Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Честитки за победата.
Добро загревање пред големото финале.
Се гледа дека и од младинците има играчи кои во наредните сезони ќе играат во првиот тим.Ај па во среда да ја заокружиме успешната сезона. :smir:
 
Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.091
Поени од реакции
1.654
Заврши уше една премиерлигашка сезона.
Уште една фантастична сезона и најважно уште една шампионска сезона можеби една од најдобрите до сега.Победувавме,губевме, добро игравме,лошо игравме, најважно Шампиони сме трет пат по ред и 18та титула во нашата историја.

Многу работи се случија што не се случувале други сезони како 1302те минути без примен гол на ВДС,победа на Драгао,финале едно по друго во ЛШ итн.
Само 5 бода од натпреварите со ривалите за разлика од 14-те на Ливерпул и пак освоивме титула со 4 бода предност и вкупно 90 бода.

Најважниот натпревар оваа сезона според Ферги е со Стоук на боксинг деј дека имавме само 4 дена одмор од натпреварот во Јапонија против Гамба Осака.Според мене најважен натпревар беше против Астон Вила,со што се вративме во нашата форма и се роди нова ѕвезда на фудбалот - Кико Македа.Многу нови играчи видовме оваа сезона како Велбек,Македа,Рафаел,Посебон,Бербатов и Еванс со кои што успеа Ферги да нешто што ретко кој менаџер може т.е да има играчи за секаква тактика,да може да тактизира во секој натпревар а не со една единствена тактика и први 11 на секој натпревар (пример Барса).Роналдо и оваа сезона слично сјајна како минатата со вкупно 26 гола и 10 асистенции помогна многу да стигнеме до трофејот оваа сезона и до финалето во ЛШ.Руни истотака солидна сезона не извади на неколку натпревари со давање на злато-вредни голови,не се повреди воопшто или само еднаш не се сеќавам убаво и изигра перфектно на секоја позиција што го постави Ферги да игра.Тевез со една од најлошите сезони за него во неговата кариера.Не спасуваше неколку пати,супер играч со огромен Work Rate али играчиште ко него нејќе да седи на клупа и нормално дека ќе сака да си оди.Ако си оди нека му е со среќа каде и да иде,иако би сакал многу ако остане.За крај да ве потсетам дека Ван Дер Сар ја освојува златната ракавица оваа година,благодарение на 1302те минути без примен гол и на голот што го прими Реина од Роби Кин денес.Исто така Сер Алекс Фергусон и Немања Видич се избрани за Најдобар Менаџер на Премиер Лига и Играч на Премиер Лигата за 2009 година,сосема заслужено.
Остана уште Барса.

Изјава наводно од Роналдо:

и за крај Табелата на крај на сезоната:
 
Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Исто така Сер Алекс Фергусон и Немања Видич се избрани за Најдобар Менаџер на Премиер Лига и Играч на Премиер Лигата за 2009 година,сосема заслужено.

Ова кога се избираше ?
 
Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.091
Поени од реакции
1.654
Исто така Сер Алекс Фергусон и Немања Видич се избрани за Најдобар Менаџер на Премиер Лига и Играч на Премиер Лигата за 2009 година,сосема заслужено.

Ова кога се избираше ?
Вчера вечер.

Рио спремен за Барса

Да се потсетиме како стигнавме до Рим

G

Gray Foxx

Гостин
Интересно е што двете екипи кои во првото коло му извадија нерешено на шампионот паднаа во втора лига. Поука за другите екипи( Ливерпул) ако играат прво коло на Олд Трафорд некст сизон да не ни помислат на нерешено, не па на победа. :)
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Најинтересно е тоа што во Лузерпул фан клубот се тешат дека ова им била најдобра сезона во последниве години и се втори, а ние имавме просечна сезона и пак бевме први.
А и Тевез го рачунаат за кај нив од наредна сезона, има очајни луѓе по светов:toe:
 
blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
Честитки и до мене за победата:vozbud:
:salut:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Најинтересно е тоа што во Лузерпул фан клубот се тешат дека ова им била најдобра сезона во последниве години и се втори, а ние имавме просечна сезона и пак бевме први.
А и Тевез го рачунаат за кај нив од наредна сезона, има очајни луѓе по светов:toe:
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

И да им отиде, едно е да си под капата на стратег како Ферги, друго е како Пенитез. Денес мислам дека децава Ферги од по улица ги собирал па победивме, тие не можат со најсилен состав премиер да освојат.

Ајде дечки, нека ни е со среќа и следната сезона, оваа е веќе зад нас. Поминавме низ тежок старт, потоа почнаа да се редат миговите на титули, светската титула, прекрасни моменти како кога додававме и додававме минути на рекордот на Ван Дер Сар, карлинг купот, формата падна, но пак на крајот славиме.

Следната сезона уште некое рекордче да срушиме и уште некој млад талент да блесне од Академијата.:vozbud:
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Честито победа, се надевам заслужена бидејќи не бев во можност да ја гледам- бев во Скопје на финале на купот... ако може некој накратко да каже како изиграле младите и кој беше најдобар денеска... и ако може да го постирате голот на Гибсон... :vozbud:
 
Член од
13 јануари 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
749

Сите беа одлични највеќе впечаток ми остави тој што играше лево одбрана заборавив како се вика. Walback беше себичен многу
 
K

kaiser soze

Гостин
Убав крај на сезоната за Јунајтед.Иако Сер Алекс сосема логично се определи за играчи и состав кој не играше воопшто оваа сезона во лигата,младинскиот погон на тимот покажа дека е можеби најдобриот во лигата.Посебно сум фасциниран од играта на Велбек,со префинети движења и фантастична техничка поткованост,а и Македа потврди дека поседува одличен голгетерски инстинкт,иако денес не постигна гол.
Сега останува уште шлагот на тортата,односно освојувањето и на ЛШ,па сезонава да има фантастична завршница за нас.
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Каква комедија екипа се Хал само, во борба за опстанок очекував нивна сигурна победа, а изгубија од младинскиот погон :pos: Мислам дека денешниот тим на Јунајтед кога би играл во Чемпионшип би се борел за влез во Премиер и би влегол без проблем :) Ајде од наредна сезона го нема Њукасл да краде бодови во прво коло. :pos2:
 
Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Каква комедија екипа се Хал само, во борба за опстанок очекував нивна сигурна победа, а изгубија од младинскиот погон :pos: Мислам дека денешниот тим на Јунајтед кога би играл во Чемпионшип би се борел за влез во Премиер и би влегол без проблем :) Ајде од наредна сезона го нема Њукасл да краде бодови во прво коло. :pos2:
Тепаа што тепаа ама се виде и покрај тоа дека уште се зелени за во игра. Само неколку се истакнаа особено Гибсон и постојаниот Рафаел. овој Македа или Мачеда како и да е правилно денеска секој обид за да помине играч му беше неуспешен само кога немаше пред него некој беше опасен. Велбек се виде има потенцијал ама премногу солираше. Баш на онаа шансана кога украде топка од наша почовина исподрибла и испретрча нивни играчи и место да ја побадеше топката тој со лева ја шутна и упропасти златна шанса. Ама ај затоа и фергусон сеуште не ги става у прв тим чека да созреат па после. А да го заборавив и тој левиот бек белгиецот. И тој покажа солидна претстава иако во одбрана беше подобар него во напад важно се држеше човекот. Можеби нема да може да се пробива како Евра што иде напред ама барем ќе ги запира играчите солидно.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.602
Поени од реакции
6.382
Каква комедија екипа се Хал само, во борба за опстанок очекував нивна сигурна победа, а изгубија од младинскиот погон :pos: Мислам дека денешниот тим на Јунајтед кога би играл во Чемпионшип би се борел за влез во Премиер и би влегол без проблем :) Ајде од наредна сезона го нема Њукасл да краде бодови во прво коло. :pos2:
абе најебано во оваа ситуација е тоа што дигаа галама њукасл и миделзброу со каков тим ке излеземе за на крај да изгубат они и да отпаднат :pos2:
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
абе најебано во оваа ситуација е тоа што дигаа галама њукасл и миделзброу со каков тим ке излеземе за на крај да изгубат они и да отпаднат :pos2:
Затоа старите викаат, прво гледај во дворот твој, после кажувај за кај комшијата:toe:

GLORY GLORY MAN UNITED!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom