Ај шо ве гледам смешни, млатите празна слама цело време... Не може некој што се регистрирал во април 2009 да напише „форумот не е тоа што беше“. Дури не знам ни јас дали можам да се вбројам во „форумска стара гарда“, а да не зборувам за овие поновите.
Форумот не е ист, се менува, исто како што на пример Ацид, Гарфилд, Мистичен и Трн во Око не се истите од пред 5 години, туку се смениле. Старата тајфа што имаше малце акал и ниво на дискусија, замина поради наездата на дечиња кои трошат време на форум, наместо да дискутираат или барем да пробаат да дискутираат. Пополека „играчница тимот“ го презеде форумот, ликови како Марјан Мики и слични покемон суштества постираат пост од типот „Секој има право на свое мислење“ или едноставно само две смајлиња, во тема во која се води сериозна дискусија. Кога во фудбал порано ќе влезев во некоја од темите за првенствата, ми беше ќеф и задоволство да читам и да дискутирам. Ама кога на мој долг и содржаен пост со објаснување зошто го држам тој став, ќе добијам само „Океј брат, секако не ме интересира, само прокоментирав“... не знам дали да сум среќен ко прваче зошто сум „победил“ во дискусијата, или да си седнам и да си плачам шо сум изгубил време да пробам да објаснам некому нешто. Ацева ја нема, OBDN ја нема, Стормејнџел, Бибика, Јаков, Мацедалиен... Ацид, Мистик, Серпико, Форчн, Дивајн - како што гледам изгубиле и желба и нерви за дискусија. Зошто? Чудете се зошто. Рекле, не се карај со будала, ќе те спушти на негово ниво, па ќе те тепа на искуство. Едноствано некои решиле дека не сакаат да се спуштат на тоа ниво, туку поарно би останале кај што се, иако форумот ќе загуби на квалитет.
И после одел форумот у курац. Е ќе ојт.
И старите членови си оделе. Е ќе си одет.
И администрацијата била крива за се’ ова. Да бе...