И официјално, Љубе најави формирање на партија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Љубе Бошкоски најави формирање политичка партија
Коментари (1)


30.04.2009 19:27

Љубе Бошкоски

Љубе Бошкоски денеска од битолското село Могила најави дека ќе формира политичка партија, но не прецизираше кога ќе се случи тоа.

„До мене пристигнуваат барања да се појавиме како нов политички субјект на македонската политичка сцена... да понудиме решенија без притоа да ме поврзуваат со Бранко Црвенковски, Никола Груевски или, пак, Љубчо Георгиевски. На политичка сцена ќе излеземе како нов политички субјект, а кога, тоа ќе одлучат граѓаните на Македонија“, истакна Бошкоски, кој попладнево во Општина Могила се сретна со млекопроизводителите и земјоделците.

Бошкоски најави зачестени средби со граѓаните целата земја, пренесува МИА.

„Постигнатиот резултат од неодамнешните претседателски избори ме обврзува да продолжам да контактирам со граѓаните и да разговарам за проблемите од млечната индустрија, сточарската и текстилната индустрија, но и други проблеми од областа на економијата“, истакна Бошкоски. Тој смета дека доколку Владата финансиски интервенира кај фармерите, нема да има нарушувања во економијата.


Извор : А1
 
Ќе ја доживее судбината на Тупуркоски,Петкоски...1-2 г. ќе биде во облаци,а после силен пад на земја.
 
Тешко дека Љубе ќе направи партија што ќе е фактор во Македонија. Еуфоријата веќе е помината и така да ако направи нешто ќе биде како ЛП, НСДП или некои од ВМРО партиите што настанаа. А лицемерни желби за успех и бериќет погоре напишани не им се потребни, сите на форумов знаат која е целта.
 
До сега новите партии поминуваа незабележително и без некој јасен концепт.
Со среќе, можеби ке смени нешто...
 
на здравје уште една партија под раководство на БЦ
 
E za ovoj covek dusa davam, ne deka mi e imenjak, ali vistinski Makedonec e. Vednas ke se zaclenam vo parijata negova.
 
Мммм затоа барал пари од бугарското МПО? И оп веднаш средба со незадоволна категорија на гргани
 
Ajde de ti vednas znaes deka e so BC
Па има голема можност да е дел од коалицијата на внатрешни и надворешни фактори за уривање на ВМРО-ДПМНЕ.Средбите со Бранко за време на изборите беа демантирани НЕ.
 
Аирлија да е и за многу години!Чекам пристапница.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom