Судбината на Челзи му се заканува и на Манчестер Јунајтед
04/09/2009 11:19
Откако
ФИФА го казни Челзи со забрана на трансфери на играчи до 2011-та година, сега слична судбина би можела да го снајде и актуелниот англиски шампион
Манчестер Јунајтед.
Како што пишува англискиот Daily mail ФИФА го истражува земањето на
Пол Погбу од францускиот второлигаш Л'Авр кој тогаш беше капитен на француската репрезентација до 16 години. Сепак Јунајтед тврдат дека кога го донеле не бил под договор, но Французите го демантираат тоа.
“Веруваме дека ќе го добиеме овој случај, бидејќи ова не е само во наш интерес, туку за целиот спорт воопшто. Ние трошиме годишно по
5 милиони евра за нашата фудбалска академија, што за нас се доста пари и ги трошиме за подоцна фудбалерите се развиваат во нашиот тим, а не во некои други.
Која е смислата на вложувањето во академијата, ако нашите фудбалери си заминуваат на 16 години.“ - изјави директорот на Л'Авр, Алан Белсоер.
Што запнале толку со Јунајтед..