Што е модерна жена???
Јас се извинувам, имам 27 години, не сум мажена, ама не се сметам за модерна жена!
Јас си сакам гравче во петок, сеедно дали е чорба или е тавче, или ќебапи со кромид, со повеќе лук и многу магдонос, сакам салатичка со јадењето, не пијам ракија, ама винце чашка може да си пивнам... Сакам јас кога ќе си зготвам, а не се бунам и некој друг ако зготви. Сакам да си излезам сама, ама сакам да си излезам и со љубовта. Јас сум дете од многу постари родители, нешто што го сметам за огромна предност. Во мојов живот, кај нас дома, кога ручаме или кога сме си заедно правиме сериозни муабети или се шалиме на наша сметка, не збориме за роднини, пријатели, комшии... Жените во мојата фамилија живееле со свекор и со свекрва и ми кажале, а и сум видела, дека живееле исто убаво како со своите родители. Мајка ми вели: едното мора да биде туѓо, дали дома син ќе ти дојде или ќерка (мисли на зет или снаа), едното не си го родил, АМА ќе си го сакаш како да е твое, оти твоето си го сака и си го одбрало. Јас не сум мажена, ама и не се плашам од бракот. Јас имам други реални стравови. Јас се плашам за моите деца, се плашам дали правилно ќе ги воспитам и дали ќе ги изнесам на вистинскиот пат. Знам дека тоа се стравови на секој родител. На форумов секој ден низ темиве читам вакви - такви постови кои, најискрено, ме преплашуваат. Денешнава младина наместо да прочита книга, да изгледа филм, да слуша квалитетна музика, да прошета надвор, со еден збор наместо да се социјализира, таа се затвара. Намесо филмови ја гледаат Џеврие и компанијата, наместо филм и музика играат игрици или слушаат турбо фолк, наместо да ги размрдаат коските дремат на фб... Не сакам моите деца да бидат такви!!! Велат, крушата под круша паѓа! Дај Боже! Му се молам на Господ само со децата да не ја заебам, оти што ќе ми живот, ако со децата сум ја утнала.
А за свекрвите и свекорите, односно за бабите и дедовците јас ич не се плашам. Како што ја ЈАС имам мајка и татко, кои си ги сакам и почитувам, така и мојот партнер има мајка и татко кои си ги сака и си ги почитува. Сите ќе се почитуваат заради младите, кои си се сакаат.
П.С. Се додека ја гледате Џеврие и кажувате дека ќе се омажите за ваков, таков, онаков - ништо нема да направите во животот! Животот не е од гледање турски или шпански серии, тоа е залудно потрошено време. Во животот нема кој повеќе направил, кој помалку направил. Во бракот не гледаш да ќариш и да си го заебеш партнерот, треба да гледаш на двајцата да ви биде убаво.