Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.945
Поени од реакции
23.089
Еве што изјави Евра за натправарот против Сити...


Ќе му покажеме на Сити кој е кој во Манчестер!

Францускиот репрезентативец Патрис Евра ја почна "војната на зборови" со градскиот ривал Манчестер пред меѓусебното дерби кое викендов се игра на Олд Трафорд во рамките на шестото коло од Премиер-лигата. Искусниот бек е сигурен во победа на својот тим со што актуелниот првак ќе покаже кој е кој во градот.

"Во Сити ќе сакаат да покажат пред народот дека тие се главни во Манчестер, но факт е дека не се. Ние сме шампиони и сега ќе ја покажеме нашата моќ. Знаеме дека луѓето се љубоморни и не ни мислат добро, но ние сме в ред и секогаш со желба да победиме во дербито. Знаеме дека с$ уште немаат пораз во првенство и дека ќе ни биде тешко, но ние сме Манчестер Јунајтед и едноставно имаме обврска да победиме. Не смееме да се плашиме од еден новопечен тим", прилично самоуверено и дрско зборуваше Евра.

Французинот не го штедеше и својот довчерашен соиграч Карлос Тевез иако со него е добар пријател во приватниот живот. Аргентинскиот репрезентативец има повреда на коленото заработена за време на квалификациите за Мундијалот 2010 година и мала е веројатноста дека ќе настапи на Олд Трафорд, но дури и да се случи тоа, Евра ќе биде првиот што ќе го исвирка затоа што ги игнорирал неговите молби во текот на летото да остане во Јунајтед.

"Бев изненаден кога си замина, дури и малку лут. Тој е наш пријател и имаше одлични настапи за Јунајтед, па кога ќе се загуби таков фудбалер, тешко е да се прифати тоа. Постојано му зборував да остане овде, се обидував да го премислам, но тој одлучи поинаку и јас го почитувам тоа иако не ми е сеедно. Деновиве постојано се слушаме и му велам: 'Ако навивачите ти свират, ќе ти свирам и јас' иако не верувам дека ќе се случи тоа бидејќи фановите го сакаат", додаде Евра.

Градското дерби што се игра викендов ќе биде значително ослабено со неиграњето на неколку стандардни фудбалери во двете екипи. Кај Јунајтед ќе недостасува Сколс, а за Сити покрај Тевез, најверојатно нема да игра ниту Адебајор.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.622
Поени од реакции
6.426
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Еве нешто интересно на мanutd.com :helou:
Јунајтед vs. Сити 1992 год. Стрелец на вториот гол за Јунајтед е 10-ката Марк Хјуз :vozbud:
За да го погледнете видеото треба да бидете логирани. :wink:

П.С. Натпреварот истотака е и деби на Кантона за Ман Утд.
 

Nekoj IksDe

Челзијаш
Член од
17 септември 2009
Мислења
495
Поени од реакции
9
Незнаев каде да го постирам видеово па решив во башиот фудбалски клуб се надевам дека ќе се посмеете и нема да ми замерите
 

Nekoj IksDe

Челзијаш
Член од
17 септември 2009
Мислења
495
Поени од реакции
9
дада од лани е и сега ко пребарував нешто на јутјуб го најдов и решив да го постирам(посто ми се виде како многу смешно) :toe:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.783
Поени од реакции
44.021
Парк е играч кој што игра топло-ладно..Некогаш е феноменален,некогаш дрво..Сепак со среќа нека му е во понатамошнниот престој на Олд Трафорт..:helou:

Сепак интересно :):):)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Се надевам дека барем ке не одмаздите, бидејки во тоа Сити игра мојот најомразен играч ! Искрено ке навивам за вас, во таа утакмица !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom