Зошто модерната жена се плаши од брак?

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
Tamina, takvite mazi od koi vie (mislam devojkite 20-25 godini) imate uplav se mitski stvorenja. Jas navistina ne razbiram so kakvi luge vie se imate druzeno, sto imate gledano, mislam strasno...
ги гледаме комшиките, тетките, наставничките, мајките на другарките и се тоа што некој(посебно машкиот род) го премижуваат и го сметаат за небитно и нормално... тргни од дома и барем еден ден внимателно набљудувај го односот на родителите... колку од нас можат да се пофалат дека нивните мајки се среќни жени????
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Никогаш нема да го променам своето мислење и својот став... Не стапувам во брак со некој за да ми газдува и да ми глуми некаков си авторитет...
Демек господинот работел по цел ден и доаѓа уморен дома, а јас треба да го третирам ко цар... Јас не сум уморна што цел ден ќе се влечкам ко слугинка по куќата ? И за што, за кого ? Ќе ми рече некој фала ? Диплома да не добијам за чесна, послушна и вредна домаќинка ?
И што ќе ми се тие негови пари кои низ уста и низ нос ќе ми ги вади... Не ми требаат такви пари за кои постојано ќе бидам потсетувана дека не се мои...
Не ми треба никој да го молам влошки да му купи...
Сама ќе живеам и сама ќе умрам ако треба, не дозволувам некој да ме потценува...
За возврат за парите што тој ги носи дома, јас морам да покажам и докажам дека сум помалку од него, дека сум зависна од него па ќе ќутам и ќе слугувам... Нема шанси... Ќе го потрошам цел свој живот така што ќе трчкам по некого да му удоволувам, да го перам, пеглам, да му готвам... И на крај и нозете да му ги отворам...
Не ми треба вакво ропство... Дали ќе најдам маж кој ќе се понаша ко човек или ќе останам вечно сама едноставно НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА... Поважно ми е кога ќе легнам, да спијам мирно отколку да се замарам дали мажот случајно ќе се налути на мене за сосема небитни работи, поврзани со куќата и домаќинлукот...
А ако најдеш маж кој ќе се “понаша како човек“ и ќе те третира рамноправно, ќе му ја е...ш црната мајка...:)
Не буквално секако, но да кажеме метафорично...
Едно се декларации...Ирак окупиран ради ширење демократија, жени кои сакале рамноправност...а реалноста полна со чудесии...
 
Член од
4 април 2011
Мислења
152
Поени од реакции
89

Па зарем јас ќе барам дозвола за нешто од мојот маж ? Кој е тој да барам јас некаква дозвола... Не прашувам, не давам оправдувања, не се замарам... Кому му пасира ок, кој не патот му е прав...
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Никогаш нема да го променам своето мислење и својот став... Не стапувам во брак со некој за да ми газдува и да ми глуми некаков си авторитет...
Демек господинот работел по цел ден и доаѓа уморен дома, а јас треба да го третирам ко цар... Јас не сум уморна што цел ден ќе се влечкам ко слугинка по куќата ? И за што, за кого ? Ќе ми рече некој фала ? Диплома да не добијам за чесна, послушна и вредна домаќинка ?
И што ќе ми се тие негови пари кои низ уста и низ нос ќе ми ги вади... Не ми требаат такви пари за кои постојано ќе бидам потсетувана дека не се мои...
Не ми треба никој да го молам влошки да му купи...
Сама ќе живеам и сама ќе умрам ако треба, не дозволувам некој да ме потценува...
За возврат за парите што тој ги носи дома, јас морам да покажам и докажам дека сум помалку од него, дека сум зависна од него па ќе ќутам и ќе слугувам... Нема шанси... Ќе го потрошам цел свој живот така што ќе трчкам по некого да му удоволувам, да го перам, пеглам, да му готвам... И на крај и нозете да му ги отворам...
Не ми треба вакво ропство... Дали ќе најдам маж кој ќе се понаша ко човек или ќе останам вечно сама едноставно НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА... Поважно ми е кога ќе легнам, да спијам мирно отколку да се замарам дали мажот случајно ќе се налути на мене за сосема небитни работи, поврзани со куќата и домаќинлукот...
ти девојко кизнај каква фрустрација те мачи...дај побарај таму помош во кајгана психолог.Дали си го прочита својот пост пред да стисниш испрати одговор?!во спротивно ако си прочитала тогаш е нешто друго не е во ред..или имаш компекс од виша вредност или претходниот дечко бил суров.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Што е модерна жена???

Јас се извинувам, имам 27 години, не сум мажена, ама не се сметам за модерна жена!

Јас си сакам гравче во петок, сеедно дали е чорба или е тавче, или ќебапи со кромид, со повеќе лук и многу магдонос, сакам салатичка со јадењето, не пијам ракија, ама винце чашка може да си пивнам... Сакам јас кога ќе си зготвам, а не се бунам и некој друг ако зготви. Сакам да си излезам сама, ама сакам да си излезам и со љубовта. Јас сум дете од многу постари родители, нешто што го сметам за огромна предност. Во мојов живот, кај нас дома, кога ручаме или кога сме си заедно правиме сериозни муабети или се шалиме на наша сметка, не збориме за роднини, пријатели, комшии... Жените во мојата фамилија живееле со свекор и со свекрва и ми кажале, а и сум видела, дека живееле исто убаво како со своите родители. Мајка ми вели: едното мора да биде туѓо, дали дома син ќе ти дојде или ќерка (мисли на зет или снаа), едното не си го родил, АМА ќе си го сакаш како да е твое, оти твоето си го сака и си го одбрало. Јас не сум мажена, ама и не се плашам од бракот. Јас имам други реални стравови. Јас се плашам за моите деца, се плашам дали правилно ќе ги воспитам и дали ќе ги изнесам на вистинскиот пат. Знам дека тоа се стравови на секој родител. На форумов секој ден низ темиве читам вакви - такви постови кои, најискрено, ме преплашуваат. Денешнава младина наместо да прочита книга, да изгледа филм, да слуша квалитетна музика, да прошета надвор, со еден збор наместо да се социјализира, таа се затвара. Намесо филмови ја гледаат Џеврие и компанијата, наместо филм и музика играат игрици или слушаат турбо фолк, наместо да ги размрдаат коските дремат на фб... Не сакам моите деца да бидат такви!!! Велат, крушата под круша паѓа! Дај Боже! Му се молам на Господ само со децата да не ја заебам, оти што ќе ми живот, ако со децата сум ја утнала.

А за свекрвите и свекорите, односно за бабите и дедовците јас ич не се плашам. Како што ја ЈАС имам мајка и татко, кои си ги сакам и почитувам, така и мојот партнер има мајка и татко кои си ги сака и си ги почитува. Сите ќе се почитуваат заради младите, кои си се сакаат.

П.С. Се додека ја гледате Џеврие и кажувате дека ќе се омажите за ваков, таков, онаков - ништо нема да направите во животот! Животот не е од гледање турски или шпански серии, тоа е залудно потрошено време. Во животот нема кој повеќе направил, кој помалку направил. Во бракот не гледаш да ќариш и да си го заебеш партнерот, треба да гледаш на двајцата да ви биде убаво.
Cestitam, so ovoj post zavrsi na mojata lista na clenovi na ovoj forum na koi sekogas ke im gi citam postovite...

:back:
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Никогаш нема да го променам своето мислење и својот став... Не стапувам во брак со некој за да ми газдува и да ми глуми некаков си авторитет...
Демек господинот работел по цел ден и доаѓа уморен дома, а јас треба да го третирам ко цар... Јас не сум уморна што цел ден ќе се влечкам ко слугинка по куќата ? И за што, за кого ? Ќе ми рече некој фала ? Диплома да не добијам за чесна, послушна и вредна домаќинка ?
И што ќе ми се тие негови пари кои низ уста и низ нос ќе ми ги вади... Не ми требаат такви пари за кои постојано ќе бидам потсетувана дека не се мои...
Не ми треба никој да го молам влошки да му купи...
Сама ќе живеам и сама ќе умрам ако треба, не дозволувам некој да ме потценува...
За возврат за парите што тој ги носи дома, јас морам да покажам и докажам дека сум помалку од него, дека сум зависна од него па ќе ќутам и ќе слугувам... Нема шанси... Ќе го потрошам цел свој живот така што ќе трчкам по некого да му удоволувам, да го перам, пеглам, да му готвам... И на крај и нозете да му ги отворам...
Не ми треба вакво ропство... Дали ќе најдам маж кој ќе се понаша ко човек или ќе останам вечно сама едноставно НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА... Поважно ми е кога ќе легнам, да спијам мирно отколку да се замарам дали мажот случајно ќе се налути на мене за сосема небитни работи, поврзани со куќата и домаќинлукот...
ти девојко кизнај каква фрустрација те мачи...дај побарај таму помош во кајгана психолог.Дали си го прочита својот пост пред да стисниш испрати одговор?!во спротивно ако си прочитала тогаш е нешто друго не е во ред..или имаш компекс од виша вредност или претходниот дечко бил суров.
 
Член од
4 април 2011
Мислења
152
Поени од реакции
89
ти девојко кизнај каква фрустрација те мачи...дај побарај таму помош во кајгана психолог.Дали си го прочита својот пост пред да стисниш испрати одговор?!во спротивно ако си прочитала тогаш е нешто друго не е во ред..или имаш компекс од виша вредност или претходниот дечко бил суров.
Не, ниеден дечко не бил суров со мене, оти кај мене тоа не може... И од што би можела да бидам исфрустрирана ?
Можеби од тоа што го гледам околу мене, како функционираат браковите...
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
omg. Некој себеси се нарече за лигав, дете и себичен.
Иди раскажи и го муабетов на мајка ми (damn it пак ја посочувам за пример) шо изглеа ко 30 на 50, а цел живот готви дома, чисти, пегла, пере, работи (и тоа со мали деца) и има прекрасна комуникација и со мене и со брат ми дома.

Муабетот дека поише сакам да јадам ти го кажав дека, подобар однос ќе имам со мајка ми дома ако ми праи за јадење, отколу да ми покажува математика. Кој вика дека после јадењето морам да го испратам детето у соба да учи? Тоа ти би направила така?

Жените сами си го бараа на времето. Некои можат да се носат со тоа, некои не можат.
Ти пример, не можеш да се носиш со тоа. Не можеш да готвиш, да переш, да пеглаш и да работиш истовремено, пошо викаш дека не би имала време и нејќеш да изглеаш ко 60 годишна баба на 40.

На крај краева, ако ти е толку тешко и да работиш и да переш, готвиш, пеглаш истовремено, кој те тера?
Кој те тера да се мажиш, уопште?
It's a free country, isn't it?
Немој да се мажиш, ќе му ги потрошиш сите пари на маж ти за јадење у кафана, педикир, маникир, фризер, козметичар, масер, фитнес...

Ама веќе ко ќе стапиш у брак, ти си должна, обврска ти е, така покажуваш љубов и грижа, како мајка и како сопруга, да се грижиш за домот, а не да се грижиш дали ти се ноктите излакирани ил не. Не викам да се запоставиш скроз, ама времето што го одвојуваш за себе сега, кога си не мажена, ќе го Нема ко ќе се омажиш. Разбери.
Жалосно за мајка ти, сигурно ќе ти каже дека е тешко, но вреди нели? :)
Тешко е навистина, штом си свикнал и го можеш тоа секојдневно, поздразбира дека се носиш.
Но кога ќе се создадат услови тешкото да го олесниш, тогаш го правиш тоа, освен ако не си ментално ретардирана мазохиста, па задоволство ти претставува тешкотијата.
Зошто мајките кои се средени и внимаваат на себе ги сметате за себични, самозаљубљиви створења кои што освен себе си, ниту деца, а уште помалку на мажот гледаат?
Најпрост пример. На фризер каде што одам јас, одат и многу млади мајки со своите деца. Тие не го оставиле детето дома на дадилката, за да можат пичондрата да ја рашетаваат, туку дошле заедно да се средат. Односно шишање за мајката, шишање за детето.
Не секоја жена ги троши парите на мажот, постојат жени кои што заработуваат пари или не ти текнува?
И сопствените заработени пари може да ги троши каде што таа сака, ако сметките дома се подмирени, тогаш зошто да не се рекреира?

Болдот е поентата на темата.
Жените не се плашат од брак, туку не сакаат брак во кои тие ќе се загубат себе си. Не само физички туку и ментално. Секој има право во одреден дел од денот, макар и саат да го посвети на себе си, без разлика дали е родител. Нормално е тоа. Жената треба и во бракот да се надоградува себе си, треба да ужива во тој брак. Бракот не подразбира од жената правење машина за само задоволување на потребите на членовите од семејството, туку и на сопствените. Како што бракот не им забранува на мажите да се опуштат во одреден дел од денот покрај телевизор, гледајќи фудбал.
Да, навистина постојат жртви кога носиш за некого одговорност, но истото не значи дека треба да се закопаш жив.
Оние жени кои ги гледам секојдневно, кои што остареле пред да се свестат, на кои лицата им се уморни, како да заборавиле дека можат да се насмевнат заради себе.
Секојдневите обврски човекот го доведуваат до ништо и единствената утеха на таквите мајки се нивните деца кои им причинуваат радост. Зошто позитивните емоции да чекаме да ни ги дадат децата или партнерот? Не може сами да ги создадеме?

Шминката, фризурата, маникирот и потребните работи за физичката убавина, кои што луѓето ги сметаат за глупост и џабе потрошени пари и време, се исто така ситници како што е и готвењето.
Можеби не се потребни секојдневно и од нив материјална полза нема целото семејството, но кај жените истите претставуваат вистинско освежување на самодовербата.
Штом мајката е задоволна од себе си, истото задоволство го пренесува на другите членови од семејството.
Постојат жени кои што се средени, кои што се истовремено мајки и изгледаат доволно добро како 20 годишни. Истите тие ги искористиле привилегиите денес кои што ги имаат жените, имаат прилики кои им овозможуваат да застанат на сопствени нозе и парите кои ги заработуваат, претставуваат средство за да си исполнат своја желба. Исто како што исполнуваат желба на своето чедо кога плаче пред излогот за новата кукла.
Знаат дека новата кукла ќе му изнуди насмевка и задоволство се дур не посака друга.

Затоа не е во ред кога ќе слушнам дека нечие неумеење, неспособност или немање желба се осудува. Не можеш да оцениш според готвењето дали една жена е способна мајка или сопруга и колку бракот и е добар.
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Не, ниеден дечко не бил суров со мене, оти кај мене тоа не може... И од што би можела да бидам исфрустрирана ?
Можеби од тоа што го гледам околу мене, како функционираат браковите...
не си свесна колку може да биде суров(нормално соодветно на твојот карактер хах)..ама ти неможиш тоа да го согледаш.Ако си финансикси добро поткована е до некаде оправдано,но ако се занесваш на оние јанг холувуд грлс тешко тебе.
Бракот функционира како единка,како си ти во состојба да судиш за туѓи проблеми?свестисе тамина
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Па зарем јас ќе барам дозвола за нешто од мојот маж ? Кој е тој да барам јас некаква дозвола... Не прашувам, не давам оправдувања, не се замарам... Кому му пасира ок, кој не патот му е прав...
РубинРед ти си? :raz:
 
H

HITCH

Гостин
Не, ниеден дечко не бил суров со мене, оти кај мене тоа не може... И од што би можела да бидам исфрустрирана ?
Можеби од тоа што го гледам околу мене, како функционираат браковите...
Девојко, не е темава за дечко, за МАЖ стои во насловот. Не знам дали се функционални или дисфункционални браковите кои ги познаваш, АМА мислам дека домашното воспитување кај тебе е под нула.

Ти имаш татко дома? Него за поткусурување го имате или си го чувате дека си го сакате? Мајка ти кога се земала со татко ти некој и го тупнал или сама си го одбрала? Кој те чувал тебе во животот? Според ова што си го напишала, тебе те родиле и те фрлиле у оган сама да се храниш, да растеш, да се школуваш...

Точно е дека никој не може да ми наметне брачен партнер, БАШ затоа ќе си го чувам, а и тој ќе ме чува мене, оти си се сакаме, од љубов сме се земале. Никој не ти зборува да бидеш со некој што го не сакаш. За да скиташ ваму таму и да се курваш не ти треба маж, седи си немажена и барај некој кој ќе може да те задоволи, не мислам вулгарно, мислам духовно, секако доколку знаеш што е духовно задоволување.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom