omg. Некој себеси се нарече за лигав, дете и себичен.
Иди раскажи и го муабетов на мајка ми (damn it пак ја посочувам за пример) шо изглеа ко 30 на 50, а цел живот готви дома, чисти, пегла, пере, работи (и тоа со мали деца) и има прекрасна комуникација и со мене и со брат ми дома.
Муабетот дека поише сакам да јадам ти го кажав дека, подобар однос ќе имам со мајка ми дома ако ми праи за јадење, отколу да ми покажува математика. Кој вика дека после јадењето морам да го испратам детето у соба да учи? Тоа ти би направила така?
Жените сами си го бараа на времето. Некои можат да се носат со тоа, некои не можат.
Ти пример, не можеш да се носиш со тоа. Не можеш да готвиш, да переш, да пеглаш и да работиш истовремено, пошо викаш дека не би имала време и нејќеш да изглеаш ко 60 годишна баба на 40.
На крај краева, ако ти е толку тешко и да работиш и да переш, готвиш, пеглаш истовремено, кој те тера?
Кој те тера да се мажиш, уопште?
It's a free country, isn't it?
Немој да се мажиш, ќе му ги потрошиш сите пари на маж ти за јадење у кафана, педикир, маникир, фризер, козметичар, масер, фитнес...
Ама веќе ко ќе стапиш у брак, ти си должна, обврска ти е, така покажуваш љубов и грижа, како мајка и како сопруга, да се грижиш за домот, а не да се грижиш дали ти се ноктите излакирани ил не. Не викам да се запоставиш скроз, ама времето што го одвојуваш за себе сега, кога си не мажена, ќе го Нема ко ќе се омажиш. Разбери.
Жалосно за мајка ти, сигурно ќе ти каже дека е тешко, но вреди нели?
Тешко е навистина, штом си свикнал и го можеш тоа секојдневно, поздразбира дека се носиш.
Но кога ќе се создадат услови тешкото да го олесниш, тогаш го правиш тоа, освен ако не си ментално ретардирана мазохиста, па задоволство ти претставува тешкотијата.
Зошто мајките кои се средени и внимаваат на себе ги сметате за себични, самозаљубљиви створења кои што освен себе си, ниту деца, а уште помалку на мажот гледаат?
Најпрост пример. На фризер каде што одам јас, одат и многу млади мајки со своите деца. Тие не го оставиле детето дома на дадилката, за да можат пичондрата да ја рашетаваат, туку дошле заедно да се средат. Односно шишање за мајката, шишање за детето.
Не секоја жена ги троши парите на мажот, постојат жени кои што заработуваат пари или не ти текнува?
И сопствените заработени пари може да ги троши каде што таа сака, ако сметките дома се подмирени, тогаш зошто да не се рекреира?
Болдот е поентата на темата.
Жените не се плашат од брак, туку не сакаат брак во кои тие ќе се загубат себе си. Не само физички туку и ментално. Секој има право во одреден дел од денот, макар и саат да го посвети на себе си, без разлика дали е родител. Нормално е тоа. Жената треба и во бракот да се надоградува себе си, треба да ужива во тој брак. Бракот не подразбира од жената правење машина за само задоволување на потребите на членовите од семејството, туку и на сопствените. Како што бракот не им забранува на мажите да се опуштат во одреден дел од денот покрај телевизор, гледајќи фудбал.
Да, навистина постојат жртви кога носиш за некого одговорност, но истото не значи дека треба да се закопаш жив.
Оние жени кои ги гледам секојдневно, кои што остареле пред да се свестат, на кои лицата им се уморни, како да заборавиле дека можат да се насмевнат
заради себе.
Секојдневите обврски човекот го доведуваат до ништо и единствената утеха на таквите мајки се нивните деца кои им причинуваат радост. Зошто позитивните емоции да чекаме да ни ги дадат децата или партнерот? Не може сами да ги создадеме?
Шминката, фризурата, маникирот и потребните работи за физичката убавина, кои што луѓето ги сметаат за глупост и џабе потрошени пари и време, се исто така ситници како што е и готвењето.
Можеби не се потребни секојдневно и од нив материјална полза нема целото семејството, но кај жените истите претставуваат вистинско освежување на самодовербата.
Штом мајката е задоволна од себе си, истото задоволство го пренесува на другите членови од семејството.
Постојат жени кои што се средени, кои што се истовремено мајки и изгледаат доволно добро како 20 годишни. Истите тие ги искористиле привилегиите денес кои што ги имаат жените, имаат прилики кои им овозможуваат да застанат на сопствени нозе и парите кои ги заработуваат, претставуваат средство за да си исполнат своја желба. Исто како што исполнуваат желба на своето чедо кога плаче пред излогот за новата кукла.
Знаат дека новата кукла ќе му изнуди насмевка и задоволство се дур не посака друга.
Затоа не е во ред кога ќе слушнам дека нечие неумеење, неспособност или немање желба се осудува. Не можеш да оцениш според готвењето дали една жена е способна мајка или сопруга и колку бракот и е добар.