Сега не знам колку сте свесни ама мислам дека повеќето сте дека во моментот се разви дискусија, онака како што треба да биде, сите си ги кажуваат своите мислење на малку поголеми и поопширни постови и за 1 ден еве веќе има 13,14 страни каде што има што да се прочита. Јас како понов член не сум компетентен да зборувам за форумот каков бил каков е и каков ќе биде, само знам дека порано имаше интернет корисници, кои можевме да ги изброиме на прст, и дома никој не им ставаше на деца од 12 години интернет, а денес сите имаат интернет не, и се се измени форумот не е имун не е можно да се заштити секој си има свое мислење некој мисли дека е член со тоа што пишува постови само за зелено или не знам што, и секој е во право, треба секое мислење да го почитуваме и форумот само да ни претставува реална слика со што се занимаваат младите тинејџери денес.