Мачеда ќе стане новиот Солскер, само златна резерва ништо повеќе, но како и да е, нема никогаш да си оди од Јунајтед, глава сечам...
Па во Јунајтед ретки се тие што не се резерви , што играат нон-стоп, освен за повреди и картони. Такви се Руни, Роналдо, Видиќ, Фердинанд и Ван Дер Сар. Дури и тие паузираат кога ќе треба само поретко од другите.
Сите другите служат за ротации и комбинации во моментите кога е потребно одмор, свежина и тактичко надмудрување, односно во моментите на згуснат распоред. Оваа година доколку навистина се договоривме и го зедовме Тевез, ќе го гледате малку повеќе како стартер. Сега кога е наш играч, кога за него се платени доста пари (не е малку и 25 милиони иако тие сакаа и повеќе), сега е друга приказна и верувам дека ќе го гледаме повеќе. Секако дека со поголема минутажа Карлито ќе биде уште подобар и поефективен и корисен. Само сеуште немам разбрано дали е официјално тоа што беше сабајлево објавено. Не се чудете ако не купиме други играчи доколку никој не си оди. Имаме премногу голем фонд на играчи и потенцијални квалитети. Видовте последното коло, со третиот или четвртиот состав (незнам како точно да го наречам), пак освоивме бодови.
Нас за во иднина, за идната сезона, ни е најважна само една работа: "Стариот лисец" да биди здрав и жив, во добра кондиција, добро здравје и добар памет (за ова не ме сваќајте погрешно но сепак е човек во години
). Не се сомневам дека ќе биде така и оваа сезона. Ферги има натпросечни квалитети, па ако е нормално или логично некој заради годините да ги поднамали квалитетите, тогаш Ферги може да стигни само до нормалата, а во никој случај под нормалата, затоа што има отповеќе.