасови, одлични одземени топки без фаул, одлично покривање, фаули кога требаше прекин на акцијата на Челзи, значи денес во потполност си ја извршија задачата... Гигс, за разлика од другите, денеска според мене најслаб поединец во црвен дрес иако немам замерка за човекот кој како и сите играчи, му се дешава да изигра под нивото... Руни одличен, но се гледаше дека му фали уште еден партнер во нападот, нешто како Бербатов или Овен, пробуваше сам колку може, некој пат дури и себично изигра, шутираше неколку пати, но Чех му ги бранеше ударите... и јас ќе се сложам со неколкуте членови што рековте дека Ферги касно ги направи измените, и според мене требаше Овен и Обертан порано да влезат, но тоа е се дел од тактиката на Ферги, така да нема мешање таму :)...

Неколку забелешки од судиите... Најпрво, на почетокот на натпреварот, некаде 4-5 минута беше досуден непостоечки офсајд, значи оневозможена чиста ситуација за гол која според мене 98,4% ќе беше гол... Второ, при секое паѓање на играчите на Челзи беше досудено фаул, додека пак на неколку пати такви слични фаули не беа досудувани кога беа фаулирани играчите на Манчестер Јунајтед... Трето, сите се буните кога Еванс стартуваше врз Дрогба... тоа беше чист фаул од страна на Дрогба, бидејќи кога Еванс рипна да ја избие топката, Дрогба сакаше да се подмести и Еванс да изгуби рамнотежа, но младиот стопер на Јунајтед премногу искусно му скрши некое ребро без да добие картон и плус тоа фаул во негова корист... а скроз истиот случај беше со Тери и Валенсија кога Тери му лупна лакт и му ја разнесе главата на Валенсија (значи 50-50)... Четврто, Тери и Кол сами се судрија, настрадаа јајцата на Тери, нападот продолжи и играчите на Челзи не ја исфрлија топката во аут, кога им беше одземена топката и кога Манчестер тргна во напад, судијата го прекина нападот... Зошто? Па пример ако Манчестер тргне во контра напад, Тери во меѓувреме му удира бокс на Кол и овој паѓа, зарем тогаш треба да се прекине играта??? И Петто и најглавно, голот кој беше постигнат... најпрво немаше фаул од страна на Флечер... Кога Тери ја удри топката со глава, Дрогба го турка на земја Браун кој идеше да ја избие топката (кошаркарски блок и фаул во напад од страна на Дрогба), а притоа Дрогба во офсајд и иде да постигне гол, но му посметува на ВДС и топката завршува во голот... помошниот судија тука со чиста совест можеше да го подигне знамето и да санкционира офсајд...

Но што е тука е, идеме напред... "Има дана за мегдана" :helou:
Ја чепна Дробра топката? Не. го држеше ВдС да не скокне, не! Впрочем ВдС скокна према топката, на стотинка погледна кон Дрогба...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom