К: Македонија најнапредна но не и совршена
Коментари (7)
18.05.2009 18:30
Експертските мислења доцнат и се уште не им се доставени на земјите членки
Пожарот во ЕК денеска не ги изгоре долго очекуваните мислења на Брисел за реформскиот напредок за визна либерализација, но очигледно го одолжи процесот.
Експертските мислења доцнат и се уште не им се доставени на земјите членки, како што требаше да биде случај денеска.
Мислењата ќе бидат испратени до сите престолнини утре или задутре.
Нивната содржина е чисто стручна. Станува збор за детален преглед на реформскиот напредок за визите во секоја од земјите кандидатки за визно укинување. Нема заклучоци, нема оцени, само експертски преглед.
Земјите членки потоа ќе ги споредат овие мислења со оние на нивните мониторинг мисии кои во текот на март и април шетаа низ Балканот за да ги оценат на лице место реформите.
Откако сите тие стручни мислења ќе се соберат и разгледаат, можеме да очекуваме ЕК да им предложи на земјите членки визна либерализација. Најверојатно во јуни или јули. Не се знае ниту дали предлогот ќе се однесува на една, две или три земји.
Откако ЕК ќе предложи, земјите членки ќе одлучат. Нивната одлука е единствената која може да донесе безвизен режим. Останува да поминат септемвриските избори во Германија, која е една од најскептичните за визното ослободување.
Визното ослободување е реалност, единствена неизвесност е датумот кога таа ќе се случи.
Македонија е најнапредна но не и совршена. Наместо да лицитираат со датуми, Брисел препорачува властите да се концентрираат на последните недостатоци за да може да приложи беспрекорно досие.
извор а1
пазете сега насловот..како и да земам ваквото пренесување на информација е минимилистичко од страна на а1, и тоа што ме револтира е шпоследниот пасус каде ни пренесуваа порака од брисел...кој го изјави тоа, име и презиме , негова функција за да знаеме ако е ``изјавено`` кој а тежина ја има истото.
стварно не знам која и е целта на А1, кој го изјави ова Бобан од Сопотско а???