Википедија

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
logo_wikipedia.gif

Сите знаеме што е википедија и дека е корисна енциклопедија,има се и сешто на неа,кога и да затреба.
Имаме и македонска википедија,која неодамна ја надмина бројката од 30.000 статии.

Прашање до вас кајганџии:
Дали уредувате на Википедија и дали би помогнале да се зголеми обемот и усоврши единствената енциклопедија на Македонски јазик?
Јас мислам потребно е сите да се вклучиме:smir:
 
Јас менувам на англиската кога ќе налетам на моронизми од страна на нашите соседи... Сега брзо налетав на “бугарскиот свештеник св. Наум Охиридски“ .. и “Република Скопје“ и слично... Само, веќе ги нема ;)
 
Имам една статија преведено за семинарска, а ја нема на македонски, како да ја ставам, регистриран сум.
 
Немора да си регистриран.
Инаку одиш вака:

http://mk.wikipedia.org/wiki/Име_на_статијата
Ако ја нема, ќе стиснеш Создади Статија, и ќе напишеш тоа што сакаш.
 
А како да ги додадам сликите од англиската верзија, и кој треба да ја поврзи со англиската верзија како македонски превод на истата?
 
Јас имам неколку статии на википедија во областа на програмирање, односно за c++ класи
 
знае некој како се става слика на статија во Википедија
 
А како да ги додадам сликите од англиската верзија, и кој треба да ја поврзи со англиската верзија како македонски превод на истата?

Значи си има посебна македонска Wikimedia, кадешто се хостираат секакви дадотеки. Мислам дека нема начин да внесеш слика од англиска или друга википедија на македонската, без да ја спуштиш и да ја качиш на македонската Wikimedia.

Инаку еве како се качува слика:
На пример кога пишувате некоја статија внесувате

HTML:
[[Податотека:imeto-na-fajlot.JPG]]

Значи кога ќе зачувате, ќе се појави црвен линк imeto-na-fajlot.JPG, го притискате него ги читате правилата (ако сакате), подоле има форма за качување, т.е Browse..., бираш слика (да биде со истото име како подадотеката што ја напишавте горе, во овој слушај imeto-na-fajlot.JPG). Потоа во опции за подигање, штиклирате "Набљудувај ја оваа страница" и "Игнорирај предупредувања", и сликата ќе се качи. Можете да пополните дополнителни информации, како опис и слично. Важно е сликата да биде со исто име, (наслов) како подадотеката, инаку нема да работи.

Сега уште нешто:
HTML:
[[Податотека:imeto-na-fajlot.JPG[b]|300п[/b]]]

Кога ќе ја внесете сликата, ако е 1000x1000 резолуција, така ќе ви ја покаже. Затоа се додава |%п, за сликата автоматски да се намали. Ако сакате да се прикаже како мини-слика со рамка, тогаш додавате |мини, до 300п.

Ако искомплицирав работа, се извинувам :)
 
може и директно да се копира цел код за сликата со форматирањето од англиската верзија (од View Source), да се залепи во македонската верзија и да се преведат зборовите на македонски.
 
Википедија на македонски јазик во моментов има 104.415 статии :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom