- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Љубе Бошкоски најави формирање политичка партија
Коментари (1)
30.04.2009 19:27
Љубе Бошкоски
Љубе Бошкоски денеска од битолското село Могила најави дека ќе формира политичка партија, но не прецизираше кога ќе се случи тоа.
„До мене пристигнуваат барања да се појавиме како нов политички субјект на македонската политичка сцена... да понудиме решенија без притоа да ме поврзуваат со Бранко Црвенковски, Никола Груевски или, пак, Љубчо Георгиевски. На политичка сцена ќе излеземе како нов политички субјект, а кога, тоа ќе одлучат граѓаните на Македонија“, истакна Бошкоски, кој попладнево во Општина Могила се сретна со млекопроизводителите и земјоделците.
Бошкоски најави зачестени средби со граѓаните целата земја, пренесува МИА.
„Постигнатиот резултат од неодамнешните претседателски избори ме обврзува да продолжам да контактирам со граѓаните и да разговарам за проблемите од млечната индустрија, сточарската и текстилната индустрија, но и други проблеми од областа на економијата“, истакна Бошкоски. Тој смета дека доколку Владата финансиски интервенира кај фармерите, нема да има нарушувања во економијата.
Извор : А1