Microsoft say Macedonia

  • Креатор на темата Креатор на темата Eddie_rebel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Микрософт кажи Македонија! / Microsoft say Macedonia! е кампања која се залага за употреба на уставното име на Република Македонија во системскиот и апликативен софтвер на корпорацијата Микрософт.

Кампањата започна на 17 јуни 2007 година со отворање на нејзината официјална веб страница.
Целта на кампањата е анимирање на институциите во Република Македонија, како и целокупната македонска јавност за наоѓање трајно решение за употребата на уставното име на Република Македонија во софтверските решенија на корпорацијата Микрософт.
Став на кампањата е дека Микрософт во последниве десетина години гради непринципиелна политика кон Република Македонија, бидејќи наместо да го користи нејзиното уставно име, ја користи референцата ПЈРМ. Потврда на овој став кампањата гледа во фактот дека Микрософт во својата најнова верзија на оперативен систем Windows Vista, како и во сите останати програмски пакети и понатаму ја користи референцата ПЈРМ. Кампањата воедно се залага наместо FYRO Macedonian во листата со јазици во истите производи да стои само Macedonian, односно македонски јазик.
Предвидено е кампањата да се одвива во неколку фази, кои подразбираат испраќање дописи и отворени писма до инволвираните инстанци, петиции, повици и други активности.
Идејата на кампањата е да добие континуирана поддршка од пишаните и електронски медиуми во Република Македонија.
Едно од битните обележја на кампањата Микрософт кажи Македонија! / Microsoft say Macedonia! е дека целокупните активности за делување се изведуваат по електронски пат.
На тој начин кампањата сака да даде поддршка на развивањето на информатичкото општество во Република Македонија.

Превземено од Wikipedia
http://say.macedonia.blog.com.mk/
 
Имам пријател кој работи во Мајкрософт и вели дека во бирократијата и сл. таму сме Македонија, останува уште во софтверите да бидеме Македонија.
 
Ај Микрософт не фиромизират некако можам да ги разберам ама овие нашиве што не помрднуваат со прст никако не можам да ги разберам. Испратета ја поракава на претставништвото на Микрософт во Македонија - Микрософт ДООЕЛ Скопје

Нивниот мејл е: kontakt#microsoft.com.mk ( замени # со @ )

Ова е пораката:

Почитувани!

1. Кој е Вашиот официјален став во врска со континуираната употреба на референцата ФИРОМ (ПЈРМ) како име за нашата земја, наместо Македонија, во програмските пакети на Микрософт?

2. До кога ќе продавате производи во кои македонскиот јазик е прекрстен со некои вештачки додавки и е заведен како „фиромакедонски“?

3. Како можете да соработувате со некој кој воопшто не ја почитува нашата земја и јавно да ја браните нивната непринципиелна политика?

4. Дали сте презеле и дали ќе преземете конкретни чекори за рашавање на овој проблем?

На сите досегашни групни и поединечни реакции на корисниците на апликациите на Микрософт за нашето име, централата на оваа фирма упатува на Вашата фирма како најповикана да одговори на прашањата, со што јасно се лоцира дел од одговорноста. И покрај изјавите уште во 2005 година, на еден од Вашите менаџери, дека ќе се најде решение, истото не се случи.

Очекувам да ја почитувате генералната политика на Микрософт и да дадете одговор на прашањата најдоцна за 24 часа.

Поздрав.
 
Е тоа е една од милион причини зошто да не се користи Windows.

Во сите дистрибуции на бесплатниот оперативен систем Linux сме Македонија.
 
Ја подржувам кампањата, срамота што после толку години ништо не е променето. Сепак и некој во владата треба официјално да реагира.
 
Пратив е-маил.
Ајде сите праќајте можеби ке превземат нешто
 
Е тоа е една од милион причини зошто да не се користи Windows.

Во сите дистрибуции на бесплатниот оперативен систем Linux сме Македонија.

Не,токму тоа треба да биде причина да се користи пиратски Windows и сите други пропратни програми на Мајкрософт.Така најдобро ќе ги казниме за навредите кој ни ги нанесуваат.Со нивни камења по глава.:smir:
 
А нашава држава си плати милионски суми за софтверот во администрацијата со кој ја фиромизираат:kesa:
 
Дали навистина??

Да вистина, и нема комплетен превод на сите апликации иако тоа беше барано од microsoft во договорот.

„ Шекеринска информира дека според договорот што е склучен меѓу поранешната влада, односно од тогашното министерство за финансии и една компанија за лиценцирање на софтверот на „Мајкрософт“ во државната администрација требало да бидат лиценцирани околу 1.800 програми за околу 2 милиона долари.

Со новиот Договор, кој е потпишан со потпретседателот на корпорацијата „Мајкрософт“, треба да бидат лиценцирани 6.200 пакети, а неговиот износ изнесува 3,9 милиони долари, посочи вицепремиерката Радмила Шеќеринска. “

види: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=29038
 
Дали досега има какви такви резултати од оваа кампања, која трае од 17.Јуни.2007 , безмалку 2 години...???
Мислам дека во оваа борба треба да се координираме и да дејствуваме заедно, бидејќи навистин е НАВРЕДЛИВО тоа што се случува со ИМЕТО...
 
Да вистина, и нема комплетен превод на сите апликации иако тоа беше барано од microsoft во договорот.

„ Шекеринска информира дека според договорот што е склучен меѓу поранешната влада, односно од тогашното министерство за финансии и една компанија за лиценцирање на софтверот на „Мајкрософт“ во државната администрација требало да бидат лиценцирани околу 1.800 програми за околу 2 милиона долари.

Со новиот Договор, кој е потпишан со потпретседателот на корпорацијата „Мајкрософт“, треба да бидат лиценцирани 6.200 пакети, а неговиот износ изнесува 3,9 милиони долари, посочи вицепремиерката Радмила Шеќеринска. “

види: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=29038

Не си го разбрал прашањето (константацијата) од

Дали навистина??
 
Не,токму тоа треба да биде причина да се користи пиратски Windows и сите други пропратни програми на Мајкрософт.Така најдобро ќе ги казниме за навредите кој ни ги нанесуваат.Со нивни камења по глава.:smir:

Игзектли. И да пишат Македонија пак ќе користиме пиратски софтвер.:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom