Малку

ftopic:, но...
Имам зборувано (т.е. горено) со неколку Грци и имам дознаено дека да се биде Грк не значи јазик, култура, историја, потекло...
Да се биде Грк значи припадност на сè што е Грчко.
Па, истиот пристап го имаме и ние:
да се биде Македонец значи да се има припадност на сè што е Македонско. Значи, некој може да има Бугарско потекло, некој Српско, некој Грчко, некој Влашко, некој Турско... Но секој има право да се чувствува Македонец, ако ги почитува и ги цени Македонските вредности, главно јазикот и фолклорот.
Е сега, проблемот е што Македонските вредности не се доволно познати и доволно развиени, па секој ќе сака да ги присвои за свои и да им даде свој печат. Значи, сите Македонци треба да се борат за промоција на Македонија насекаде во светот. На секој начин и постојано.
Значи, Македонци, никој не ви ја негира нацијата,
ако ја имате изградено на толку високо ниво да не може некој друг да ви ја превземе. И во сиве овие моменти, не сметајте дека Македонството ви е загарантирано:
се борите и ја градите својата Македонска нација со секој ден од своето живеење и работење. Во ниту еден момент не смее човек да се опушти, посебно не ако е Македонец, зашто сите сакаат Македонија да ја претстават како нешто што не е, а што ќе им одговара на другите.
Наша работа е да ја изградиме нашата Македонска нација доволно силна, за да може да опстојува со векови во иднината. За да може да стане значаен фактор во светот. За да може човек насекаде да каже дека е Македонец и да се гордее со тоа.