Се повеќе мислам дека Ферги ке игра со 5 души во средина. Нешто слично како на Џузепе Меаца годинава.
Факт е дека ако сакаме да го добиеме натпреварот мора да ги запреме Чави и Иниеста, значи битката на средината според мене е најважна.
Да го имавме Флечер(кој сезонава ја изигра феноменално и беше достоен заменик за Харгрејвс) ке го имавме перфектниот среден ред, Флечер и Андерсон ке роваараа по теренот, а Керик/Сколс ке дистрибуираа топки. Сега како последица ке мора да го игра Гигс во утакмица каде што треба да бидеш молскавично брз и што е можно повеќе Гигс да ја држи топката во средина(иако веруам дека е спреман од страна на Ферги уште од победата над Арсенал во полуфиналето за оваа утакмица, нешто слично како што беше подготвуван за со Челзи на Олд Трафорд и знаеме како врати Велшкиот Маѓепсник
).
Исто така Фергусон МОРА да ги искористи дупките во одбраната на Барселона.
Јас да сум ке го пуштам Роналдо и Бербатов напред кај неискусните Пиќе и Туре. Бербатов може да напаѓа кај Пиќе и својата висина и снага максимално да ја искористи( пошто знам дека Пиќе во дуел со крупни и високи шпицови се мачи, доказ со Челзи на Стемфорд и лани со Болтон кога играше за нас каде што изгубивме 1-0 со голот на Ањелка), а ултра брзиот Роналдо кај Туре, оти нема логика Туре да го неутрализира Рони освен со фаул, а при евентуален фаул мислам дека сме поопасни од Барселона(земајќи го фактот дека Алвес, единствениот достоен шутер на слободни во Барса нема да игра).
Стасавме до бековите, Гвардиола нема многу опции(за наша среќа) кај бековите. Можно е Пујол да го игра лев бек при што ке добиеме предност кај нивната десна страна, нешто што веруам Парк или Роналдо евентуално тотално ке го искористи. Ако игра Пујол десен бек тогаш Силвињо нека му ја мисли со својата 37 годишна кичма која се надевам дека ке отиде во неповрат.
Овој натпревар има потенцијал да биде Ultimate Classic или евентуално досаден натпревар со многу фаули, преќини и борби на теренот.
Ке биде интересен дуелот помеѓу Керик, Андерсон и Чави и Иниеста.
Исто интересно ке биде ако игра Серџо Бускетс-момак кој го сметам доста талентиран али неговото неискуство мора максимално да биде експлоатирано од страна на Фергусон со тоа што ке го стави Андерсон напред да притиска и Роналдо и Бербатов да искористат било каква грешка.
Пак ке повторам ако го неутрализираме тој триаголник во средниот ред на Барселона, на Меси, Ето и Анри нема имињата да им ги чуеме
.
Се мислам дека Фергусон ке го има главниот збор, со оглед дека Гвардиола беше тактички уништен од Хидинг и исто тука ја гледам нашата предност. Серот знае дека ова е шанса што мора да ја искористи и мислам дека судбината ке помогне ние да станеме првиот тим што ја одбранил ЛШ, нешто што ке ги побие сите клетници спрема Фергусон и компанија.
Само страв ме фаќа од помислата на О Ши да го чува преродениот Анри. :S
MANCHESTER UNITED!!!