Пред некое време (може има 10-на дена) случајно на некоја телевизија загледав една емисија за оваа тема. Учествуваа Кочо (толку спомнуваниот
) кој се декларираше како педер, нашата “талентирана“ стриптизета Хелена Роза која мислам дека се изјасни како бисексуалка и не ми текнува дали Софија се викаше (режисерка е) која се изјасни дека моментално е во љубовна врска со друга девојка односно е лезбејка и е многу среќна.
И сега тие дискутираа можеби повеќе од еден саат траеше емисијата за правата на ГЛБТ популацијата и наводната нивна дискриминација во Македонија.
Зошто „наводна дискриминација“?
Па никој од нив не кажа факт, податок дека е на пример малтретиран поради неговата сексуална определба.
Сите се занимаваат (си работат) тоа што си сакаат и си се успешни и среќни во своите професии. Сосема нормано си функционираат во општеството и животот.
Околу децата беа доста поделени во мислењата така да кажам, бидејќи Хелена нели си има дете, таа режисерката се изјасни дека ќе иде во странство и ќе си купи сперма од банка и ќе си има дете а едино Кочо изгледа ќе треба да почека (5 години мислам дека рече Леди Куир) да може сам да си роди.
Исто беа поделени и околу тоа дали се раѓаш или стануваш педер. Хелена тврдеше дека така и се присакало.
Аут Бој ти на пример тврдиш дека си се родил со таква сексуална ориентација што на мене лично некако не ми е прифатливо. Што си знаел ти како дете за сексот и привлечноста? Многу по логично ми е да поради некои околности (семејство, околина и некои други општествено социолошки влијанија) во време на пубертетот тебе да те изградиле во личност со сексуални афинитети кон сопствениот пол.
Јас лично немам потреба да ја знам детално сексуалната ориентација на луѓето околу мене, не ме интересира. За парадата велиш дека треба да ја има за да другите ве видат дека ве има. Ок е, ве има и што? Што треба да направам јас ако некој јасно ми каже (покаже) дека е педер? Да му се поклонам? :nenene:
Мене нормални педери апсолутно не ми сметаат и нема ништо против никого. Активностите во спалната си се интимна работа и секој со кого сака и како сака може да си ги практикува. Мене ми смета општо егзибиционизмот, па така и егзибиционизмот и целиот оној невкус и неморал што сака да ни се истопори пред очи со една таква парада. Слоганот на една од тие организации е „Прифатете ја различноста“. Па јас апсолутно немам проблем со различности меѓу луѓето има и повисоки и пониски од мене, има и подебели и послаби и да не редам сите сме разлини, и јас ги прифаќам сите такви какви што се. Едноставо прифатете и вие дека не сте нешто посебно, за да ви се поклонуваме и тргаме од патот и ќе бидете посреќни.
Иституцијалниот брак (оној на хартија) сам по себе не значи ништо. Имаш бракови склучени договорно, само за државјансто (зелена карта), принудни итн. итн.
Љубовта и среќата во семејството како и топлината хармонијата во домот не се добиваат автоматски со потпишување на некое парче хартија и склучување на некаков договор. Според мене неможат да оформат здраво семејство егзибиционистички типови (и типки) како што се тие од парадите на “гордоста“. Аут Бој, ова мое мислење свати го и како предрасуда ако сакаш ама стварно не ми изгледа убава слика на која што, двајца мажи облечени во кожни розе танга гакички држат дете.
Педерите постоеле и ќе постојат како што викаш (секогаш ќе има околности што ќе направат нокого поинаку сексуално ориентиран) но тие во денешницава во повеќето земји во светот па и во Македонија можат сосема нормано да си функционираат (како погорните примери) и уживаат со своите партнери и тоа апсолутно никој не им го ни брани. Нема закон против педери не ни треба ни закон ЗА педери. Едноставо треба да сватите дека не треба да барате да бидете ни привелигирани.
ПС. Зборот ПЕДЕР го употребувам бидејќи тој е македоскиот збор за истополова машка сексуална привлечност. Никаде не ми е употребен како “карактерна“ особина или навреда. :smir:
ППС. Се извинувам за моето подолго пишување, ама како и предходно што имам кажано ретко пишувам па одеднаш си кажувам повеќе работи. :helou: